Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
ЕКСКЛУЗИВЕН коментар на Амбасадорката на Украина, Н.Е. Лариса Дир, според резултатите од Третиот состанок на советниците за национална безбедност и советниците за надворешна политика во врска со имплементација на Формулата за мир, што се одржа во Малта на 28-29 октомври 2023 година. Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија На 28-29 октомври 2023 година, во Малта се одржа третиот состанок во врска со реализација на Формулата за мир на Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на ниво на советници за национална безбедност и советници за надворешна политика. Во дискусијата за клучните принципи на мирот во…
Турското Министерство за надворешни работи најостро го осуди воздушниот напад врз болницата раководена од Турција во Појасот Газа, кој, според него, го извршил Израел, нарекувајќи го „нехуман напад“ што го крши меѓународното право и ги лишува Палестинците од нивните основни права, објави „Хуриет дејли њуз“. Во објавеното соопштение, Анкара го изразува својот бес поради „нападот на 30 октомври врз болницата, која е единствената медицинска установа во Газа наменета за пациентите со онколошки заболувања“. Министерството нагласи дека сите потребни информации, вклучително и координатите на „Болницата за турско-палестинско пријателство“, биле однапред споделени со израелските власти, што го прави ударот „неоправдан“. „Нема никакво…
Ако сакаме да имаме одржлива држава треба да ни бидат трите пилари битни, економскиот, социјалниот и животната средина. Ниедно не смее да му смета на другото. Мора да има баланс. Кога ќе има балансиран развој на секој пилар, ќе имате одржлива држава“, изјави министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, во интервју за ЗЕЛЕН Цивил. Министерката зборуваше и за приоритетите на министерството, перспективите на клучните зелени прашања, но и предизвиците и реалните состојби во креирање и имплементирање на зелените политика. ЗЕЛЕН Цивил: Колку е реална зелената агенда на Северна Македонија? Шукова: Зелената агенда ќе биде реалност во…
Актуелниот претседател на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) Маркус Зодер денеска беше потврден за лидер на партијата на почетокот на дводневниот партиски конгрес во Минхен. Зодер беше избран со 91,3 отсто од гласовите, што набљудувачите го сметаат за успех пред се поради контроверзните реформи во партијата што Содер ги иницираше откако го презеде раководството на ЦСУ на почетокот на годината. Зодер, кој ја извршуваше и функцијата баварски премиер од минатата година, во говорот пред изборите жестоко ги нападна партиите Зелените и Алтернатива за Германија (АфД), кои на последните избори се покажаа како главни конкуренти на ЦСУ која ја претставува демохристијанската опција во…
Јумна Ел Сајед, дописничка на Ал Џезира од Газа, објави дека нејзиното семејство добило закани од израелските сили да го напуштат својот дом во градот Газа. Додека ја раскажуваше својата сторија, во позадина се слушаа силни детонации од континуираното бомбардирање на Газа. Таа, во изјава во вестите на Ал Џазира, појасни дека повикот го добил нејзиниот сопруг, од приватен број, од лице што се претставило како припадник на израелската војска. Таа го оцени повикот за напуштање на домот, како директна закана по нејзиното семејство, бидејќи улиците во Газа се небезбедни поради постојаното бомбардирање, но и дека само нивното семејство…
Подготви: А. ВАСИЛЕВСКА Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен која вчера беше во официјална посета на Скопје и која важи за исклучително објективен и аргументиран политичар кога станува збор за проширувањето на ЕУ и условите што треба да ги исполнат земјите од Западен Балкан вклучително и Северна Македонија, е жена со исклучителна биографија. Нејзината едукација, работно искуство, личен живот е фасцинантен и ја вбројува меѓу оние политичарки што успеаа да остават силен впечаток во глобалните политички движења како Ангела Меркел, Маргарет Тачер итн… Како ќерка на политичар, е апсолутно свесна за моќта на политичките фигури, но хуманоста и…
ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Мора да има некое посебно одделение, ќелија, во внатрешната револуционерна организација со прекар ДПМНЕ која има единствена задача да процени кога e најдобро време за да пласираат содржини, настани, процеси… што треба да предизвикаат влошување на меѓуетничките односи во Македонија. Свечено може да прогласиме дека пеењето на химната во училиштата е најголемото остварување на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Сега треба уште да донесат одлука машките деца секое утро после химната во спортски шорцеви и по маички „рамбовки“ да вежбаат, а девојчињата со плетенки да им подаваат вода. Додуша ова второво повеќе ѝ личи на „Левица“, ама исто е тоа. Hepsi…
Руските војници во окупираната Волноваха, Донецка област, влегле во дом и убиле девет цивили, меѓу кои три жени и две деца, на возраст од пет и девет години, објави обвинителството на Донецката област на 30 октомври. Како што пренесува Кијив индипендент, според прелиминарната истрага, руски војници се приближиле до домот неколку дена претходно и побарале жителите да ја напуштат куќата за да можат да престојуваат таму. Жителите одбиле иако руските војници им се заканувале, а војниците си заминале. Тие се вратиле на 27 октомври, соопшти Обвинителството и ги застрелале сите девет членови на семејството додека спиеле. Истрагата сé уште е во…
Хакери добиле пристап до адресите на електронската пошта на околу 632.000 федерални службеници во американските министерства за одбрана и правда, јави синоќа агенцијата Блумберг повикувајќи се на Управата за кадри на САД. Според достапните информации, кибер нападот се случил на 28 и 29 мај, а за него е осомничена хакерската група Clop наводно поврзана со Русија. Според извештајот, со упадот злосторниците можеле да добијат пристап до податоците со употреба на програмата за трансфер на фајлови MOVEit. Федерални службеници за кибер криминал претходно потврдија дека владини агенции биле компромитирани од нападот, но не споделија доволно за големината на нападот, ниту пак…
Институтот за медиуми и аналитика ИМА ја промовираше публикацијата: „Во(н) фокусот на медиумите: Демократски институции, владеење на правото и реформи во јавната администрација“ – извештај од мониторинг на медиумите за темите: „демократски институции“, „владеење на правото“ и „реформа на јавна администрација“. Публикацијата е дел од активностите на проектот „Преку деполаризација до демократски, стабилни и инклузивни институции: Придонес на граѓанското општество“, што го спроведуваат Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИОХН-С), Институтот за медиуми и аналитика (ИМА), Балканскиот институт за регионална соработка (БИРС) и Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“. Проектот е финансиски поддржан од Владата…
Француската полиција отвори оган и рани жена која упатувала закани на железничка станица во Париз, изјави полициски извор за француски медиуми. Според очевидци, жената, која била целосно прекриена, извикувала „Алаху акбар“ („Бог е најголем“) и се заканувала дека ќе детонира бомба, изјави изворот, пренесува францускиот портал Локал. Според изворот, „полицијата пукала затоа што се плашела за својата безбедност“. Жената е ранета во стомак и е во критична здравствена состојба. Полицијата не пронашла експлозивна направа.
ЉУБИША НИКОЛОВСКИ Изборот за претседател од секогаш бил посебен изборен процес и граѓаните имаат право со сето свое внимание да се посветат на изборот на кандидатот за претседател. Граѓаните досега го препознавале значењето на функцијата претседател и историјата покажува дека гласовите што ги давале на претседателските избори речиси секогаш биле драстично повисоки од оние на партиите, па дури и од партијата која на парламентарните избори тие самите ја подржувале. Зошто во јавниот дискурс се наметна мислење дека редовните претседателски избори не треба да се одржат засебно, во редовниот термин, независно од парламентарните кои треба да следат два месеци подоцна! Всушност…