Author: Ана Василевска

Креираме политики кои се системски и трајни и што е најважно создаваме услови за активно вклучување на лицата со попреченост во општеството, со што спречуваме каква било дискриминација, а од друга страна ги зајакнуваме сите форми на социјална солидарност, истакна претседателот на Владата Димитар Ковачески по посетата на Центарот за дневен престој „ЕДУ практика“ во Струмица. Како што посочи премиерот, децата, кои го користат овој дневен центар, имаат можност за разни активности, а овде се обезбедени и услуги за деца кои имаат потреба од индивидуален третман. – Овој центар е уште еден сервис на граѓаните, а Владата тоа и го…

Read More

Катар, Египет, САД, Европската унија и Шпанија работат на продолжување на привремениот прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа. Ова денеска во Барселона го изјави министерот за надворешни работи на палестинската управа Ријад Ал Малики. Денеска е последниот ден од договорената четиридневна пауза во борбите. Откако повика на траен прекин на огнот за да се избегнат цивилни жртви, Ал Малики рече дека примирјето може да се продолжи за „ден, два, три“, но дека никој не знае колку. Ал Малики денеска во Барселона учествува на конференцијата на Унијата за Медитеранот, чиј домаќин е шпанскиот министер за надворешни работи…

Read More

ТОНИ  ПОПОВСКИ Фокусирани на нашето собраниско дрво, ние, нашите политичари и медиумите, пропуштивме минатата седмица да го упатиме и задржиме погледот кон европската шума во која има историски значајна динамика. Поврзано со надворешната, безбедносна и одбранбена политика на ЕУ, Европскиот Парламент повикува, одлуките за санкции, привремени чекори во процесот на проширување и други надворешнополитички одлуки да бидат донесувани со квалификувано мнозинство. Фокусирани на нашето собраниско дрво, ние, нашите политичари и медиумите, пропуштивме минатата седмица да го упатиме и задржиме погледот кон европската шума во која има историски значајна динамика. Проследена со жестока дебата, Резолуцијата за измена на Договорите за ЕУ…

Read More

Фондот за хуманитарни права во Косово, кој се занимава со документирање на прекршувањата на човековите права за време на војната, досега успеал да документира над 13.500 граѓани убиени и исчезнати од војната на Косово во 1998-1999 година. Косовската полиција соопшти дека на полноќ се случила експлозија во северна Митровица, и дека работи на случајот. Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес. КОСОВО Зери: Досега во Косово има документирано 13.535 убиени и исчезнати лица Фондот за хуманитарни права во Косово, кој се занимава со документирање на прекршувањата…

Read More

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи очекува набргу пред Владата да има предлог од работната група што треба да понуди решение за евентуално намалување или интервенции на платите на функционерите, а чие зголемување за 78 проценти од март годинава предизвика протести и барање за зголемување на примањата во јавниот сектор. Одговарајќи на новинарско прашање Битиќи денеска порача дека е погрешно, како што рече,  очекувањето кое се креира дека со намалување на функционерските плати ќе се зголемат платите во јавниот сектор. Во однос на тоа кога би се намалиле платите на функционерите имајќи предвид дека дел од јавниот сектор штрајкува и…

Read More

Во Франција денеска почнува судскиот процес против шест тинејџери обвинети за убиството на професорот по историја Самуел Пати во 2020 година. Судењето се одвива зад затворени врати. Пати ги разбесни родителите на муслиманските ученици кога на час за слобода на изразувањето им покажа карикатура на пророкот Мухамед. Во исламот, прикажувањето на пророкот Мухамед се смета за богохулење. Еден од шесте тинејџери е 15-годишно девојче кое наводно им кажало на своите родители дека профгесорот на час покажувала карикатури од Мухамед. Неа и се суди за лажно обвинение, бидејќи било утврдено дека не била на час кога тоа се случило. Пати беше…

Read More

Агенцијата за управување со одземен имот денеска од 9 до 12 часот извршува продажба на дел од одземениот недвижен имот на Сашо Мијалков конфискуван во предметот „Империја“. Имотот ќе се продава по пат на електронско јавно наддавање. – Право на учество на јавното наддавање по електронски пат имаат сите физички и правни лица, освен осуденото лице од кого е конфискувана недвижноста, вработените лица во Агенцијата за управување со одземен имот, како и друго лице кое службено учествувало во постапката за продажба, гласи еден од условите во огласот објавен од страна на Агенцијата за управување со одземен имот. Агенцијата за управување…

Read More

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Бугарите негoдуваат бидејќи Србија е популарна од нив во Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ гостувајќи на ТВ Пинк говорејќи за односите во регионот изјави дека мисли „оти односите со Црна Гора се нешто подобри од порано, со Унгарија и Северна Македонија најдобри во историјата и дека Бугарите ни замеруваат затоа што сме попопуларни од нив во Северна Македонија“. -Со Албанија имаме пристојни односи колку што е можно. (Премиерот Еди) Рама не беше на неодамнешниот саем за вино, но беа албански претставници и некои од нивните вина добија награди. Нивните сорти…

Read More

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Левица во стартот беше резултат на изборниот инженеринг на Груевски – пред помалку од една деценија – да ја кусури тогашната левата опозиција. Сега се чини одново се случува експремиеровата јасна намера да се потпира на оваа партија, во судир со своите опоненти во земјава. Наместо да формира своја партија, за што постоеше најава, тој сака да ги искористи своите пулени и да го казни Мицковски со потпирање на постојната политичка инфраструктура. Врските на Левица со кметицата на Скопје засега се откриваат преку отворените врати на порталот Инфомакс, додека промената на вордингот на шефот на ВМРО-ДПМНЕ кон Левица…

Read More

Паневропскиот филмски фонд „Еуримаж“ за време на 170-та сесија која е последна оваа година, го поддржа филмскиот проект на режисерката Дина Дума „Скејтбордингот не е за девојчиња“ со износ од 350.000 евра. -Оваа година македонската кинематографија финансиски е поддржана и на последната 170-та сесија. Третиот македонски проект кој годинава доби средства е „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума. Ова е копродукција меѓу македонскиот продуцент „Сестри и брат Митевски“, „Ентре Чиен Луп Сцрл“ од Белгија и „Вертиго / Терминал 3“ од Словенија, изјави нашиот национален претставник во Еуримаж, Тања Ќурчинска Пепељугоска. Таа додаде и дека бројот на…

Read More

Унгарскиот министер за внатрешни работи Шандор Пинтер денеска ги пречекува своите колеги од Германија, Унгарија, Австрија, Чешката Република, Словачка и Полска за да разговараат за напорите за борба против операциите за криумчарење луѓе и нерегуларната миграција, јави ДПА. Многу од владите привремено воспоставија статични и мобилни контролни пунктови долж нивните граници за да ги спречат шверцерите на луѓе да носат мигранти во Централна и Западна Европа преку рутите низ Балканот. Оние граници во Шенген зоната обично немаат проверки на пасоши или на документи, наведува германската агенција. Разговорите денеска треба да се одржат во јужниот унгарски град Сегед, во близина на…

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Прстот секогаш е вперен во државата, институциите и политичките класи. Ретко (да не речам никогаш) се упатува критички поглед на оние што носат огромна, веројатно пресудна, одговорност во обликувањето на општеството – интелектуалците, медиумите и граѓанското општество. Кога велам граѓанско општество, мислам на најширокото значење на тој израз – здруженија, фондации, хуманитарни организации, политички партии итн. Да, да, и политички партии. Длабоко во општеството тлеат сериозни прашања за минатото, сегашноста и иднината. Со децении, интелектуалците, медиумите и граѓанското општество се занимаваат само со површината. Општеството се гуши, но општествените чинители се занимаваат со црвенилото во грлото и не…

Read More