Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Празни ветувања и последици

0
By Ана Василевска on November 8, 2023 КОЛУМНА
Ненад Јовановиќ
Ненад Јовановиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 8, 2023 12:42

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ   

Една од најважните работи за lокалните самоуправи, а тоа го има во секоја jавна етика за „осмооделенци“: не смеете граѓаните да ги оставите без одговор, а ароганцијата и нетрпеливоста мора да се изместат од вообичаеното однесување. Локалните самоуправи се места во кои се организира секојдневниот живот на граѓаните. И ништо повеќе и ништо помалку.

Локал-патриотизмот, пак, е ништо друго освен простор за „здрава конкуренција“ која треба да го подигнува стандардот на граѓаните, а не да го снижува или потценува. Едно од таквите потценувања, за кое сведочиме овие денови, погодувате и сами: Христијан Мицкоски дели милиони евра на: ресенчани, прилепчани, битолчани… Ама не сега, оти сега е само лидер на партија, ами кога ќе станел премиер „на сите граѓани“. Јак, виц, од срце се насмеав.

Па, добро, прво си велам, нели е тоа корупција на јавен подиум: кога ќе станам „прв баја“ во државата, ќе ви дадам милиони? Потоа вака си велам: чекај, па јас ќе им дадам три пати повеќе од тоа што Мицкоски им дава на ресенчани, прилепчани, битолчани… Зошто јас да не се кандидирам за премиер? Аууу, шит, заборавив: јас сум предавник, шпион, дојденец, во мене не тече крвта на „војводите“, така си реков, и се откажав од таквите мрачни примисли.

Потоа ми текна дека еднаш реков, ќе повторам уште еднаш. Ова денес е 21 век, никој не треба да се обидува да дојде на власт. Не е повеќе модерно да се владее, туку треба да се управува со системот. За управувачи треба да зборуваме кои ќе го управуваат системот, а не за оние кои ќе го владеат. Во таквата констелација, во констелација на „владетел и поданици“, граѓаните може да бидат само тесто за месење или топовска храна за властодржците-предатори.

Сега, сосема логочно, ми се поставува друго прашања. Каков е тој кодекс на однесување на еден човек што претендира да биде премиер, оди помеѓу луѓето и се расфрла со милиони евра кои ги нема? Можете ли да ја замислите таа ароганција – им фрлаш в сурат милиони евра, за кои, притоа, ниту имаш разработено методологија, ниту имаш свест што нив им треба, ниту ги слушаш нивните реални потреби… Не, ништо од тоа. Само: еј, видете ме колку сум добар, кога ќе станам главна фаца на сите ќе ви давам пари… Ма, какви пари, ќе ви дадам милиони евра, море, еј!

Секој нормален човек, знае, дека парите не растат на дрво. Парите се заработуваат со конкретна работа. Некој е чевлар, па работи на поправка на чевли, друг е тишлер, молер, шивач, доктор, учител… И секој заработува онолку колку што дава дел од својот сервис, знаење, компетенции. Приказната за етичноста не се завршува преку празните „приказни за етичноста“; целта во конечноста е промена на менталниот склоп – власта, било локална или извршна, врши за јавен интерес. И тоа е сè.

Сигурен сум дека секој од вас се затекнал во кафана кај што оној другиот му вели: јас ако сум власт, на сите ќе им помогнам, нема да крадам, само ќе им давам на луѓето. Сигурно ја знаете онаа сцена: седите во некој ќош од кафаната, пиете „бокалче и сифонче“ и слушате како некој „мартир“ (читај, страдалник!) кука над себе и својата судбина.

Кога политиката, драги мои, ќе се сведе на лажење, однапред зададени матрици, предубедувања и проекции, порано или малку подоцна таквата политика се руши во допир со реалноста.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.