Author: Ана Василевска

Договорот помеѓу Израел и Хамас за ослободување на заложниците и прекин на огнот е „важен чекор во вистинската насока, но останува уште многу работа“, изјави портпаролот на генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш. Тој додаде дека Гутереш „го поздравува договор меѓу Израел и Хамас, постигнат со посредство на Катар и поддржан од Египет и САД“. – ОН ќе го мобилизираат целиот свој капацитет за да го поддржат спроведувањето на договорот и да го максимизираат неговото позитивно влијание врз хуманитарната ситуација во Газа, посочи портпаролот на Гутереш. Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, исто така, го поздрави договорот,…

Read More

Заменик претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ, оствари средба со Мануел Сарацин, специјален претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, и Анжеј Франгеш специјалниот пратеник на Република Словенија за Западен Балкан, соопшти СЕП. Фокусот на средбата беше посветен на реализацијата на евроинтеграцијата на Северна Македонија, со споделување на искуства и мислења за користење на бенефитите за планот за раст, уставните измени, реформите и извесноста на европската перспектива на Западен Балкан. – Заедничката детерминираност на Северна Македонија и државите од Западен Балкан за влез во ЕУ како и постојаната силна поддршка од нашите партнери е гаранција за напорите кои ги…

Read More

Неопходно е да се зголеми бројот на силите на НАТО во Косово и да се гарантира границата помеѓу Косово и Србија, граница која е вон контрола и е во служба на илегални активности, шверцување оружје, наркотични средства и активности кои што во понатамошниот тек се вмешуваат во политичката активност, со ултранационалистичка позадина, а кои што предизвикуваат големи пореметувања, порача премиерот на Албанија, Еди Рама на прес-конференција во Скопје по неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот. Тој изрази жалење што, како што рече, без оглед на повторените обиди значително да се зголеми, не само вниманието, туку и бројот…

Read More

енералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Скопје пред почетокот на неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот, го поздрави договорот меѓу Израел и Хамас за ослободување заложници. -Го поздравувам договотот меѓу Хамас и Израел што треба да доведе до ослободување на заложниците и ќе овозможи доставување на хуманитарната помош, рече Столтенберг. Столтенберг, кој е во официјална посета на Скопје, ја посочи Северна Македонија како земја која е успешна во многу работи, вклучително, како што рече „и успешно мултиетничко општество, кое им демонстрира на регионот и на светот дека луѓе со различна позадина можат да живеат заедно…

Read More

Само два дена по официјалната промоција оштетен е муралот „Василичарска епопеја“ во Вевчани, проект на академските сликари Ангелина Спировска и Владо Муковски, а финансиран од Министерството за култура. Вандалскиот чин го осуди министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, според која, монументалното дело е израз на почит кон вевчанската традиција, историја и култура и треба да се вреднува како општо национално добро. – Неприфаќањето на уметничкото облагородување на јавен простор, што ја засилува убавината на Вевчани, не користи никому, а уште помалку да е предмет на поделби од каков било вид. Ова вредно и оригинално уметничко дело беше промовирано пред два…

Read More

Косовската влада побара од Советот на Европа, предлогот за укинување на визите за имателите на српски пасоши во Косово, да ги третира овие документи како незаконски, како што ја третира и останатата паралелна документација. Косовскиот премиер Албин Курти пред два дена изјави дека во Рашка се случила средба помеѓу Милан Радоичиќ и Српска листа, а ова го демантираше претседателот на партијата, Златан Елек. Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес. Во продолжение се темите од денешниот редакциски избор. КОСОВО Радио Косова е Лире: Владата на…

Read More

Започна неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот, на кој во поширок контекст тема ќе бидат безбедносните прашања и Западен Балкан, како и руската воена агресија против Украина и активностите во регионот. Домаќините, премиерот Димитар Ковачевски и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, ги пречекаа претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, и премиерите на Албанија и на Црна Гора, Еди Рама и Милојко Спајиќ. Во изјава за медиуми пред почетокот на состанокот, премиерот Димитар Ковачевски, истакна дека тоа што нашата држава е домаќин на овој состанок ја потврдува нашата улога како фактор на безбедност во регионот, меѓутоа и како…

Read More

OpenAI во вторникот соопшти дека постигнал договор Сем Алтман да се врати како извршен директор, само неколку дена по неговото сменување. Покрај враќањето на Алтман, компанијата начелно се согласи делумно да го реконституира одборот на директори што го разреши. Брет Тејлор, поранешен ко-извршен директор на Salesforce, и Лери Самерс, поранешен министер за финансии на САД, ќе му се придружат на извршниот директор на Quora и сегашен директор Адам Д’Анџело, соопшти OpenAI, пренесува Ројтерс. „Со нетрпение очекувам да се вратам во OpenAI“, рече Алтман во објава на X. Одборот даде неколку детали кои го објаснуваат отпуштањето на Алтман во петокот, освен неговиот недостаток на искреност…

Read More

Неговиот нов мандат започна бурно откако ја доби поддршката во парламентот на две каталонски сепаратистички партии во замена за контроверзниот предлог за амнестија за стотици луѓе во правни проблеми поради неуспешниот обид за отцепување на регионот на Каталонија во 2017 година. Жените ќе имаат 12 од 22 места во новата влада именувана во понеделник од неодамна реизбраниот социјалистички премиер на Шпанија Педро Санчез. „Новата влада ќе има изразен феминистички акцент со четири жени заменик-премиерки и повеќе министерки отколку министри“, рече Санчез. Кабинетот ќе вклучи девет нови министри, додека клучните места остануваат непроменети. Надија Калвињо го задржува портфолиото на економијата, Хозе…

Read More

На 22 ноември се навршуваат 115 години од Битолскиот конгрес одржан од 14 до 22 ноември во Битола, во 1908 година.  Иницијативата произлезе по  констатацијата дека обединувањето на азбуката е толку неопходно што, покрај образовниот и културниот проблем, стана и политички проблем за кој тогашното национално движење на Албанците бараше решение. Во пресрет на  Денот на Албанската азбука, во Битола вчера се одржа свеченото отворање на првата библиотека со книги на албански јазик, со иницијатива на студентката Емира Селими и бројни донации. На свеченото отворање присуствуваа и политички лидери на албанските партии во Северна Македонија, како и  претседателот на Албанија,…

Read More

Не можеме да продолжиме да ги разочаруваме народите, поставувајќи пречки. Ќе треба и Европската Унија со посилни средства да покаже политичка волја за интеграција на земјите од Западен Балкан во европското семејство, порача министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис говорејќи на седмиот Самит во Солун (Thessaloniki Summit), организиран од Асоцијацијата на грчките индустрии и Форумот Делфи, јави дописничката на МИА од Атина. Шефот на грчката дипломатија уште еднаш ја повтори поддршката на Грција за европската перспектива на земјите од регионот, истакна дека остануваат „лојални и посветени на принципите на Солунската декларација од 2003 година“, а интеграцијата на Западен…

Read More

Ние не гледаме некоја воена закана којашто би дошла веднаш од Русија против кој било сојузник на НАТО или регионот. Но секако остануваме претпазливи, одблизу набљудуваме што прави Русија и ќе останеме обединети, вели генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на заедничката прес-конференција во Скопје со неговиот домаќин, премиерот Димитар Ковачевски. – Ние имаме воено присуство во овој регион со КФОР, со ГШ во Сараево и со Канцелариите во Белград и подготвени сме брзо да се засилиме и да направиме се што треба за да го одбраниме секој сојузник од каква било закана. Но сепак не гледаме нешто што би…

Read More