Author: Ана Василевска

Организацијата на Обединетите нации упати итен апел за 1,2 милијарди долари наменети за помош на околу 2,7 милиони луѓе во Газа и на Западниот Брег. „Трошоците за задоволување на потребите на 2,7 милиони луѓе – целото население на Газа и 500.000 луѓе на Западниот Брег – се проценуваат на 1,2 милијарди долари“, велат од Канцеларијата за координација на хуманитарни прашања. „Во првобитниот апел, објавен на 12 октомври, се бараа 294 милиони долари за поддршка на речиси 1,3 милиони луѓе. Оттогаш ситуацијата станува сè поочајна“, се додава во соопштението.

Read More

„Има измени во преамбулата, се додаваат народи после постоечките до други, и врз основа на тоа додавање има две измени едната е во членот 49 врзана со амандман 2 и другата е во членот 78 поточно членот кој се однесува на Собранискиот комитет за односите меѓу заедниците,“ рече професорката Ана Чупеска во емисијата Клик Плус на Тв 21 во врска со предлог измените на Уставот. Таа објасни дека измената во членот 49 се однесува на додавањето на народи, а истото се случува и во Комитетот, односно претставеност на заедниците во него, како и дека се работи за многу бенигна промена.…

Read More

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека е „повеќе од горд на придонесот на Албанија во тешкиот процес на нормализирање на односите меѓу Косово и Србија“. -Не би можел а да не бидам повеќе од горд на решителниот и конкретен придонес на Албанија во тешкиот процес на нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Сепак, нацрт-статутот за Заедницата на општини со српско мнозинско население (ЗСО) прифатен од Косово и Србија како соодветен работен документ е нацрт на ЕУ, напиша тој на објава на социјалните мрежи. -Албанија силно ќе го поддржи Косово во спроведувањето на Основниот договор и ќе продолжи да ја…

Read More

Русија во моментов ја предводи листата на земји директно инволвирани во разузнавачки активности и странско мешање во Европа, по која следуваат Кина, Турција и Иран, но водечката позиција на Москва во блиска иднина би можела да биде преземена од страна на Пекинг кој на терен има околу 250.000 агенти, се наведува во извештај на Комисијата за разузнавање на францускиот Парламент. – Постои високо ниво на закани од странско мешање во овој тензичен меѓународен контекст, се наведува во извештајот на Комисијата, која е одговорна за надзор на работата на разузнавачките служби. Според Комисијата, ваквото „високо ниво на закана од странско мешање“…

Read More

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ  Околностите се екстремни, нема потреба да се лажеме. Оној, пак, што ги прима заканите без своја волја е ставен на шаховска табла како пиoн. А секој оној што мисли дека со тоа си прави лична промоција, го замолувам рибачењето да го испроба на своја кожа. Во не така далечно минато, својата лична „афирмација“ и „популарност“ ја добив последните години затоа што често бев канет на Канал 5 во поджанрот наречен „Само вистина“. Сакав панкерски или „рокерски“, од блиску, да видам што значи силен мејнстрим медиум. Мислев дека е баш „куулл“ да се биде на телевизија. Уште и мислев…

Read More

Белата куќа ја разгледува можноста за воспоставување серија паузи во конфликтот меѓу Израел и Хамас за да им се помогне на луѓето да ја напуштат Газа и да се дозволи влез на хуманитарна помош, но го повтори своето противење на целосно примирје. Портпаролот за национална безбедност Џон Кирби им рече на новинарите дека таквите паузи ќе бидат привремени и локализирани и инсистираше на тоа дека нема да го спречат Израел да се брани. „Се обидуваме да ја истражиме идејата за воспоставување колку што се потребни паузи за да продолжиме со доставување помош и да продолжиме да се обидуваме да ги…

Read More

Во текот на вчерашниот ден, тројца државјани на Република Северна Македонија (татко и две деца), безбедно ја напуштија Газа и во придружба на вршителот на работи во нашата Амбасада во Каиро, Елма Алторок, беа упатени кон египетскиот главен град, а од таму кон Северна Македонија, соопштија од македонското Министерство за надворешни работи. – Со нив, преку Рафах се евакуираше и мајката на децата, која има палестинска патна исправа. Во Газа има уште двајца наши граѓани, брачен пар, кои се исто така вклучени во официјалните листи за евакуација, но нивното напуштање на Газа зависи од околностите на терен, односно безбедносната проценка…

Read More

Министерството за култура објави конкурс за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници за 2024 година. За да го стимулира и помогне уметничкото творештво на самостојните уметници, Министерството за култура за 2024 година ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Северна Македонија, како месечни надоместоци на самостојните уметници, за придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување и за данокот на личен доход на самостојните уметници. Повеќе информации и упатства за заинтересираните апликанти може да најдете на следниот ЛИНК.

Read More

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ  Го слушнав Бојан Маричиќ на „Телма“ пред некоја ден, па вака си велам: формално гледано, судија или „јавен тужител“ може да биде секој што положил правосуден испит. Формата, на некој необичен начин, на правникот му е блиска и важна како и на уметникот, затоа што зборчето „како“ на разни начини го одредува и она зборче кое означува „што“. Потоа, гледајќи ја силната биографија на Бојан Маричиќ, би рекле дека исполнувањето на формалните услови е само преттекст, потврда дека некој може да биде вицепремиер за Европски прашања. А за навистина некој тоа да биде, потребно е многу повеќе: посветеност…

Read More

Гордана Јанкулоска денеска прв пат се пријави во Пробациската канцеларија во Скопје како дел од условниот отпуст со кој од денеска е на слобода по три години и месец во затвор. Излегување од затворот „Идризово“ следува по одлуката донесена од Апелациониот суд во Скопје, според која таа нема да се врати во затворот ако до октомври 2024 година не направи ново кривично дело. Заради  транспарентност во работењето, Апелациониот суд Скопје во октомри годинава информира дека при одлучувањето ги имаше предвид списите приложени кон предметот, пред се податоците добиени од установата каде осудената ја издржува казната затвор. – Имено, судот ги…

Read More

Блокадата на европскиот пат на Македонија од страна на ВМРО-ДПМНЕ, со недонесувањето на уставните измени, покрај тоа што може да предизвика изолација на државата и застој на интеграциите во ЕУ, ќе има и значаен негативен ефект врз економиските можности за граѓаните и државата. Блокадата на патот кон ЕУ ќе значи и помалку фондови од Унијата. Загубените фондови од ЕУ ќе се бројат во милијарди евра, според некои пресметки, тоа ќе значи повеќе од 10 милијарди евра загубени пари за развој на Македонија. Ако ги погледнеме сумите, само во досегашниот евроинтегративен процес на земјата, преку ИПА, поддршка за мали…

Read More

Проектот „Пластичен оркестар“ – Движење за ослободување на училиштата од пластика  на невладиното здружение „Пријатели на образованието“ и ООУ „Живко Брајковски“ од скопската општина Бутел ја доби престижната Награда за интеркултурни достигнувања (The Intercultural Achievement Award – IAA), што ја доделува Министерството за надворешни работи на Австрија.  Вклучувајќи 83 ученици од второ до деветто одделение кои припаѓаат на различна етничка припадност, овој проект промовираше меѓуетничка соработка и културна едукација. „Меѓуетничката интерграција во училиштето руши стереотипи и предрасуди, а тоа е многу важно ако сакаме да имаме здрави и среќни генерации. На тој начин, преку овие ситни активности што ги правиме во…

Read More