Author: Ана Василевска

Безбедносните прашања, пред се случувањата на Блискиот Исток и Украина ќе бидат главни теми на дводневната средба на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг пред почетокот на состанокот, додавајќи дека покрај за овие прашања ќе стане збор и за глобалните предизвици на Пактот, првенствено поврзани со Кина, членството на Шведска, како и состојбите на Западниот Балкан. – Неодамна се вртаив од посета на регионот на Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Северна Македонија и се сретнав со лидерите од регионот. Тоа што го гледаме таму е дека тензиите се зголемуваат,…

Read More

Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека патот на Албанија кон ЕУ не треба да биде блокиран од билатералните прашања со Грција. Официјален Берлин го нарече неприфатливо блокирањето на патот на Албанија кон членство во ЕУ од страна на Грција поради случајот со Фреди Белери, уапсениот избран градоначалник на Химара, кој е етнички Грк, објави порталот Шќиптарија. „Албанија е земјата која направи најмногу чекори кон членството во ЕУ и овојпат тоа не треба да се прекинува поради прашање на билатерални односи, (како што е прашањето) на Белери“, се вели во соопштението на германското Министерство за надворешни работи за грчкиот весник…

Read More

Албанија денеска ја слави 111-годишнината од прогласувањето на независноста. Тирана и целата земја ќе бидат во голема прослава на 28 и 29 ноември, два важни датуми за Албанија: Денот на независноста и ослободувањето на Албанија. Во Косово, претседателката Вјоса Османи, му оддаде почит на гробот на легендарниот командант Адем Јашари во Преказ – Скендерај по повод 28 ноември, денот на знамето, годишнината од првото јавно појавување на ОВК и роденден на легендарниот командант. Ова се дел од содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес. АЛБАНИЈА РТШ: На  28 ноември Албанија…

Read More

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска го повтори својот повик за долгорочен прекин на огнот и ослободување на сите заложници кои ги држат палестинските екстремисти во Газа. Во изјавата објавена пред Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ, Гутереш оцени дека Палестинците страдаат во „едно од најтемните поглавја“ во својата историја. Гутереш повторно ги осуди нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври, кои ја предизвикаа петтата и најсмртоносна војна во Газа, но додаде дека „тоа не може да го оправда колективното казнување на палестинскиот народ“. Тој повика на „долгорочен хуманитарен прекин на огнот, неограничен пристап до помош, ослободување…

Read More

Бугарија дозволи прелет на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на пат кон Северна Македонија, каде што ќе учествува на самитот на ОБСЕ, соопштија синоќа бугарското МНР и руската амбасада во Софија. – Врз основа на добиено барање од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, во својство на претседавач на ОБСЕ за 2023 година и организатор на 30-тиот состанок на  Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје на 29 ноември – 1 декември 2023 година, за обезбедување дозвола за прелетување на делегациите за учество на претстојниот Совет на министри на ОБСЕ, МНР на Република Бугарија даде…

Read More

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг очекува Турција и Унгарија да го ратификуваат членството на Шведска во Алијансата без натамошно одложување, изјави шефот на воениот сојуз во интервју за унгарската веб-страница index.hu. Генералниот секретар на НАТО не прогнозира кога точно ќе се случи ратификацијата, но рече дека унгарската влада неколку пати потврдила дека нема да биде последната членка на алијансата што ќе го ратификува членството на Шведска. Столтенберг очекува Унгарија да ја исполни својата обврска. Шведска и Финска поднесоа барање за влез во НАТО во мај минатата година по руската инвазија на Украина. Во тоа време, турскиот претседател Реџеп Тајип…

Read More

Министрите за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) на состанокот во Скопје неделава се очекува да потпишат договор за избирање на Малта како следен претседавач со организацијата со седиште во Виена. Бриселскиот портал „Политико“ во анализата „Средба на НАТО во услови на колеблива поддршката за Украина“, посочува дека веста за прелиминарниот договор за избор на нов претседавач – што е клучно за одржување на организацијата во функција – првпат беше објавена од Security and Human Rights Monitor. Но, наведува, планот се соочува со критики во Балтикот и Украина, кои сметаат дека компромисот е победа за Кремљ. Русија…

Read More

Пишува: ЉУБИША АРСИЌ Од изнесените податоци на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација забележително е дека најчести основи за дискриминација во областа на јавно информирање и медиуми се сексуалната ориентација, која ја има во 37 случаи од вкупните 58 во кои комисијата утврдила дискриминација, потоа дискриминацијата врз родов идентитет, кој е утврден во 30 случаи, како и припадноста на маргинализирана група, основа која е утврдена од страна на комисијата во 21 случај од вкупните 58 случаи со утврдена дискриминација.  Јавното информирање и медиумите се меѓу областите за кои се поднесуваат често претставки за утврдување дискриминација пред Комисијата за спречување…

Read More

Владата на Словенија одлучи да ги врати парите на граѓаните и да ги укине казните изречени за прекршување на правилата за време на локдаунот поради коронавирусот. Еден од примерите и симболите на суровиот начин на кој властите воведоа рестрикции за коронавирусот е доставувач од Љубљана кој е казнет со 400 евра. Во работното време седнал на скалите пред црквата да се одмори и да јаде бурек. Тогаш полицијата му пришла и го казнила затоа што ја извадил маската. Сега тој доставувач ќе си ги врати парите и ќе биде исчистено неговото полициско досие. Истото важи и за повеќе од 60.000…

Read More

Советот на Амбасадори денеска соопшти дека високо ги цени активностите на Владата, МНР, МВР и останатите државни институции, кои што преземаат сѐ со цел успешно одржување на 30-тиот Министерски состанок на ОБСЕ што ќе се одржи во Скопје на 30 ноември и 1 декември 2023 година. -Улогата и значењето на ОБСЕ е особено истакната во контекст на напрегнатата геополитичка состојба на безбедносен план, предизвикана од воените дејствија во Украина и Израел, и ризикот од нивно прелевање во други држави или региони. Оттука, ОБСЕ и сите членки на организацијата, а особено претседавачот и државата што ќе го наследи, мораат да вложат…

Read More

Откако неколку медиуми, меѓу кои и Фронтлајн, ја разобличија лажната вест на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, кој признава дека пласирал лажна вест, тој наместо да и се извини на јавноста продолжува со клевети и неоснован говор на oмраза. „Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки продолжува со ширењето на лажни вести обидувајќи се да освои ситни политички поени. Последниот негов обид е слика од концерт на Лепа Брена и Драгана Мирковиќ од Софија да ја претстави како салата Борис Трајковски во Скопје. Поставените столчиња и маси за концертот тој се обиде да ги претстави како уредувањето на салата Борис Трајковски, каде идната недела…

Read More

Собранието на Македонската академија на науките и уметностите, на денешната седница го избра новиот состав на Претседателството на МАНУ за мандатниот период 2024 – 2027 година, што ќе го предводи академик Живко Попов. Мандатот на досегашното Претседателство и на претседателот Љупчо Коцарев завршува на 31 декември годинава. Членови на новиот состав на Претседателството се: акад. Живко Попов – претседател, акад. Алајдин Абази – потпретседател, акад. Витомир Митевски – потпретседател, доп. член Блажо Боев – секретар, акад. Ѓорги Поп-Атанасов – секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука, акад. Владо Камбовски – секретар на Одделението за општествени науки, акад. Нада Поп-Јорданова…

Read More