Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Во извештајот на Европската комисија се наведува дека „Северна Македонија продолжи целосно да се усогласува со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ (ЗНБП). Земјата, исто така, постигна одреден напредок во областа на правдата, слободата и безбедноста, вклучително и борбата против организираниот криминал и управувањето со миграцијата. Северна Македонија се обврза да започне и да ги постигне релевантните уставни измени како прашање на приоритет, со цел да ги вклучи граѓаните кои се дел од други луѓе. Процесот на проверка на правото на ЕУ напредуваше глатко, а властите покажаа високо ниво на посветеност. Комисијата во јули му ги претстави на Советот…
Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, ја прифатил поканата на специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак и ќе учествува во новата рунда дијалог со Приштина закажана за 16 ноември, јави дописникот на МИА од Белград. Новата средба меѓу Белград и Приштина ќе биде прва откако Европската комисија го поднесе извештајот за Србија, во кој значаен дел имаа косовското прашање и нормализацијата на односите. Како што беше кажано од Канцеларија за Косово и Метохија, Петковиќ со својот стручен тим на највисоко ниво ќе отпатува во Брисел. -Белград отсекогаш бил кредибилна и конструктивна страна во дијалогот и…
Извештајот на Европската комисија посочува дека Северна Македонија има прогрес во 81 отсто од поглавјата, додека нема назадување во ниту едно. Дополнително, 90 отсто од поглавјата се соодветно ниво на подготвеност. Во однос на основните човекови права, останува оценката на ЕК дека правната рамка е генерално усогласена со стандардите на ЕУ. Предизвиците остануваат во делот на јакнење на капацитетите на независните тела (Народен правобранител, Комисија за заштита и спречување од дискриминација), унапредување на правата на лицата со посебни потреби, и особено во подобрување на состојбите во затворите и притворите. Во делот на слобода на изразување и медиуми, и оваа година…
Кока-Кола потврди дека од Хрватска привремено повлекува една серија на Кока-Кола во пластична амбалажа од 500 мл и две ограничени серии Romerquelle Emotion Blueberry Pomegranate од 330 милилитри во стаклена амбалажа. Санитарната инспекција на Хрватска соопшти дека од пазарот се повлечени сите сомнителни пијалаци, откако неколку лица се затруле од минерална вода. Заради заштита на здравјето на луѓето, односно постоењето сомнеж дека храната не е безбедна, а согласно Законот за храна, санитарната инспекција привремено и забрани на трговската компанија да ги става во промет и да ги повлече сомнителните производи. Во тек е инспекциско испитување, а веднаш по добивањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави препораката на Европската комисија за почеток на разговори со Киев за пристапување во ЕУ, опишувајќи го потегот како „вистински чекор во историјата“. „Украинците го заслужуваат тоа и поради нашата одбрана на европските вредности и поради фактот што дури и во време на целосна војна продолжуваме да ги развиваме нашите државни институции“, нагласи Зеленски.
Новиот инструмент за задолжување на државата преку воведување на граѓански обврзници се покажа како доста успешен инструмент. Втората аукција на граѓански обврзници која се одржа вчера, помина доста успешно, односно како што информираше Министерството за финансии, во втората емисија на обврзниците, учествувале 907 граѓани, кои купиле обврзници во вкупен износ од 1,08 милијарди денари, односно некаде околу 17,7 милиони евра. Тоа според МФ значи дека побарувачката кај граѓаните била за 80 отсто поголема од износот што го нудеше државата, односно 600 милиони денари или околу 10 милиони евра. Уште поуспешно помина првата емисија, каде граѓаните на државата и позајмија околу…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека во интерес на Косово е да го спроведе нацрт статутот на Заедницата на српски општини (ЗСО) и да тоа би бил голем исчекор, додека еврокомесарот Оливер Вархеји истакна дека Косово мора да ги удвои своите напори за да успее дијалгот со Србија, јави дописникот н МИА од Белград. Претседателката на ЕК ова го изјави по претставувањето на извештајот за проширувањето на прашање на албански новинар што станува со барањето на Косово за пристапување во ЕУ. – За Косово е важно да постои јасна цел за зачленување и тоа да биде…
„Денес не само што излегуваме пред вас со извештај за проширувањето што го правиме секоја година, туку изнесуваме еден многу важен сигнал, а тоа е дека сакаме да го убрзаме процесот на проширување. На терен е остварен јасен напредок и никогаш досега не сме биле сведоци на тоа колку членството во ЕУ е двигател на сите овие околности“, изјави еврокомесарот Оливер Вархеји во свое обраќање по повод излезениот извештај за проширувањето за државата. Тој појасни дека убрзувањето на процесот на проширување ќе се случи токму преку планот за раст на Западен Балкан кој е еден нов и одважен пристап и…
Европската комисија денеска излезе со препораката за почеток на преговорите со Украина и Молдавија за пристапување во ЕУ, а Грузија да добие статус на земја кандидат за членство, јавија светските агенции. Комисијата, меѓутоа, како услов за официјален почеток на преговорите со Украина и Молдавија постави исполнување на голем број критериуми, вклучувајќи и во областа на борбата против корупцијата. Британските медиуми препораката ја опишуваат како важна пресвртница на патот на Украина кон интеграција во западниот блок и истовремено како геополитички гамбит за Западот, бидејќи оваа поранешна советска република веќе речиси две години е во војна со соседна Русија, која ја нападна…
„Во младите е иднината“ – не е само мисла која треба да остане запишана. Тоа е идеал кој го остваруваме.Се грижиме за младите кои ни се потребни за да можеме и во иднина да ја гарантираме одбраната на нашата држава, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска по повод распишаниот Конкурс за стипендирање на студенти од Република Северна Македонија. Таа дополни дека на 3-ти ноември, бил распишан Конкурс за стипендирање на студенти од Република Северна Македонија кои се образуваат во областите кои се критична специјалност за Армијата. „Нудиме можност за стипендирање со средства во висина од 30% до 80% од просечната…
Политичката поларизација и блокирањето на Парламентот, кој го има успорено реформскиот процес на државата, според министерот за надворешни работи Бујар Османи се главните забелешки во Извештајот на Европската комисија. Како виновник за тоа ја посочи опозицијата, која, како што рече на денешната прес-конференција, ја блокирала работата на Парламентот во донесувањето законски и реформски решенија. – Јасно во Извештајот вели дека политичката поларизација, блокирањето на Парламентот оневозможило да се донесат голем број законски и реформски решенија, кои би ги адресирале слабостите кои евентуално ги констатирала ЕК и тоа навистина е сериозна порака до сите полтичките партии. Тоа не е само до…
Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Една од најважните работи за lокалните самоуправи, а тоа го има во секоја jавна етика за „осмооделенци“: не смеете граѓаните да ги оставите без одговор, а ароганцијата и нетрпеливоста мора да се изместат од вообичаеното однесување. Локалните самоуправи се места во кои се организира секојдневниот живот на граѓаните. И ништо повеќе и ништо помалку. Локал-патриотизмот, пак, е ништо друго освен простор за „здрава конкуренција“ која треба да го подигнува стандардот на граѓаните, а не да го снижува или потценува. Едно од таквите потценувања, за кое сведочиме овие денови, погодувате и сами: Христијан Мицкоски дели милиони евра на:…