Author: Ана Василевска

Стартува евтината дневна тарифа на струјата во периодот од 13 до 15 часот. Со воведување на дневната евтина тарифа, домаќинствата со сетирани броила ќе имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во недела. Проценките се дека едно семејство со просечна потрошувачка на струја на овој начин ќе може да заштеди околу 1.000 денари месечно. Од друга страна преку програмата за енергетска помош, преку владиниот деветти пакет антикризни мерки предвидени се 1 милион евра за финансиска поддршка на над 5.000 семејства. Предвидени се 1,1 милиони евра за…

Read More

Претседателот на државата Стево Пендаровски, кој учествува на дводневната Конференција на Обединетите нации за климатски промени – COP28, што се одржува во Обединетите Арапски Емирати, денеска ќе се обрати на Сегментот на високо ниво за шефовите на држави или влади. Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, предвидено е тој да оствари повеќе билатерални средби за време на учеството на Конференцијата на Обединетите нации за климатските промени – COP28.

Read More

ЕМИЛИЈА  ЦЕЛАКОСКА Треба да се запамти дека со негласање не се одзема столче ни на партиите, ни на инфилтрираните регулаторни киднапери во нив, туку – напротив, негласањето им остава комоција да си се распределуваат повеќе по своја желба и да остваруваат свои егоистични цели со манипулирање на државните институции. По правилата на новиов гужван век, да сокриеш тајна е најдобро ако им ја тутнеш на сите да им маршира пред нос, но сепак да е невидлива. Не се работи за мимикрија, туку многу специјален психолошки принцип на емотивно затапување со преплавување на „животната околина“ со ниски емоции. Практично, со негација…

Read More

Новинарот Сеад Ризвановиќ коментирајќи ги критиките околу организацијата на Самитот на ОБСЕ што се одржува во Скопје, вели дека „секоја нормална држава во светот би платила десет пати повеќе од актуелната цена и дека ова е како да платите милијарда долари за реклама и да ја пуштите во цел свет“. „Секоја нормална држава во светот би платила десет пати повеќе од актуелната цена за самитот на ОБСЕ во Скопје, за во ваков момент да организира ваков мега настан на светско ниво. Ова ви е како да платите милијарда долари за реклама и да ја пуштите во цел свет“, објави на Фејсбук новинарот…

Read More

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху изјави дека на денешната средба во Ерусалим со американскиот државен секретар Ентони Блинкен истакнал дека ќе продолжи војната против Хамас. Средбата Нетанјаху – Блинкен се одржа неколку часа откако Хамас презеде одговорност за денешниот напад во Ерусалим, при што загинаа тројца Израелци. – Ова е истиот Хамас. Тоа е истиот Хамас што го изврши ужасниот масакр на 7 октомври, истиот Хамас што се обидува да не убие насекаде, му рекол Нетанјаху на Блинкен. Нетанјаху наведува дека на Блинкен му кажал и дека Израел и тој се заколнале оти ќе го уништат Хамас. – Ништо нема…

Read More

Нови вработувања, зголемување на платите,  дополнителни средства, подобрување на состојбата во јавното здравство, побараа, меѓу другото, лекарите во грчките болници за време на денешниот протест во Атина, во рамките на нивниот 48-часовен штрајк, јави дописничката на МИА од Атина. Лекарите организирани од нивниот Синдикат одржаа собир пред Министерството за здравство каде што говореа за нивните барања, а потоа следеше протестен марш низ улиците во Атина до грчкиот Парламент. Упатија пораки дека нема да се откажат од нивните барања, а за попладево е закажана средба на претставници на синдикатот со министерот за здравство на Грција. Протестот заврши мирно и беше во…

Read More

Соработката во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) мора дополнително да се зајакне иако Русија постави огромни пречки на патот на работата на ОБСЕ во последните година и пол, порача германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во своето обраќање на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје. Бербок, исто така, порача дека нема да ја дозволат играта на Русија да ги уништи организациите кои се потпираат на мирен соживот и соработка. – Како ниедна друга организација, ОБСЕ се залага за безбедност на повеќе од 1,3 милијарди луѓе, што значи дека тие сакаат да живеат заедно во мир…

Read More

Лавров го злоупотреби и го пречекори времето коие му беше дадено за да се обрати на Самитот, спроведувајќи ја својата агенда полна со дезинформации и руска пропаганда, без да води сметка за причината поради која му беше овозможено да присуствува во земја членка на НАТО. Рускиот министер, очигледно исфрустриран поради тоа што неговото обраќање беше бојкотиран од дел од делегациите, кои станаа и ја напуштија конференциската сала веднаш откако претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, го најави обраќањето на шефот на руската дипломатија, како и од.критиките кои беа  упатени кон него од останатите делегации на Самитот, се оглуши на барањата на…

Read More

Потребно е да упатиме сериозна критика за секој кој има намера да го блокира функционирањето на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, затоа што тоа би било директна закана кон нејзините основни вредности и заложби, но и кон животите на милиони луѓе кои се обидуваат да ги уживаат основните човекови права, потенцираше денеска помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија Џејмс О’Брајан. Тој во своето обраќање за време на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје посочи дека ОБСЕ го покажува патот на владите кои работат на промовирање на човековите права и основните човекови вредности. -Нашето присуство…

Read More

Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ изјави дека 95 отсто од мигрантите доаѓаат во Србија од правец на Бугарија и Северна Македонија, така што дополнително ќе се зајакне ангажманот на полицијата на границата кон овие држави, како и дека наскоро ќе се формира штаб во Прешево, јави дописникот на МИА од Белград. Гашиќ при посетата на Министерството за внатрешни работи (МВР) во Регионалниот центар на граничната полиција кон Бугарија, соопшти дека полицијата преку упорни акции на теренот прави се за да се сузбие нерегуларната миграција и да се уапсат шверцерите со луѓе. -Припадниците на МВР на сериозен начин ја штитат…

Read More

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска остварила средба со директорката на Меѓународната фондација „Форум на словенските култури“, Андреа Рихтер, која е и претседател на Европската музејска академија, на која биле истакнати улогата, значењето и активностите на Форумот чија цел е поврзување и претставување на културата на словенските народи во светот. Според Костадиновска-Стојчевска, музејската дејност, како една од севкупните области на дејствување во културата, е од особено значење за афирмацијата и промоцијата на култура и културното наследство, за едукација на граѓаните, а особено на младите за културните богатства и особености на словенските народи. Како што информираат од Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска…

Read More

Од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ) денеска соопштија дека најавената лидерска средба на премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски со сите претседатели на парламентарните политички партии ќе се одржи в понеделник во 12 часот. -Жалиме што ќе мора да му ја пореметиме агендата на Христијан Мицкоски, кој очигледно, како што потврдува неговата ДПМНЕ работи само два часа во текот на денот, од 09-11 часот. Средбата во понедленик, 4-ти декември 2023 година ќе биде во 12.00 часот, наведоа во соопштение од СДСМ. Нивното соопштение следува откако денеска од ВМРО-ДПМНЕ брифираа дека од медиумите дознале оти Ковачевски закажува лидерска за в…

Read More