Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вештачката интелигенција во фокусот на Конференцијата за е-трговија

0
By Ана Василевска on November 14, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 14, 2023 10:04

Како што нема раст на бизнисите без е-трговија, така нема раст на е-трговијата без вештачка интелигенција. Вештачката интелигенција нема да го замени вработениот, но вработениот кој користи вештачка интелигенција ќе го замени оној што не ја користи. Вештачката интелигенција го менува начинот на кој работиме, купуваме и живееме, ги менува и редефинира работните места и ако правилно ја користиме ќе ни ја направи работата поефективна и попродуктивна, беше речено на денешната  6. Конференција за е-трговија што почна утрово во Скопје.

Вештачката интелигенција е во фокусот на Конференцијата.

-Вештачката интелигнеција отвори нови хоризонти на е-трговијата, слично како што стикерите и емотиконите им отворија нови хоризонти на нашите повозрасни роднини па научија да ги користат. Од супер персонализирано шопинг искуство и логистичка поддршка до смарт логистика, детекција на измами, оптимизација на цени и автоматизација – вештачката интелигенција е тука, го менува начинот на кој купуваме, продаваме, живееме, истакна Нина Ангеловска, претседателка на Асоцијацијата за е-трговија.

Таа претходно изјави дека земјите од регионот не се движат со саканото темпо во однос на е-трговијата. Најчесто се исто рангирани и споредено со европските земји се најниско на речиси рангови по индикаторите за е-трговија.

-Сите земји од Западен Балкан имаат слични карактеристики или заедно се наоѓаат здружено на сите речиси графици. Она што е малку незадоволително е што не се движиме со темпото со кое сакаме да се движиме. Исто сме рангирани во повеќе индикатори споредено со европските земји најниско на сите речиси рангови по индикаторите за е-трговија.  Црногорците и Македонците најмногу користат интернет, но најдобри за онлајн купување се Србите со 63 проценти од интернет корисниците, на второ место е Македонија и најслаби се Црногорците и Албанците тука негде, истакна Ангеловска.

Во моментов пред присутните се обраќа претседателот Стево Пендаровски.

На Конференцијата чие издание Ангеловска го најави како најголемо досега, има над 600 гости, 30 домашни и интернационални говорници. 

Вештачка интелигенција Конференција за е-трговија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.