Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Креираме решенија за трајни реформи во системот за социјална и детска заштита

0
By Ана Василевска on November 27, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 27, 2023 16:08

Креираме политики кои се системски и трајни и што е најважно создаваме услови за активно вклучување на лицата со попреченост во општеството, со што спречуваме каква било дискриминација, а од друга страна ги зајакнуваме сите форми на социјална солидарност, истакна претседателот на Владата Димитар Ковачески по посетата на Центарот за дневен престој „ЕДУ практика“ во Струмица.

Како што посочи премиерот, децата, кои го користат овој дневен центар, имаат можност за разни активности, а овде се обезбедени и услуги за деца кои имаат потреба од индивидуален третман.

– Овој центар е уште еден сервис на граѓаните, а Владата тоа и го овозможува преку бројните реформи во системот за социјална и детска заштита кои ги спроведуваме од 2017 година наваму. Овие центри се поддршка на можностите на секое дете за соодветна инклузија. Децата со попреченост услугите од ваквите центри може бесплатно да ги користат до својата 14 година. Со користењето на овие услуги во заедницата децата ќе може да ги надоградуваат своите функционални капацитети, а исто така овозможуваме нивните родители или старатели да можат да работат, наместо да седат дома и да треба да ги чуваат да се грижат за децата, рече Ковачевски.

Додаде дека со ваквите процеси се поддржува и вработувањето на стручен и квалификуван кадар, а во Центарот за дневен престој „Еду практика“ – Струмица, во моментот има вработено вкупно 12 лица, од кои шест се стручен кадар, односно дефектолози, психолози, социјален работник и логопед, четири негувателки и две лица како помошен персонал.

– Оваа Влада направи длабински реформи на системот за социјална заштита во земјава, и слободно можам да кажам дека ги спроведуваме најреволуционерните зафати за промена на регулативата. Уште во 2017 година, го почнавме процесот на деинституционализација, државата вложи големи средства за отворање на нови мали групни домови. Со тоа овозможивме 24 часовна поддршка за лицата со попреченост, и можност да растат и да се развиваат во хумани услови. Донесовме нов Закон за социјална заштита на лицата со попреченост, со кој им овозможивме на овие наши граѓани да добиваат нови социјални услуги како поддршка за развојот во процесот на социјална инклузија во заедницата каде живеат, подвлече премиерот Ковачевски.

Тој посочи дека Владата креира системски решенија кои даваат резултати на долг рок и изграден е систем на социјална заштита што ќе одговори на предизвиците со кои се соочуваат најранливите категории на граѓани.

Во моментот во државата има 35 државни дневни центри и осум дневни центри како овој во Струмица во кои работат лиценцирани даватели на социјални услуги.

Заштита на децата Социјални установи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.