Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Еврокомесарот за работни места и социјални права, Луксембуржанецот Николас Шмит најави дека е заинтересиран да биде водечки кандидат на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) на изборите за членови на Европскиот парламент во јуни следната година. – Внатрешниот процес на селекција е во тек и слушнав дека се врти и моето име. Кога би ме прашале на крајот, би ја прифатил понудата, изјави Шмит за весникот „Луксембургер Ворт“. Изборот на водечки или „шпиценкандидат“ беше една од темите на Конгресот на ПЕС во Малага, одржан изминатиот викенд во шпанскиот град Малага. Сепак, се очекува водечкиот кандидат на ПЕС да биде избран на…
Младите мора да бидат заедно во сите иницијативи за подобра иднина, подобро образование и подобро општество. Тоа, како што вели Бледни Ходаи во интервју за Трн.мк, е еден и единствен начини како можеме да ја подобриме нашата заедница, заеднички и здружени кон заедничките цели кои што ги имаме сите кон општеството. Бленди Ходаи е студент на Филозофскиот факултет, граѓански активист и директор на Форумот за образовни промени кој изминативе години е активен на повеќе фронтови во граѓанскиот сектор. Неговата упорност за промени во системот лежи во неговото уверување дека ако сакаме да постигнеме нешто, да промениме нешто во нашата земја,…
„ИПАРД 2 Програмата ја констатира Европскиот извештај со тоа што завршува реализацијата наи сме рекордери во искористеноста на ИПАРД 2 Програмата во последните пет години на сите11 повици, вклучително и на последниот пред само еден месец со којшто стопроцентно одБуџетот кој ни е даден на располагање за целиот Буџет се склучени договори имаме рекордни 2.359 Договори колку сите земји корисници на ИПАРД заедно и сме првата земја од регионо којашто ја започна ИПАРД 3 Програмата и ги очекуваме последните апликации по пошта за Мерките 1 и 7, но може да најавам рекордна заинтересираност на граѓаните, земјоделците и бизнисмените, агробизнис секторот…
Директорот на болниците во Газа, Мохамед Закут, по телефон изјави за американски медиуми дека пациентите, вклучително и децата, се преплашени откако израелските сили упаднаа во комплексот објекти на најголемата болница Ал Шифа. „Луѓето врескаат. Ова е многу застрашувачка ситуација… не можеме да направиме ништо за пациентите освен да се молиме“, рече тој. Ал Џезира ја доби снимката од разговорот помеѓу лекарот од болницата Ал-Шифа, Мунир ал-Барш и израелските сили. „Тоа што сте во болницата ќе создаде состојба на страв и хистерија кај пациентите овде“, се слуша како ал-Барш им кажува на израелските војници, велејќи дека ходниците се „полни со луѓе“.…
На 9 декември, со почеток од 20 часот, во салата на Национаната опера и балет, ќе се одржи концертот на ЗЏМ Биг Бендот насловен „ЗЏМ свири Леб и сол.” На целовечерниот концерт ќе бидат изведени дел од композициите на легендарните “Леб и сол,” со аранжмани адаптирани за биг бенд изведба, под диригентската палка на Џијан Емин. “Леб и сол” е бенд чија работа претставува фундаментален и незаменлив дел од македонската музичка историја. Овој музички состав настанува на 01.01.1976 по што следи долгогодишно испишување на една од најимпресивните музички кариери на овие балкански простори и, со сигурност, најдоминантната во македонската музичка…
Советот на ЕУ и Европскиот парламент рано изутринава постигнаа привремен политички договор за Регулативата за следење и намалување на емисиите на метан во енергетскиот сектор, јави дописникот на МИА од Брисел. Како што изјави шпанската вицепремиерка и министерка за еколошка транзиција и демографски предизвици Тереза Рибера Родригез овој договор претставува „големо достигнување“ и ќе помогне во остварувањето на климатските цели на ЕУ. – Текстот има клучен придонес за климатските активности, бидејќи метанот е значаен стакленички гас, веднаш по јаглерод диоксидот во неговиот севкупен придонес кон климатските промени и е одговорен за една третина од сегашното глобално затоплување, истакна Рибера Родригез.…
Руските интернати ги учат украинските деца без родители киднапирани од окупираните украински територии за да ја глорифицираат руската војна против нивната матична земја, пишува во истрагата на рускиот независен медиум IStories. IStories откри седум украински деца кои се држат во интернат во Наришкино, град во југозападна Русија на 200 километри од границата со Украина. Училишните работници таму, наводно, ги учеле децата да глорифицираат поранешен осуденик кој ја нападнал Украина како дел од платеничката група Вагнер, означена како терористичка организација од страна на Велика Британија и Франција. Најмалку девет украински деца се задржани во објект во областа Липецк во југозападна Русија, Таму децата…
Пишува: Ана ВАСИЛЕВСКА Споредбите со филмот „Опенхајмер“ заради тематската блискост можат да бидат соодветни и во силата на реализација и мотивот, но уште повеќе, „Чувари на формулата“ успева да го пренесе автентичниот емоционален контекст – по пат на човечка грешка, можеби и научничка храброст и суета се случува хаварија која води неколку млади луѓе во смрт, но токму тогаш се раѓа хуманоста и надежта за живот. По вртоглавиот успех со гледаноста на филмот „Тома“, Драган Бјелогрлиќ го стави режисерскиот потпис на филмот „Чувари на формулата (верижна реакција)“ и сосема оправдано повторно ги „стресе “ кино благајните во регионот но и…
Во текот на учеството на Виенскиот економски форум, косовскиот премиер Аалбин Курти во интервју побара од меѓународната заедница заложба за екстрадирање на Милан Радоичиќ во Косово. Од 1 ноември до сега, на северот на Косово регистрирани се над 1.350 сменети регистарски таблички во „РКС“. Албанскиот министер за правда Улси Мања и Џузепе Бусија, претседател на италијанската Национална антикорупциска агенција денеска во Рим го официјализираа билатералниот договор за спречување корупција. Ова е само дел од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес. КОСОВО Клан Косова: Курти во Виена побара групата на Радоичиќ да…
Укината е мерката куќен притвор за Драги Рашковски од Скопје и прифатена е гаранцијата како мерка за обезбедување на негово присуство во рамки на кривичната постапка што се води против него поради основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 на Кривичниот законик и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 на Кривичниот законик, соопштија утрово од Апелационен суд Скопје. – Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КСЖ – 816/23 на нејавна седница на ден 03.11.2023 година, жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…
За стотици наводни членови и нивните соработници на најмоќната италијанска мафија, Ндрангета, по тригодишно судење неделава ќе биде донесена пресуда. Обвинителите побараа затворски казни во вкупно времетраење од речиси 5.000 години за 322 обвинети. Судењето се одржува во Ламеција Терме под највисоки безбедносни мерки. Од јануари 2021 година сослушани се стотици сведоци меѓу кои и десетици мафијаши кои станаа државни сведоци Со седиште во сиромашниот јужен регион Калабрија, Ндрангета е најбогатата и најмоќната криминална организација во Италија и има монопол на трговијата со кокаин во Европа. Ндрангета дејствува во повеќе од 40 земји. Експертите проценуваат дека Ндрангета, која се состои…
Како што нема раст на бизнисите без е-трговија, така нема раст на е-трговијата без вештачка интелигенција. Вештачката интелигенција нема да го замени вработениот, но вработениот кој користи вештачка интелигенција ќе го замени оној што не ја користи. Вештачката интелигенција го менува начинот на кој работиме, купуваме и живееме, ги менува и редефинира работните места и ако правилно ја користиме ќе ни ја направи работата поефективна и попродуктивна, беше речено на денешната 6. Конференција за е-трговија што почна утрово во Скопје. Вештачката интелигенција е во фокусот на Конференцијата. -Вештачката интелигнеција отвори нови хоризонти на е-трговијата, слично како што стикерите и емотиконите…