Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
ЦИВИЛ објави нова верзија со титлови на македонски од ексклузивното видео интервју со Ветон Сурои, едено од најистакнатите интелектуалци на Балканот, активен учесник во косовската политика, новинар, основач на влијателни медиуми и експерт со регионален и светски глас. Интервјуто е снимено на 15 ноемвски, во пресрет на Втората скопска дебата за Европа (17-19 ноември), каде што г. Сурои ќе зборува на дебатата на отворањето „Косово помеѓу геополитичкиот знак и конфликтната реалност“. Настанот е во организација на Дебати за Европа и Контрапункт, а е поддржан од Федералното Министерство за надворешни работи на Германија. Транскриптот и воведот во интервјуто со биографски податоци за г. Сурои, на македонски е на…
Во експлозија во универзитетска зграда во главниот град на Ерменија, Ереван, едно лице загина, а тројца се повредени, соопштија денеска локалните власти. Министерството за внатрешни работи соопшти дека експлозијата се случила во подрумот на зградата на одделот за хемија на Државниот универзитет во Ереван. Во соопштението се наведува дека едно лице починало, а три се примени во болница со изгореници и други повреди, од кои едното е во критична состојба. Сè уште е истражува причината за експлозијата.
Членот на ДИК, Оливер Ристовски ги демантираше пишувањата на медиумите, но и изјавите на претседателот на ДИК Александар Даштевски, дека доколку бидат одвоени изборите ќе чинат 30-40 проценти повеќе. Според Ристовски разликата нема да биде поголема од десет проценти. „Се провлекуваше во медиумите информацијата за некоја драстична разлика. Во глобала дали изборите ќе се одвоени или партиите ќе се договорат вториот круг на претседателските да бидат заедно со парламентарните, разликата е минимална, не повеќе од 10 отсто“ рече Ристовски во интервју за „Слободен печат“. Како што објасни Ристовски, најголемиот дел од буџетот определен за изборите оди на фиксните трошоци без…
Во Албанија, заврши процесот на Пописот на населението и становите 2023. ИНСТАТ соопштува дека продолжува со работа на теренска проверка на станбениот статус и одбивањата, процес кој ќе продолжи до 24 ноември. Група од 29 организации фокусирани на човековите права, се обратија до албанската влада во отворено писмо во кое бараат повлекување на Албанија од договорот со Италија за бегалците. Не е исклучена можноста политички субјект кој ќе произлезе од движењето „Самоопределување“ на Албин Курти, да влезе во изборната трка на претстојните парламентарни избори во Северна Македонија. Во породолжение се сите теми од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските…
Лондонскиот медиум „Тајмс“ излезе со оценка од пет ѕвездички и позитивна критика за двојниот албум на нашиот пијанист Симон Трпчески, кој повторно свири со романскиот диригент Кристијан Мачелару и Симфонискиот оркестар на Западногерманското радио од Келн, Германија. На албумот е изведбата на два концерта за пијано и оркестар од Јоханес Брамс. За албумот што деновиве го објави престижната британска етикета „Лин Рекордс“ , критичарот Џеф Браун пишува дека со него „класиката е блескаво освежена“ и подвлекува дека „Симон Трпчески може најпоетично да ги гали клавишите“: -Нивниот успех се должи на две поврзани состојки. Една од нив е леснотијата на дуото…
Петнаесет-метарскиот крст во манастирскиот комплекс „Свет Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка, Тетово, ги зовре политичките страсти меѓу Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) и Движењето БЕСА. Двете партии меѓусебно се обвинуваат дека петнаесет-метарскиот крст во Рекреативниот спортски центар „Попова Шапка“ бил поставен во координација со опозициската ВМРО-ДПМНЕ. – Дали поставувањето на овој крст е нешто претходно договорено меѓу Беса на Билал Касами и ВМРО-ДПМНЕ, услуга чувана во тајност од граѓаните за помошта што ВМРО ѝ ја понуди на Беса на локалните избори за општина Тетово? Не-реакцијата на општината и тенденцијата сето ова да помине во молк, доволно говори за договорот…
Два дена пред неговата посета на Германија, Ердоган го нарече Израел „терористичка држава“, обвинувајќи го Западот дека „отворено ги поддржува масакрите“ во Газа, за време на говорот пред турските пратеници. Германскиот канцелар денска ќе го пречека Реџеп Таип Ердоган во предизвикувачки период од нивните односи. Берлин и Анкара често се спаруваа во текот на годините. Но, избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас во октомври ги постави двајцата цврсто на спротивставените страни. Олаф Шолц го поддржа Израел, нудејќи и да и обезбеди на земјата воена поддршка. Ердоган, чија земја во голема мера ги поддржува Палестинците, го обвини Израел дека се…
Во Владата на Северна Македонија денеска ќе се одржи првиот состанок за Планот за раст на Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст што беше објавен од Европската комисија на почетокот на овој месец. На состанокот е најавено присуство на министри од земјава, Србија, Црна Гора, БиХ, Албанија и Косово и на високи претставници од Директоратот за проширување на ЕК. Министерскиот состанок ќе го отворат министерот за финансии Фатмир Бесими и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Планот за раст на Западен Балкан и Инструментот за реформа и раст пред министрите за финансии и економија ќе ги претстави генералниот…
На 41 годишна возраст, вчера во Скопје почина Илија Жупаноски, општествен активист за демократија и владин советник за дигитални комуникации. Илија беше татко на две ќерки, сопруг, син и општествено активен професионалец на домашен и меѓународен план. Роден е во Скопје во 1982. Завршил средно економско училиште и економски факултет во Скопје, а магистрирал информациски системи на универзитетот Лунд во Шведска. Беше еден од младинските активисти кои учествуваа во програмата Економско образование за млади (Junior Achievement), a од крајот на 90тите учествува во основањето, развојот и професионализацијата на македонската дебатна асоцијација и на Младинскиот образовен форум (МОФ). Беше извршен директор…
Премиерот на Финска, Петери Орпо најави дека на 18 ноември ќе се затворат четири од девет гранични премини со Русија, со цел да се запре бранот баратели на азил. – Владата денеска одлучи Финска да затвори некои источни гранични премини ноќта помеѓу петок и сабота, наведе Орпо. Околу 3.000 луѓе секојдневно ги користат југоисточните гранични премини. Орпо истакна дека разбира оти затворањето на премините ќе го отежнат секојдневниот живот на луѓето на кои им е дозволено да патуваат помеѓу Финска и Русија. – Нашата порака е силна, сакаме оваа појава да престане за да можеме да го продолжиме граничниот сообраќај…
Од 3 до 16 ноември во Талин се одржа меѓународниот филмски фестивал „Tallinn Black Nights Film Festival”, на кој беше претставена македонската кинематографија со филмови од македонската продукција и тоа како мнозински или како малцински ко-продуценти. -Земји во фокус на фестивалот се Македонија, Србија, Црна Гора и Хрватска каде се појавуваат 13 филмови, а Македонија како земја учествува со продуцентските и ко-продуцентските проекти „Домаќинство за почетници”, “Чувари на формулата” „Живи и здрави“ и „Набљудување“, меѓу кои Оскар оваа година доби нашиот кандидат со “Домаќинство за почетници” во режија на Горан Столевски, а во продукција на Лист продукција на 13. ноември имаше…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска посочи дека екстрадицијата на поранешниот премиер Никола Груевски е прашање за судските органи, но останува на ставот дека поранешниот премиер треба да биде во Северна Македонија и тука да се соочи со правдата, затоа што не е во интерес на ниту една држава премиер да биде во егзил. -Прашањето за екстрадицијата на поранешниот премиер не е прашање на надворешно политичка комуникација, туку е прашање на судските органи и на министерствата за правда кои што си комуницираат во тој дел. Јас останувам на ставот дека поранешниот премиер треба да биде во Северна Македонија и…