Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи за „Политико“: Со договорот Малта да го преземе претседавањето победи демократскиот свет, ОБСЕ е безбедно

0
By Ана Василевска on November 28, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Бујар Османи
Бујар Османи
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 28, 2023 10:52

Министрите за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) на состанокот во Скопје неделава се очекува да потпишат договор за избирање на Малта како следен претседавач со организацијата со седиште во Виена.

Бриселскиот портал „Политико“ во анализата „Средба на НАТО во услови на колеблива поддршката за Украина“, посочува дека веста за прелиминарниот договор за избор на нов претседавач – што е клучно за одржување на организацијата во функција – првпат беше објавена од Security and Human Rights Monitor. Но, наведува, планот се соочува со критики во Балтикот и Украина, кои сметаат дека компромисот е победа за Кремљ. Русија ја блокираше кандидатурата на Естонија за улогата, што се закануваше со колапс на организацијата, се наведува во текстот.

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, кој како актуелен претседавач со ОБСЕ посредуваше во договорот, на пат кон денешната средба на НАТО, во разговор со новинарот на „Политико“ за случувањата посочува дека не смета дека компромисот е победа за Русија. Потсетува и на неговата изјава дека ги испробал сите можни решенија и првично целосно ја поддржал Естонија – но на крајот морал да најде компромисен кандидат.

-Мислам дека Русија не беше толку задоволна од работата на ОБСЕ, рече тој, на прашањето дали загубата на Естонија беше руска победа.

Според него, одржувајќи го ОБСЕ „во живот, функционално… ќе имаме инструмент“.

-Победивме, демократскиот свет, оние кои го следат меѓународниот поредок заснован на правила. И со овој договор организацијата, можам да кажам, е безбедна, вели шефот на дипломатијата и претседавач со ОБСЕ Османи.

Организацијата се соочи со критики во Брисел дека ја надживеала својата цел и не успеала да ја спречи војната во Украина, но, се посочува во анализата, неколку официјални претставници, вклучително и Османи, инсистираа дека може да одигра клучна улога во следењето на каков било потенцијален прекин на огнот или мировен договор.

-Мислам дека ОБСЕ ќе биде тој што ќе влезе ако има мир во Украина, тврди тој.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Ентони Блинкен планираат да присуствуваат на состанокот в среда во Скопје, Северна Македонија – но не е предвидено да се сретнат, наведува „Политико“.

Османи го потврди присуството на Лавров на состанокот во Скопје кон крајот на оваа недела, додавајќи дека земјава ги дала сите потребни визи и дозволи за патување и сега е во преговори со Грција и Бугарија за правата на прелет. Османи ја коментира и изјавата од неименувани дипломати дека некои министри на ЕУ од Балтикот, како и министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, би можеле да одбијат да присуствуваат поради тоа.

-Сè уште работиме на тоа да ги донесеме сите во Скопје, рече Османи, додавајќи дека ќе продолжи да се залага за тоа денеска на состанокот на НАТО.

На прашањето кој ќе се сретне со Лавров, со оглед дека шефот на руската дипломатија тврдеше дека некои западни земји побарале да се сретнат со него додека бил во Скопје, Османи одби да го открие дневниот ред, наведува „Политико“.

Министрите за надворешни работи на 57 земји членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) се очекува да се состанат подоцна оваа недела за да потпишат договор за избор на Малта како следен претседавач со организацијата со седиште во Виена. 

Бујар Османи ОБСЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.