Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Во годишниот извештај за реформите во Србија, во кој имала увид РТС, Европската комисија го повикува Белград да соработува во истрагата за случајот Бањска и целосно да ги спроведе сите договори постигнати досега во дијалогот со Приштина, јави дописникот на МИА од Белград. Во извештајот се оценува дека Србија го подобрила степенот на усогласеност со надворешната политика на ЕУ, но се наведува дека не се воведени рестриктивни мерки кон Русија, како и дека „некои акции и изјави на Србија биле во спротивност со надворешнополитичките позиции на ЕУ“. Комисијата оценува и дека Србија е ангажирана во дијалогот за нормализација со Косово,…
Во 2022 година просечен расположлив приход по жител мерен според стандардот за куповна моќ (ППС) во Северна Македонија изнесувал 5.988, што претставува зголемување за 41 отсто во споредба со 2017 година, покажуваат податоците на Индексот на просперитет на Легатум. Според овие податоци, како што јави дописникот на МИА од Брисел, дури две третини од најпросперитетните земји во светот се наоѓаат во Европа, но и меѓу нив постои значителна разлика во приходите мерени според стандардот за куповна моќ (ППС) по домаќинство, при што жителите на западните и нордиските држави имаат значително повеќе расположливи средства за трошење од оние на југот и…
Нема да коментирам ставови и одлуки на судовите бидејќи тоа е мешање на извршната во судската власт, изјави заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ во врска со изјавата за притисоци на претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, и постапувањето на Судскиот совет. Пред третата седница на работната група за спроведување реформи во изборното законодавство која денеска се одржува во Клуб на пратеници, Мадиќ одговарајќи на новинарско прашање дали актуелниот судски совет има кредибилитет воопшто да истражува за политички притисоци, последно кај претседателката на Врховен суд, рече дека сите органи што се избрани од страна на Собранието, вклучувајќи го и Судски…
Во моментов, вкупно 265 случаи на еколошки воени злосторства извршени од Русија се под истрага во Украина. Четиринаесет од нив се поврзани со екоцид, објави украинскиот јавен обвинител Андриј Костин на Х (Твитер). „6 ноември е Меѓународен ден за спречување на експлоатација на животната средина во војна и вооружени конфликти. Обемот на руската агресија и нејзиното разорно влијание врз животната средина бара глобален одговор“, напиша Костин. Според неговите зборови, бројни воени злосторства против животната средина извршени за време на војната вклучуваат загадување на воздухот, водата и почвата, уништување на шуми и обработливо земјиште и напади на нуклеарни постројки. Нивните…
Шпанската полиција синоќа употреби палки против група демонстранти, од кои некои пукаа со сигнални ракети пред седиштето на владејачката Шпанска социјалистичка работничка партија (ИСРП) во Мадрид, објавија британските медиуми. Демонстрантите изразија незадоволство против предложениот закон за амнестија поврзан со кампањата за независност на Каталонија. Според снимките во главниот град на Шпанија, судирите доведоа до хаотични сцени на луѓе кои трчаат среде чад и канти за ѓубре што се фрлаат по улиците. На протестот се приклучија околу четири илјади луѓе, меѓу кои и лидерот на крајнодесничарската партија Вокс Сантијаго Абаскал. Според извештаите на локалните медиуми, најмалку едно лице е приведено. Полицијата…
Академик Ферид Мухиќ е добитник на наградата „Константин Филозоф“ за животно дело за 2023 година, која годинава првпат се доделува од Филозофското друштво на Македонија. Наградата официјално ќе му биде доделена на 16 ноември, во Свечената сала на Филозофскиот факултет, на 20-то одбележување на Светскиот ден на филозофијата. Одлуката за доделување на наградата на Мухиќ, ја донесе жирито, во состав Мирко Ѓошевски, Денко Скаловски и Сузана Симоновска и тоа едногласно. Во своето образложение Комисијата, меѓу другото вели, дека академик Мухиќ има добиено бројни признанија во државата и странство. – За него и неговите дела досега е пишувано, се пишува и…
ЏАБИР ДЕРАЛА Пригушеното зуење на рефлекторите и опремата, мирисот на напластена прашина меѓу каблите и темните ќошиња на студиото, мрморењето на студискиот персонал кој разменува забрзани инструкции до последен миг и – „камера иде“. Се слуша шпицата со бесплатните музички темплејти и шоуто може да започне! ТВ дебата… Телевизиските студија веќе одамна не се место за аргументирана дебата, туку за политички и медиумски канибализам. Тоа е една бескрајна, крајно заморна и бескорисна низа од вербални судири од кои ефектот врз публиката е налик на оној во римските арени во кои гладијаторите се борат меѓу себе до изнемоштеност и – смрт. Потоа,…
Ултранационалистичката Левица на Димитар Апасиев до Собранието достави Резолуција за осуда на „израелската окупација“. Најголемите политички партии во земјата, без оглед на тоа што веќе ги изнесоа своите ставови во јавноста во врска со војната меѓу Израел и Хамас, немаат став во врска со документот што го поднесе Левица. „Ќе ја разгледаме предлог декларацијата на партијата Левица во Собрание и ќе се произнесеме“ – велат од СДСМ за „Фронтлајн“. И од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за „Фронтлајн“ изјавија дека предлог Декларацијата уште не е доставена до пратениците во Собранието. Кога ќе биде доставена, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја разгледа содржината и…
Германската влада го повика Израел да ја почитува слободата на медиумите по инцидентот меѓу израелските војници и тим германски новинари кои известуваат од Западниот Брег. „Во ваква тензична ситуација каква што се наоѓаме во моментов, слободата на печатот е, се разбира, исклучително вредна предност“, изјави денеска портпаролката на германското Министерство за надворешни работи. Таа побара на претставниците на медиумите на терен да им се овозможи слободен пристап во нивното известување. Новинарите од германскиот јавен радиодифузен сервис АРД изјавија дека биле привремено приведени и под закани од израелски војници на Западниот Брег додека известувале за „насилните напади на екстремистичките еврејски доселеници…
Речиси 1200 домаќинства ќе добијат на своите сметки субвенции за сончевите термални колекторски системи кои ги поставија во своите домови. Министерството за економија го објави списокот на оние кои ги исполнија бараните услови по огласот распишан при крајот на април за субвенционирање на дел од трошоците за поставување соларни колектори во домаќинствата. Со цел поголема примена на мерки за енергетска ефикасност и поголема искористеност на сонцето, Министерството за економија повеќе години наназад, секоја пролет распишува огласи за субвенционирање на домаќинствата, односно покривање на дел од трошоците кои ги имале за мерките применети во нивните домови. Според огласот, оние кои поставиле…
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан на средбата со американскиот државен секретар Антони Блинкен во Анкара истакна дека е неопходно да се спречи Израел да гаѓа цивили и да раселува луѓе во Газа и оти итно треба да се прогласи целосен прекин на огнот, јавува Анадолија. Според информациите добиени од дипломатски извори, на средбата меѓу Фидан и Блинкен во МНР се разговарало за регионалните случувања, особено во Газа и билатералните односи. Фидан нагласил пред својот американски колега дека „треба да се спречи Израел да гаѓа цивили и да ги раселува луѓето во Газа и дека веднаш треба да се…
Владата во септември донесе одлука и избра изведувач за градба на хидроцентарлата Чебрен. Грчката компанија ППЦ Архиродон ќе ја гради оваа хидроцентрала која ќе биде спас за македонскиот енергетски систем по досегашните 13 неуспешни тендери. Проектот за изградба на централата Чебрен е уште од 1966 година, а нејзиниот капацитет ќе биде околу 333 киловат часови. Досега сите Влади се обиделе на еден или на друг начин да го започнат проектот за изградба на Чебрен, но тоа завршувало со неуспешен тендер. Енергетската криза покажа дека изминатите 30 години не се инвестирало во енергетскиот систем, поради што земјата беше ранлива од ефектите…