Author: Ана Василевска

Бројот на загинати цивили во Украина од почетокот на руската инвазија се искачи над 10 илјади, соопшти канцеларијата за човекови права на Обединетите нации. Огромното мнозинство на смртни случаи, според ОН, се предизвикани од експлозивно оружје со влијание на широк простор, како што се гранати, проектили и касетна муниција. Мисијата на ОН за човекови права, која има десетици набљудувачи во Украина очекува конечниот број на загинати да биде „значително поголем“. Работата за потврдување е во тек. Москва негира дека намерно цели цивили.

Read More

Зградата на Радио-телевизија Србија (РТС) во центарот на Белград денеска е евакуирана по дојава за поставена бомба, потврдија за агенцијата Бета од Министерството за внатрешни работи. Министерството соопшти дека дојавата за бомба била испратена преку електронска пошта, по што зградата била евакуирана, а во тек е проверка на објектот. Како што дознава агенцијата Бета од колегите од РТС, повеќе од половина од луѓето ја напуштиле зградата, а во заканувачкото писмо било наведено дека бомбата ќе експлодира во 18 часот. Според Здружението на новинари на Србија, од истата причина е евакуирана и зградата на Радио Белград. Непознато лице пријавило дека е…

Read More

По официјалниот пречек пред Владата, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, треба да има тет-а-тет средба со премиерот Димитар Ковачевски, по што ќе следува билатерална средба на двете делегации. Во составот на македонската делегација се министерката за одбрана Славјанка Петровска, шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и амбасадорот на Северна Македонија во НАТО, Дане Талески. Предвиденое е Ковачевски и Столтенберг по средбите да одржат заедничка прес-конференција. Столтенберг е во дводневна посета на Скопје во рамки на неговата турнеја во земјите од Западен Балкан. Генералниот секретар на НАТО попладнево ќе има билатерална средба со…

Read More

Нема да претстои период од година дена во кој ќе јадеме бурек, туку ние 32 години јадеме бурек. Ова се што се случува, ова вчера во Собранието.. па во побрутална варијанта имавме 27 април итн. Сето ова влијае во сопствените партии односно нивното гласачко тело. Тоа е израз на немоќ“ рече Љупчо Зиков во „Студио 10“ на ТВ24. Тој додаде дека веројатно внатрепартиските пресметки на Левица покажуваат дека нема да имаат доволен број на пратеници на следните избори. „Поразително е дека во Левица се зачленуваат многу млади луѓе. Информациите се дека нивните членови се од помладата публика. И кога ќе…

Read More

ЗОРАН ИВАНОВ Ова летањево хартии, неколкуте микрофони и еден, два преносни компјутери и архиварското администрирање со чевларски манири е некаква хормонална последица, покажување машкост, перчење со пратенички имунитет, само примитивен популистички маркетинг или што и да е, неважно е, важното е што предизборната реа почнува да задушува па само како некаква инфантилна палавост ќе се регистрира вчерашното вандалско дивеење во собранието на пратениците на Левица Крмов и Апасиев, а наспроти неодамнешните јавни закани на уредникот на телевизиската „Заспиј …“ Момироски кој, следејќи го вокабуларот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски дека ќе „апсел, судел и пресудувал“, му излета фрустрирачката закана дека…

Read More

Процесот на кој се заснова титулата Европска престолнина на културата, не е поврзан со реконструкцијата на Универзална сала, вели  министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Како што изјави денеска Костадиновска-Стојчевска, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Ѓорче Петров, откако Скопје ја доби титулата, на властите им било кажано дека за шест месеци ќе дојде првата контрола од Европска комисија за да види што е сработено. Од тоа, потоа, ќе зависи дали градот ќе ја оправда титулата или не. Според министерката, Универзална сала се уште е во надлежност на Град Скопје. Одлуката со која до завршување на реконструкцијата Универзална сала…

Read More

Преговарачите на Советот на ЕУ, претставени од шпанското претседателство со Унијата, и на Европскиот парламент доцна синоќа постигнаа политички договор за измени на законската регулатива за полициска соработка на блокот, во делот што би овозможил автоматска размена на податоци во справувањето со криминалот. По постигнувањето на договорот за содржината на законскиот текст, шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка Гомез истакна дека тој ќе овозможи зајакнување на борбата против криминалот, што претставува заеднички интерес и одговорност на земјите членки на ЕУ. – Договорот ќе ја зголеми безбедноста на европските граѓани, бидејќи полициите ќе може брзо да извршат пребарување за ДНК…

Read More

Нашата блокада во моментот има име и презиме, тоа е ВМРО-ДПМНЕ и пратениците на ова партија кои решија свесно, со политичка одлука, да ја блокираат својата држава во натамошниот тек на преговорите, рече денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Тој оцени дека засега нема изгледи да се донесат уставните измени, но владејачката коалиција не се откажува и ќе продолжи до последниот ден од мандатот на овој собраниски состав да разговара и да ги убедува колегите од ВМРО-ДПМНЕ да не ја блокираат државата и на дело да покажат дека навистина се за ЕУ. Според Маричиќ, од декемврискиот Самит на ЕУ…

Read More

Повеќе од 40.000 жени служат во украинската армија во нејзината борба против руските сили, се наведува во соопштението на украинското Министерство за одбрана, цитирано од ДПА. Жените сочинуваат нешто повеќе од пет отсто од вкупната сила на украинските вооружени сили. А околу 5.000 од нив се директно вклучени во борбени операции. Во извештајот на Министерството се наведува дека досега над 13.400 жени добиле статус на учесници во борбени операции. Соопштението откри дека 41 процент од женските припадници на војската имаат деца, а повеќе од 2.500 од нив се самохрани мајки. Во 2014 година, жените во украинската армија броеја нешто повеќе…

Read More

По завршување на продолжението на 131. седница и гласањето за новиот Деловник на Собранието синоќа во пленарната сала припадници на МВР извршиле увид на направената штета во инцидентот што го предизвикаа пратениците од Левица за време на амандманската расправа. Претседателот на Собранието Талат Џафери за МИА денеска изјави дека натаму постапката треба да ја води обвинителството, или по пријава од полицијата или по допрен глас од она што се гледа дека се случувало на седницата од која има директен пренос како на Собранискиот канал така и преку веб – страната на Парламентот. За тоа колкава материјална штета е направена дополнително…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски денеска попладне ќе го пречека генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој е во официјална посета на Република Северна Македонија, што е прва посета откако државата е полноправна членка на НАТО. Како што информираат утрово од владината прес – служба, според агендата генералниот секретар на НАТО Столтенберг, веднаш по церемонијата на пречекот ќе одржи тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатерална средба на двете делегации. Во составот на македонската делегација ќе бидат министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и амбасадорот на…

Read More

„Зошто ДКСК не започнува да процесуира ниту една претставка поврзана со Банана Филм, Сенка Филм и Милчо Манчевски иако претседателот на ДКСК јавно вети дека ќе се занимава со корупција во висина од 950.000 евра? Дали на тоа се должи оваа хајка против мене?“, вели Бојан Лазаревски.  За притисокот кој долго време се врши од страна на режисерот Милчо Манчевски кон институцијата Агенција за филм на РСМ, а во кој постојат основани сомневања дека ги користи своите лични контакти преку Транспаренси интернешнл како и ДКСК медиумите пишуваа пред неколку месеци. По повод невистините изјави на ДКСК, дека имало незаконитости во…

Read More