Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оштетен муралот „Вевчанска епопеја“ во Вевчани два дена по промоцијата

0
By Ана Василевска on November 22, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 22, 2023 11:36

Само два дена по официјалната промоција оштетен е муралот „Василичарска епопеја“ во Вевчани, проект на академските сликари Ангелина Спировска и Владо Муковски, а финансиран од Министерството за култура.

Вандалскиот чин го осуди министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, според која, монументалното дело е израз на почит кон вевчанската традиција, историја и култура и треба да се вреднува како општо национално добро.

– Неприфаќањето на уметничкото облагородување на јавен простор, што ја засилува убавината на Вевчани, не користи никому, а уште помалку да е предмет на поделби од каков било вид. Ова вредно и оригинално уметничко дело беше промовирано пред два дена, и е приказ на целата церемонија и приказна на вевчанската вековна традиција, напиша министерката на Фејсбук.

Очекува осуда и од локалната власт и постапување на надлежните органи за откривање на сторителите кои го уништија делото, кое, како што нагласува, е активен придонес во збогатувањето на животот на Вевчани и на посетителите на општина Вевчани.

Осуда стигна и од василичарското друштво „Долна маала“, од каде посочуваат дека со такви чинови нема напредок, ниту соживот, со апел да престане уништувањето на угледот на Вевчани и вевчанската традиција.

Муралот „Вевчанска епопеја“ е инспириран од вековната традиција на Вевчанскиот карневал, а се протега на површина од 25 метри квадратни на објект во центарот во Вевчани. Го раскажува целиот Вевчански карневал, со целата традиција и симболи.

вандализам Вевчани мурали
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.