Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
По верзијата на српското Јавно обвинителство, дека оружјето употребено во нападот во Бањска, на северот на Косово, од Јавното обвинителство на Босна и Херцеговина соопштија дека го прифатиле барањето за взаемна помош од косовските власти. Обвинителството на Босна и Федералното одделение за полиција во Федерацијата Босна и Херцеговина ќе ги спроведат потребните активности за утврдување на сите расположливи детали за потеклото на запленетото оружје“. ЕУЛЕКС соопшти дека на 23 ноември на Косово пристигнале шест полициски советници кои ќе ги поддржат избраните институции за владеење на правото, известуваат косовските медиуми. Ова се дел од содржините од изборот што редакцијата на ЦИВИЛ…
Според податоците на ЕУРЕС, има околу 2.000 деца и млади кои ги загубиле своите мајки поради фемицид во Италија помеѓу 2009 и 2021 година. Во 80% од случаите, татко им ги убил нивните мајки – што значи дека тие млади луѓе ги изгубиле и двајцата родители. во еден единствен, трауматичен настан. Земјата го зголеми финансирањето на центрите против насилство и женските засолништа – но не се прави доволно во однос на превенцијата, велат активистите и експертите за Еуроњус. По бруталното убиство на Џулија Чекетин, 22-годишна студентка по инженерство за која се верува дека била убиена од нејзиното поранешно момче минатата…
Со текстот под наслов „Еден од светилниците на слободата“ од Мирослав Јовановиќ, извршен и медиа директор на Слободен печат, започна одбележувањето на 24-годишнината од основањето на ЦИВИЛ – Центар за слобода, граѓанска организација за човекови права, основана на 25 ноември 1999 година. И во текот на изминатите неколку години, за ЦИВИЛ говореа и пишуваа голем број истакнати личности, меѓу кои и претседателот и високите функционери на државата, политички лидери од власта и од опозицијата, водечки интелектуалци, новинари, експерти, аналитичари, уметници, активисти, дипломати, граѓанки и граѓани од сите заедници… И оваа година, истакнати личности од светот на политиката, медиумите, уметноста, академијата, граѓанското општество…
Во пограничното подрачје на јужен Либан изутринава има затишје откако стапи на сила договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа. Либанската национална новинска агенција јави дека „напнато затишје има на јужната граница“. Жител на областа Алма ал Шаб рече дека „има затишје“ и дека не слушнал „израелски авиони“, вклучително и извидувачки авиони кои претходно постојано летале над јужен Либан. На затишјето му претходеше интензивирање на проиранските напади на Хезболах врз израелската армија, која го гранатираше јужен Либан.
Северна Македонија влегува во финалето на Претседавањето со ОБСЕ во 2023 година. Покрај во изминатата година, земјата интензивно се подготвуваше за Претседавањето и во претходната година и пол, период во кој беа вложени големи напори да бидеме на висината на задачата. „За луѓето се работи“ беше мото и поттик за нашата работа во текот на Претседавањето со ОБСЕ, вели во видео пораката шефот на дипломатијата и претседавач со ОБСЕ Бујар Османи. -Се поставивме како Претседателство фокусирано на луѓето, затоа што во свет во превирања, потребите и барањата на луѓето секогаш се на прво место. Нивната безбедност секогаш треба да биде…
За него интеграцијата значеѓе да биде дел од процесите со моќ на делување. Теодор Богоевски, почина синоќа. Тој беше советник на претседателот на Владата за лица со попреченост и својата повеќегодишна заложба за креирање на стратегии и политики за општествено унапредување и интегрирање на лицата со попреченост го сублимираше во книгата „Политичка партиципација на лицата со попреченост“. Пријателите и соработниците денеска се збогуваат со зборувите дека ќе ја продолжат неговата работа како аманет. Еден од оние луѓе кои својот хендикеп го претворија во предизвик да се борат, како и што и самиот во нашето интервју рече „ Додека сите сакаа…
Советот на јавни обвинители на денешната 90. седница едногласно ја разреши поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Вилма Русковска од функцијата јавен обвинител. Заради заштита на угледот и интегритетот на јавните обвинители против кои се води постапката, јавноста беше исклучена од расправата по оваа точка, а гласањето беше јавно. Советот најпрво едногласно ја отфрли како неоснована жалбата на Русковска во врска со предлогот за нејзино разрешување, а потоа едногласно го усвои и предлогот на Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност за нејзино разрешување. Претседателката на Советот на ЈО Душица Димитриеска, по седницата во изјава за…
„Сите досегашни пријави кон АФРСМ се или „анонимни“ или се потпишани од страна на најплатениот режисер од буџетски пари, Милчо Манчевски. Не е тајна дека до ден денес ДКСК не отвори ниту еден предмет и анализа за тоа како се потрошени 950.000 евра народни пари и како и зошто се правени трансфери на неговите фирми во Њујорк, САД. “ „Ако веќе трета година по ред сме присутни како дел од официјалната селекција на престижната Венеција, ако Кан има интерес за нашите автори, ако нема речиси филм што не освоил награди по светските фестивали, тоа секако не инцидент или пак среќна…
Дали е на повидок разрешување за предметот за финансиското работење на „Банана филм“ кои се однесуваат на потрошени 950.000 евра, за кои не е доставен извештај, како и трансакции на „Банана филм“ кон фирми во Њујорк, САД? Дали институциите како Вишиот управен суд, вклучително и ДКСК ефикасно и законски ќе постапат до конечно расчистување на случајот со „Банана филм“? Во документот до кој дојде нашата редакција се наведува дека Вишиот управен суд постапувајќи по жалбата на АФРСМ го одби како неосновано барањето на тужителот – Друштво за филмска продукција „Банана филм“ од Скопје за определување на времена мерка со која…
Треба да може да се критикуваат постапките на Израел без обвинувања дека таквата критика значи омраза кон Евреите, изјави денеска во Европскиот парламент високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Жозеп Борел. По враќањето од петдневната мисија на Блискиот Исток, Борел зборуваше во Европскиот парламент во Стразбур за војната во Газа. Тој го осуди нападот на 7 октомври на Хамас врз јужен Израел, нарекувајќи го најголемиот масакр на Евреите од Втората светска војна, но ја осуди и „хуманитарната катастрофа“ што следеше во Појасот Газа. „Резултатот од (израелската) блокада (на Појасот Газа), која ја спречи испораката на основните материјали,…
Руската пропаганда во македонските медиуми добива на интензитет. Во дел од македонските медиуми, според сега веќе воспоставена динамика, синхронизирано, како по договор се пренесуваат наративи според упатствата на руските пропагандисти. Во последно време се објавуваат информации кои имаат за цел да ја минимизираат руската воена агресија врз Украина, се разбира поради очигледните неуспеси на „втората армија во светот“ на бојното поле, и, наместо тоа, да ја претстават Русија како просперитетна држава под водство на својот мудар и бестрашен лидер, „великиот“ Владимир Путин. Тоа, впрочем се и насоките на планерите на кампањата на Путин за неговиот петти мандат, да не се…
Амбасадата на Грција во Скопје, Канцеларија за јавна дипломатија, во соработка со Меѓународното друштво на пријатели на Никос Казанѕакис (ΔΕΦΝΚ) в петок организираат настан за животот и делото на Никос Казанѕакис на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. На настанот, кој е отворен за јавноста, ќе се обратат деканот на Филозофскиот факултет Ратко Дуев, грчката амбасадорка во земјава Софија Филипиду, претседателот на Меѓународното друштво на пријатели на Никос Казанѕакис (ΔΕΦΝΚ) Јоргос Стасинакиси и Шериф Лужа, раководител на друштвото ΔΕΦΝΚ во Северна Македонија. Според програмата, ќе има проекција на документарен филм за Музејот на Никос Казанѕакис кој…