Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
– Десетици белгиски училишта во окрузите Брисел и Брабант денеска нема да отворат за ученици поради закана за бомба испратена доцна синоќа, соопшти образовната управа на Валонија-Брисел на својата веб-страница. Властите одлучија да останат затворени 27 училишта, „строго почитувајќи го принципот на претпазливост“. Во моментов се спроведува инспекциа од полиција. Дополнителни информации се очекуваат во текот на денешниот ден.
Во првото ослободување на заложниците на Хамас, држени во Газа, закажано за петок попладне по локално време, ќе бидат ослободени 13 жени и деца, според портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџид ал-Ансари. Ал-Ансари не можеше да даде детали за тоа кои се заложниците, ниту пак можеше да даде детали за рутата по која би можеле да поминат поради безбедносни причини. Сепак, многу од првите 50 заложници се очекува да излезат преку Египет, пренесува Си-Ен-Ен. Израелската влада соопшти дека нивните семејства и семејствата на заложниците кои нема да бидат ослободени биле известени. Ал Ансари откри и дека заложниците од исти…
Ви честитам на оваа значајна годишнина. Безмалку, Цивил е врсник со независноста на нашата држава. Како една од најдинамичните и највлијателни граѓански организации, Цивил, практично, учествуваше во сите важни процеси со кои градевме и градиме демократско општество, општество во кое мултикултурализмот и интеркултуралноста ги ставивме како врвни определби. Денес, Цивил се препознава како организација која целосно и агилно е посветена на афирмацијата на човековите права и слободи и за нивно почитување во потполност. Посебен акцент Цивил има на малите заедници и групи со што практично ги става во видното поле на општеството, никогаш да не бидат запостaвени. Јавноста ги памети…
ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА Вербата во медиумите како во институција, се базира токму на претпоставката за дисеминација на точност и интегритет и треба да си најдат начин како и двете да ги остваруваат истовремено, а не во име на точност на неструктурираните податочиња кои и така не формираат информација, да губат интегритет – заради „точен пренос“ на бајки од било која афилијација. Медиумите, како ретко кој, имаат алатки за конструкција на чувството за извесност и тоа не смее да биде лажното чувство за извесност афилирано кон ВМРО-ДПМНЕ – страната која не нуди никаква извесност, никаков план! Дефиницијата за конвергенција на низа со…
Владата денеска на седница разгледа и усвои Информација од Министерството за здравство за давање согласност за преземање обврски, за чие плаќање е потребно користење буџетски средства за набавка на комбинирана терапија со лекот Kaftrio и лекот Kalydeco, за пациентите со цистична фиброза во државава. Како што соопшти владината прес-служба, Владата дала согласност за преземање обврски во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот, за чие плаќање е потребно користење буџетски средства во 2024 и 2025 година на Министерството за здравство, за набавка на ваквата комбинирана терапија, во вкупна вредност од 854.549.942,40 денари. – Се работи за лек што e одобрен…
Состојбата на Блискиот Исток, како и мигрантското и бегалскиото прашање биле во фокусот на состанокот на Владиниот совет за национална безбедност на Грција, што денеска го одржа грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. -За време на состанокот беше информирано за состојбата на Блискиот Исток, управувањето со мигрантското-бегалското прашање, како и за напредокот во спроведувањето на програмата за цивилна заштита „Егис“, соопшти портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис.
Иницијативата „ПроГлас“ која ги повикува граѓаните да гласаат на изборите во Србија на 17 декември, до денеска добила потписи за поддршка од 143.713 лица, објавено е на веб-страницата на таа иницијатива, која ја покрена група јавни личности и интелектуалци, јави дописникот на МИА од Белгад. -Наше недвосмислено уверување е дека времето во кое живееме бара од сите одговорни и загрижени граѓани да се соочат со моментот, да донесат јасни одлуки и да бидат подготвени не само да бидат сведоци на неопходните промени, туку и да учествуваат во нив, пишува меѓу другото во „ПроГлас“. Иницијативата ја покренаа Љубомир Симовиќ, Владимир Костиќ,…
Честичките во воздухот предизвикаа околу 250.000 смртни случаи низ Европската унија во 2021 година, објави денеска Европската агенција за животна средина (ЕЕА), пренесе ДПА. Овие смртни случаи можеа да се избегнат доколку концентрациите на ситни честички беа во рамките на препораките на Светската здравствена организација (СЗО), соопшти ЕЕА при презентирањето на наодите на четвртиот форум за чист воздух во холандскиот град Ротердам. – Иако направивме големи чекори во текот на изминатите години за да го намалиме нивото на загаденост на воздухот, нашите најнови податоци и проценки покажуваат дека влијанието на загадувањето на воздухот врз нашето здравје и понатаму е превисоко,…
Цивил е за цивилизирано, цивилно и демократско општество. Така се поставија како редакција од самиот почеток и така делуваат во нашиот медиумски, интернет простор. Со своите содржини даваат прилог кон навременото и објективно известување, отворајќи, но и расветлувајќи деликатни прашања од нашиот општествено-политички контекст. Она што е иманентно за оваа организација, е борбата за човековите права, преку објавените стории и прилози, што е особено важно за евроинтегративниот правец по кој се движи Македонија. Така што, придонесот на Цивил е како на своевиден катализатор и поттикнувач на демократизацијата на општеството, преку јавно искажаниот збор кој треба да поттикне на проактивност од…
Оневозможувањето на располагање со имот за кој не може да се докаже дека е стекнат од законски извори, а во насока на превенирање кривични дела поврзани со организираниот криминал и корупција е целта на донесувањето на Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка за кој денеска во Клубот на пратеници се одржа јавна расправа. Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на настанот истакна дека донесувањето на едно вакво законско решение е неопходно во нашиот систем како дополнителен антикорупциски механизам. Бидејќи, како што појасни, праксата покажува дека поради постоечките празнини во легислативата недоволно се санкционира коруптивното и…
Намалување на рејтингот на СИРИЗА за 2,5 отсто во споредба со минатата анкета, пад на третата позиција зад ПАСОК, песимизам за иднината на партијата и разочарување од иницијативите на новиот лидер Стефанос Каселакис, покажуваат резултатите од новото истражување на јавното мислење во Грција спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Поголемиот дел од анкетата е посветен на случувањата во најголемата грчка опозициска партија, меѓутоа е спроведена пред заминувањето на втората фракција од СИРИЗА. Шест од десет анкетирани сметаат дека ситуацијата во партијата ќе биде „многу или малку полоша“ и „веројатно“ или „сигурно“ негативно…
Вработените од судската и јавнообвинителската служба, Фондот за здравство, како и од Канцеларијата на Народниот правобранител, во организација на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска излегоа на протест пред Собранието, од каде ги повикаа пратениците од сите политички партии, пред кои веќе е предлог буџетот за следната година, да ги поддржат во нивните барања за покачување на платите. Протестот, на кој поддршка дадоа повеќе административни службеници од повеќе синдикати, од пред Собранието, како што е најавено ќе продолжи пред Министерството за правда и ќе заврши пред Владата. Поддршка на протестот дадоа повеќе административни…