Author: Ана Василевска

Управниот суд вечерва одржува јавна расправа по предметот оформен по поднесената тужба од Коалицијата Европски фронт на Парламентарните избори 2024, против решението Државната изборна комисија на РСМ за прегласувањето на избирачкото место 2101 во село Ларце во општина Желино. Управниот суд одлуката за овој предмет се очекува да ја донесе два часа по завршувањето на јавната расправа. Управниот суд денеска ја информираше јавноста дека на ден 28.05.2024 година по поднесенa тужба од Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ на Парламентарните избори 2024 против Решение УП1 бр. 10-33 од 27.05.2024 година на  Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр. 95/24. – Со…

Read More

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека Европа се соочува со две „брутални војни“ во близина на нејзините граници и многу тензии кои лесно можат да излезат од контрола. Говорејќи на крајот од Шумановиот безбедносен и одбранбен форум во Брисел, Борел предупреди дека некои од овие кризи би можеле да ескалираат во голема глобална конфронтација „во време кога светот стана мултиполарен, а мултилатералниот систем кој треба да го одржува мирот е длабоко ослабен“. – Ние Европејците се соочуваме со две брутални војни во близина на нашите граници и многу тензии кои лесно можат…

Read More

Амбасадорот на Европскaта Унија во земјава Дејвид Гир изјави дека во интерес на нашата држава е да продолжи по патот на ЕУ и дека Унијата е подготвена да работи со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес. -Мојата порака би била и до владата и, всушност, до целата земја. Верувам дека интересот на оваа земја е да продолжи по патот кон Европската Унија. Ние во Европската Унија сме подготвени да работиме со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес, што е неопходен за приклучување кон Европската Унија, и ќе направиме сè што можеме за…

Read More

Американскиот заменик-министер за финансии Вали Адејемо денеска го посети Киев за да разговара за американската финансиска поддршка, спроведувањето на санкциите против Русија и употребата на замрзнати руски средства за помош на Украина во војната со Москва. Адејемо разговараше со претставници на украинското Министерство за финансии и Кабинетот на претседателот. На Економската школа во Киев, тој разговараше со професори и групи на граѓанското општество кои работат на политиката на санкции и начините да се направат санкциите против Русија поефикасни. Руската економија стана воена економија во која сите средства за производство и индустрија сега се фокусирани на производство на оружје за војната…

Read More

ДУП-от за Лисиче за градската четврт ЈИ 09, блок 09.01 со 16 гласа ЗА и 11 против е усвоен на денешната седница на Советот на Општина Аеродром. Советниците на СДСМ и Левица гласале против, а ЗА гласале советниците од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, дознава Фронтлајн. Како што објавивме претходно спорниот ДУП за Лисиче на дневен ред на денешната седница на Советот на Општина Аеродром. е доставен како „дополнителна точка на дневен ред, на шверцерски начин“, непосредно пред седницата. Спорниот ДУП беше ставен три пати на јавна анкета. Околу 230 анкетни листови доставија жителите на Лисиче до Општина Аеродром на вториот повик, по жестокиот…

Read More

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на 826 ден од војната објави дека Украина започна истраги за 132.780 воени злосторства и злосторства на агресија. „826. Украина започна истраги за 132.780 воени злосторства и злосторства на агресија, како и 17.500 злосторства против националната безбедност. Тие вклучуваат убиство на 12.388 цивили (вклучувајќи 548 деца) и ранување на 20.851 цивил (вклучувајќи 1,351  дете)“, напиша амбасадорката Дир на социјалните мрежи. Извор: Цивил Медиа

Read More

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека се залага на Украина да и се дозволи да напаѓа воените бази во Русија со оружје со долг дострел обезбедено од западните партнери. Макрон со ова им се приклучи на претходните изјави на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој исто така се залагаше за промена на тој став, поради сложеноста на војната во Украина. И високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел вчера ги повика членките на Унијата да најдат рамнотежа меѓу стравот од ескалација и потребата Украинците да се бранат, оценувајќи дека Киев треба да може да гаѓа на руска територија со…

Read More

Две децении како редовен професор на Правниот факултет “Јустинијан први” ги учеше студентите што е устав и уставност, четири години како пратеник во собранието ги “обучуваше” пратениците дека никој не е, и не може да биде над уставот. И ја убеди пошироката јавност дека е неприкосновен уставобранител, за да неколку стотици граѓани и поверуваа а таа при првите две обврски како избран Претседател на државата одлучи дека може да се стави над уставот и да постапува според нејзината совест. Со што не само што го повреди уставот туку и одредби од Меѓународен договор, односно постапи спртивно на зако, со што…

Read More

Во Јавна соба, вечерва во 18.00 часот ќе биде отварена ликовната изложба „Еден наставник и многу ученици“. Организатор на изложбата е Едукативниот Центар за класична ликовна уметност „Да Винчи“, предводен од уметницата Викторија Егорова. Центарот направи селекција на делата на учениците и се создаде богата изложба со над 150 дела, преку кои ќе се претстават 50 ученици автори, на возраст од 5 до 55 години. Изложбата ќе остане поставена во просториите на Јавна Соба една седмицa. Влезот за посетителите е слободен.

Read More

Закрепнувањето на премиерот Роберт Фицо, по обидот за убиство, ќе потрае „исклучително долго“, изјави денеска словачкиот вицепремиер Роберт Калињак, цитиран од француските медиуми. Истовремено, болницата во која се лекува Фицо ја дефинира состојбата на премиерот како „задоволителна“. Словачкиот премиер беше застрелан на 15 мај, по состанокот на владата во градот Хандлова, во централна Словачка. На премиерот му беа извршени две хируршки интервенции, кои траеја неколку часа, во болница во градот Банска Бистрица, каде тој се уште се наоѓа. -Закрепнувањето на премиерот конечно е на вистинскиот пат. Закрепнувањето ќе биде исклучително долго бидејќи неговите повреди се многу сериозни, рече Калињак по…

Read More

„Во моментот соработувам со една продукција наречена Реал филм. Со драги пријатели Ратко Букчиќ и Александар Касапинов завршив еден краток филм во 2023. Се уште го промовираме. Треба да има промоција на фестивалот Златна рамка во организација на друштвото на филмски работници. Се надевам дека во скоро време ќе добиеме средства за нов краток филм којшто би бил работен со истата продукција и неколку актери од албанскиот театар. Се работи за една соработка којашто е мултикултурна и мултиетничка, којашто мислам дека е повеќе од потребна во нашава средина“, рече Јане Алтипармаков, филмски работник и режисер во интервју за Слободен печат.…

Read More

По повеќе од пет часа расправа, албанскиот парламент изгласа Резолуција „За продлабочување на реформите за добро владеење, спроведување на законот и антикорупција за Албанија во Европската Унија 2030″, предложена од владејачката Социјалистичка партија. За документот гласаа 76 пратеници од владејачкото мнозинство, двајца опозициски пратеници беа против,  додека останатите пратеници од опозицијата не гласаа. Според предлагачот Резолуцијата има за цел да го зголеми владеењето на правото, да се бори против корупцијата и да го усогласи албанското законодавство со она на Европската унија. На донесувањето на резолуцијата се спротивстави опозицијата, која се изјасни дека е „потсмев од страна на власта која е…

Read More