Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Црна Гора е поблиску до Европска Унија од другите кандидати и верувам дека перспективата за полноправно членство на нашата земја во ЕУ пред 2030 година е сосема реална и можна, изјави претседателот на државата Јаков Милатовиќ на заедничката прес-конференција со претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен. Милатовиќ изрази задоволство што по „години на попасивен однос кон Западен Балкан и долг период на размислување за судбината на процесот на проширување, овие прашања повторно се на врвот на агендата на ЕУ“. Фон дер Лајен наведе дека проширувањето е на врвот на приоритетите на ЕУ. – Црна Гора долго време е…
Жител на Скопје минатата година остварил и пријавил 446 милиони денари годишен бруто доход. Највисока годишна бруто плата во 2022 година исплатена е на граѓанин од Скопје во дејноста трговија на големо со производи од тутун и изнесува 144 милиони денари, покажуваат податоците што ги објави денеска на прес-конференција Управата за јавни приходи. Како што информира директорката на УЈП Сања Лукаревска, највисокото лично примање по основ на извршена работа го пријавил граѓанин од Скопје и изнесува 280,6 милиони денари на годишно ниво, а доходот е остварен во странство. На врвот на листата за исплата на највисок доход од самостојно вршење…
ЕУ нема да прифати исход на КОП28 на кој би биле постигнати договори само за помалку спорни теми, како зголемена употреба на обновливи енергетски извори, но не и за покомплицираните прашања, како што е постепеното исфрлање од употреба на фосилните горива, порача еврокомесарот за климатска акција Вопке Хоекстра во Абу Даби, каде учествува на подготвителниот состанок во пресрет на Самитот за климата (КОП28), што ќе започне на крајот на следниот месец во Дубаи. Според него, како што јави дописникот на МИА од Брисел, справувањето со климатските проблеми не е мени, па да се избере што од него би сакале да…
Пратениците во црногорскиот парламент утрово ја избраа новата влада предводена од премиерот Милојко Спајиќ, по дискусијата која траеше цела ноќ и беше одбележана со остра дебата меѓу поранешниот премиер Дритан Абазовиќ и Спајиќ. По изборот, Владата денеска ќе се одржи нова седница на која ќе се одложи пописот на граѓаните што требаше да почне утре и кој опозицијата имаше намера да го бојкотира. Владата е поддржана од коалицијата За иднината на Црна Гора, која се состои од поранешни членови на Демократскиот фронт (ДФ). Претходно за претседател на Собранието беше избран еден од лидерите на таа алијанса Андрија Мандиќ. За владата…
„Две години после локалните избори каде се случија многу смени на градоначалници, сепак ние и пошироката јавност не сме виделе големи промени во одредени општини или во многу општини каде со доаѓањето на нови кадри се сметаше дека ќе има напредок и развој на локалните самоуправи“, вели за „Фронтлајн“ – претседателот на НВО „Пулсот на Демократијата“ – Енвер Салихи, коментирајќи ја двегодишната работа на општинските челници, кои во мнозинството општини се кадри на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. – Најголемо разочарување е Град Скопје кое хаотично се развива и рака на срце од сите страни е блокирано па кога би бил било кој…
Амбасадорот Љубомир Фрчковски, како што рече премиерот, бил известен за овој став на Владата преку Министерството за надворешни работи Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска ја потврди одлуката на Северна Македонија која гласаше воздржано за Резолуцијата за итно хуманитарно примирје во Појасот Газа, донесена во петокот на Генералното собрание на Обединетите нации. „Одлучивме да гласаме воздржано за Резолуцијата со која се повикува на итно хуманитарно примирје во Појасот Газа поради отсуството на спомнувањето на она што Хамас го направи на 7 октомври. Тоа не ни остави простор за поинаков пристап во однос на гласањето. Тоа беше став на Владата, а за…
Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Вчера, ценети читатели, напишавме текст за литература, а денес ќе се обидеме да расчлениме што е тоа „брак од национален интерес“. Верувам дека откако ќе ја прочитате оваа метафора ќе речете дека се работи за тешка будалштина. И ќе бидете во право. Зарем малку пати на ова место сме расправале дека „национален интерес“ е ништо друго освен идеална маска за најличните интереси и најличните страсти. Исто така, на ова место безброј пати сме расправале дека околу „големите идеи“ и „тешките зборови“ се екипирале најсомнителни типови со малечка памет, ама со големи и аздисани задници. Сè ова, имено, одамна…
Исидора Стеваноска е автор на повеќеслојното дело кое што дава вредни знаења за човековото тело и еколошката свест, навлегува во областа на емоционалната интелигенција и емпатијата. Авторката, водена од желбата и можноста позитивно да влијае на сечиј живот, а особено таму каде што е клучно при развојот на личноста, ја пишува “Хероите на хармонијата”, која всушност претставува истражување на природата, телото и чувствата. Со своите ненаметливи реплики “Хероите на хармонијата” претставува спој на наука, критичко размислување, искуство и многу љубов кон себеси и околината. “Хероите на хармонијата” е неповторливо четиво, пред се, за децата и тинејџерите, но и за читателите…
Поради ескалацијата на насилството во Демократска Република Конго во земјата има рекордни 6,9 милиони внатрешно раселени лица, соопшти денеска Агенцијата на ОН за бегалци – УНХЦР, пренесе Би-би-си. Организацијата наведува дека најголем дел од раселените луѓе живеат на истокот, каде што конфликтите се најсилни. Само во провинцијата Северен Киву, речиси милион лица морале да ги напуштат своите домови поради борбата на владата со бунтовничките сили „М23“. УНХЦР предупредува дека ДР Конго се соочува со една од најголемите миграциски и хуманитарни кризи во светот.
Премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која е во официјалната посета на државава, денеска ја посетија компанијата „Џанвики ДОО“, која е специјализирана за преработка на зеленчук и овошје. Како што информира владината прес-служба, овој индустриски капацитет е поддржан со претпристапна помош на ЕУ за рурален развој, ИПАРД 2, преку поддршка за изградба на објект за потребите на компанијата, како и соодветна опрема за процесот на производство. Со износот од околу 2,3 милиони евра обезбедени преку ЕУ фондовите, ова е најголемиот ИПАРД проект во Северна Македонија. Се работи за семеен бизнис, каде главно се вработени…
ТОНИ ПОПОВСКИ Изборите се навистина добредојдени за да конечно кажеме „ДА“ на веќе конструираната брза лента за влез во ЕУ во 2030 година и попатно на преговарачката маса да ги адресираме нашите најголеми загрижености или да кажеме „ДА“ на парализата на нашето чекорење кон ЕУ и „парализирани“ да го дочекаме извесното продлабочување на глобалната безбедносна криза со поврзани социо-економски последици. Пред една седмица беа јавно презентирани наодите од новата телефонска анкета на „Евротинк“ спроведена од страна на агенцијата Брима од Скопје во периодот од 4 до 21 септември 2023 година во рамки на нивното повеќегодишно истражување „Еврометар“, па оттаму и…
Вашингтон е „длабоко загрижен поради драматичното зголемување на антисемитските инциденти“, изјави специјалниот претставник на САД за следење и борба против антисемитизмот, Дебора Липстад, додека претставник на ЕУ изјави дека антисемитизмот е „длабоко вграден расизам во европското општество“. „Владите, органите на прогонот и групите на заедницата во Европа, Латинска Америка, Австралија, Јужна Африка, Северна Америка, Русија и на други места пријавија нагло зголемување на антисемитските инциденти, реторика и поттикнувања во последните три недели“, рече Липстад. Таа додаде дека Евреите биле малтретирани и нападнати во текот на октомври, но и дека имало хакерски напади на еврејски веб-страници, поврзувајќи ги тие инциденти со…