Author: Ана Василевска

За спроведување на предлогот на Република Кипар за создавање хуманитарен морски коридор до Појасот Газа и за начинот на кој би се имплементирал, телефонски разговарал кипарскиот претседател Никос Христодулидис со премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, јави дописничката на МИА од Атина. Христодулидис рече дека имал „долг телефонски разговор со премиерот на Израел“, но и дека дополнително ќе разговара и со претседателот на Франција за да видат како може да се спроведе предлогот. -Разговараме за деталите и се надевам дека наскоро ќе продолжиме со фазата на имплементација, рече кипарскиот претседател. Одговарајќи на новинарско прашање дали и колку одѕивот е позитивен, Христодулидис…

Read More

Кога ќе се постигне договор за точниот датум за претседателски и парламентарни избори, јавноста ќе биде информирана. Согласно законот 100 дена пред одржувањето на Парламентарните избори ќе се формира техничка Влада, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски. Одговарајќи на новинарски прашања по обраќањето на настанот по повод Националниот ден на осигурувањето – 1 Ноември, тој нагласи дека избори ќе има, бидејќи истекува мандатот на претседателот и мандатот на парламентот. – Во однос на тоа кога точно ќе бидат изборите ќе може да биде информирана јавноста кога ќе се постигне договор во однос на точниот тајминг во рамки на Парламентот. Парламентот ќе…

Read More

План според која Европската унија ќе инвестира шест милијарди евра за да им помогне на земјите од Западен Балкан во спроведувањето на реформите неопходни за европска интеграција е всушност вистинската порака на кратката турнеја на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. „Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина треба да ја искористат оваа можност за проширување на ЕУ и да работат на усогласување на нивните стандарди со стандардите на блокот“, рече шефицата на ЕК за време на нејзината посета на Скопје. Според статистиките Европската унија е наш најголем финансиски поддржувач. Досега, ЕУ има инвестирано…

Read More

Нацртот предложен  за Заедниците со општинско мнозинско српско население што од Европската унија, им беше претставен на Косово и Србија при посетата на 21 октомври, е објавен на дебатна емисија во една од косовските телевиии. вршителот на должноста  раководител на „Трепча“, Енис Абдурахмани донесе одлука за стопирање на исплатата за редовните дневници и за сите рудари кои штрајкуваа. Денеска се навршуваат девет дена од почетокот на штрајкот на рударите кои . бараат навремена реализација на месечната плата додека бараат и обезбедување услови за работа. Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во…

Read More

„Во подготовка сме на буџетот за следната година, предвидуваме антикризни мерки кои ќе бидат солидарни и правични, насочени кон сите, за граѓаните да може да ги поминат празниците со полна трпеза, мерките тоа ќе го гарантираат“, изјави заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, при неговото гостувањето во емисијата „Македонија наутро“, која се емитува на Националната радио телевизија. Вицепремиерот Битиќи истакна дека една од најранливите категории се пензионерите и кон нив ќе бидат насочени дел од антикризните мерки. „Вистински е потребата една категорија на граѓани која…

Read More

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Суштината на говорот на шефицата не бриселската администрација во Скопје не беше молба да влеземе во возот за Унијата, туку само едноставно објаснување дека билетот треба сами да си го купиме и за тоа одлучуваат тукашните  граѓани преку своите политичари: Нема никаков притисок, ама нема ниту молба, освен желбата да си размислиме можеби за последен пат за опцијата за иднината. И толку. Директивите за медиумите од Палатата „Христо Татарчев“ беа како во времето на Павел Шатев: Европа е ваква или онаква, ама ние не се даваме. Нема да влеземе во возот, а вие во Брисел мислете му ја…

Read More

Клубот „Брејк а Лег“ следната година, од 8 до 17 октомври го организира „Светското првенство“ во хип хоп и стрит денс шоу, што ќе се одржи во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Како што е наведено во соопштението, основачот на најуспешното студио за хип хоп и модерни танци во Македонија „Брејк а Лег“ Трајче Петковски го потпиша договорот за организирање на светското првенство на прес-конференцијата на Светската танцова организација (ИДО) што се одржа во Полска, во присуство на претседателот на ИДО Д-р Велибор Срдич, организаторите Ана Биали и Валдемар Кречко. Петковски истакна дека повеќе од 4500 натпреварувачи, од над…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден ќе стави вето на нацрт-законот за помош на Израел, доколку Конгресот го одобри во сегашната форма без да ја спомене Украина, јавија американските медиуми повикувајќи се на службата за буџет на Белата куќа. Во октомври Белата куќа побара од Конгресот дополнителни средства за обезбедување помош на Украина и Израел, како и за спротиставување на Кина во азиско-пацифичкиот регион и за подобрување на безбедноста долж границата со Мексико. Администрацијата на Џо Бајден за тие цели побара 106 милијарди долари. Во понеделникот, републиканците во Претставничкиот дом поднесоа предлог-закон кој нема поддршка за Украина и предлага финансирањето на помошта…

Read More

„Министерството за култура се уште нема ништо преземено во врска со Универзална сала. Имаше само две гласања на седница на Советот на Град Скопје, каде советниците се согласија ингеренциите за реконструкција да преминат на министерството. Но, за да биде финализирано треба Град Скопје да го подготви договорот кој треба да го потпишеме јас како министерка и градоначалничката Арсовска“ рече министерката за кулутра Бисера Костадиновска-Стојчевска во утринската програма на МТВ. Таа додаде дека тоа досега не е случено и од изгласувањето на одлуката два пати се обратиле до Град Скопје, но за жал не добиле повратна информација. „Се добива впечаток дека…

Read More

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска по неговото пристигнување во Казахстан, повика да се зајакне соработката на Франција со земјата богата со природни ресурси од Централна Азија. „Енергијата (на нашето партнерство) ја покажува добрата стратешка насока што ја презедовме, но и потребата од продлабочување и забрзување, што е смислата на посетата“ и потпишаните договори, рече Макрон за време на неговата средба со казахстанскиот претседател Касам-Жомарт Токаев . „Франција е наш клучен и доверлив партнер во Европската унија“, нагласи Токаев. Макрон рече дека го поздравува „одбивањето“ на Казахстан да оди по „патот да стане вазал“. Како и другите централноазиски републики, Казахстан одржува…

Read More

„Изборот е Ваш, сите партии имаат одговорност за иднината на државата“ – изјави при посетата во Скопје, претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. Она што се издвои од нејзината посета на Скопје е што освен средбите со државните функционери, таа не се сретна со првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Лидерот на партијата која веќе неколку месеци става „кочници“ на интеграцијата на земјава во ЕУ, противејќи се на уставните измени. Пораките на Фон дер Лајен, но и многу меѓународни пријатели на Северна Македонија, Соединетите Американски Држави и многу моќни земји од ЕУ се охрабрувачки за политичкиот фактор во…

Read More

Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) соопшти дека од 7 октомври кога почна конфликтот помеѓу Израел и Хамас, за краток период загинале вкупно 29 новинари. Според ИФЈ, најмалку 24 палестински новинари се убиени, неколку се повредени, а други се водат како исчезнати за време на тековните воени операции помеѓу Хамас и Израел во Појасот Газа. ИФЈ и Синдикатот на палестинските новинари (ПЈС) ги осудуваат убиствата и континуираните напади врз новинарите. ИФЈ повикува на итна истрага за смртта на новинарите, почитување на меѓународните закони, при тоа потенцирајќи дека злосторствата против новинарите не смеат да останат неказнети. Меѓународната федерација на новинари истакнува дека…

Read More