Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ако не поминат уставните измени, за прв пат си ставаме самите на себе вето на патот кон ЕУ

0
By Ана Василевска on November 1, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 1, 2023 10:27

„Изборот е Ваш, сите партии имаат одговорност за иднината на државата“ – изјави при посетата во Скопје, претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Она што се издвои од нејзината посета на Скопје е што освен средбите со државните функционери, таа не се сретна со првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Лидерот на партијата која веќе неколку месеци става „кочници“ на интеграцијата на земјава во ЕУ, противејќи се на уставните измени.

Пораките на Фон дер Лајен, но и многу меѓународни пријатели на Северна Македонија, Соединетите Американски Држави и многу моќни земји од ЕУ се охрабрувачки за политичкиот фактор во земјата, да рефлектира, поддржувајќи ги уставните измени, а со тоа и европската иднина на државата.

Но, кој е единствениот фактор што го кочи непречениот пат на државата кон ЕУ? Дали е тоа опозициската ВМРО ДПМНЕ со неприфаќање на уставните измени?

Сељадин Џезаири
Сељадин Џезаири

Селадин Џезаири од Балканскиот институт за регионална соработка – БИРС, за „Фронтлајн“ вели со право Фон дер Лајен кажа – дека изборот е наш, посочувајќи ги нашите политички партии да ја потврдат на дело својата досегашна вербална заложба за европската иднина на државата

– Да, со право кажа Фон дер Лајен – дека изборот е наш, посочувајќи ги нашите политички партии да ја потврдат на дело својата досегашна вербална заложба за европската иднина на државата. Чинам, сепак, дека во дел од политичкиот спектар од македонскиот блок, повеќе се води грижа за резултатите во следните претседателски и парламентарни избори, отколку за натамошен прогрес во пристапниот процес за полноправно членство во европското семејство. Пораката на Брисел и Вашингтон е недвосмислена и против таа позната балканската логика „ем…ем…”. Ако не поминат уставните измени, за прв пат дражавата ќе стави вето самата на себе, смета Џезаири.

Тој нагласи дека ЕУ функционира со утврдени правила на играта.

– Промена на Уставот, која е обврска од Францускиот предлог, е услов кој мора да се исполнува. Оттука, чинам дека македонската опозиција треба да поентира токму на оваа прашање, особено по изјавата на Фон дер Лајен дека Унијата останува отворена за Северна Македонија, при што нагласи дека етничките Македонци имаат уникатен идентитет и посебен македонски јазик. Нема поголема гаранција за идентитетот, на што инсистира Мицкоски, од нејзината изјава дека во ЕУ веќе има 24 различни официјални јазици, и дека еден ден ќе го вброи и македонскиот јазик, подвлекува тој.

Затоа, додава Џезаири, склон сум да верувам дека во моментот топката е на теренот на ВМРО-ДПМНЕ, која ги има и сите надворешни гаранции дека понатаму нема да има „исполнување на бугарски желби”.

– Во спротивно, стравувам дека влошувањето на надворешните текови, при што не мислам само на руската агресија во Украина или најновите судири помеѓу Израел и Палестина, може да се простира и кај нас и од тоа никој, ама баш никој нема да има никаков ќар, нагласи Селадин Џезаири од Балканскиот институт за регионална соработка – БИРС.

Мухамед Халили

Поранешниот амбасадор Мухамед Халили, смета дека единствениот фактор што го кочи европскиот пат на државата е непрестајното јакнење на корупцијата и криминалот на високите функционери.

– Не значи дека уставните измени ќе се изгласат. Не се сите политичари корумпирани. ЕУ треба да ги изолира корумпираните, а не државата. Не се граѓаните криви. Тие се немоќни. ЕУ треба да го следи примерот на САД, изјави Халили за „Фронтлајн“.

Урсула фон дер Лајен

Урсула фон дер Лајен при посетата на Скопје изјави дека сите партии во земјата треба да поддржат уставните измени и да го искористат отворениот прозорец.

Се работи за вашата иднина, за вашиот избор и сите партии имаат одговорност за иднината на Северна Македонија. Ние сакаме Северна Македонија да биде членка на ЕУ и се надевам дека движењето напред ќе биде добро и поддржано од широко мнозинство“, рече Фон дер Лајен, додавајќи дека процесот на пристапување се заснова на услуги, па „колку побрзо одат реформите, толку побрзо ќе влезете во ЕУ“.

Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Собранието се противи на уставните измени, за кои сметаат дека се под „бугарски диктат“. За време на посетата на Скопје, претседателката на ЕК не се сретна со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Таа вели дека вообичаено кога оди во посета на некоја земја се среќава со Претседателот или со Премиерот на државата.

Процесот за уставни измени со кои во македонскиот Устав треба да се внесат и Бугарите, започна во август во македонското Собрание, но застана истиот ден. За да се усвојат измените потребно е за нив да гласаат две третини од 120-те пратеници во Собранието.

Дестан Јонузи

Извор: Фронтлајн.мк

ВМРО-ДПМНЕ ЕУ интеграции Урсула фон дер Лајен уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.