Author: Ана Василевска

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се соочува со критики за нејзина наводна пристрасност во конфликтот меѓу Израел и Хамас, јави дописникот на МИА од Брисел. Според „Еурактив“, околу 850 претставници на ЕУ и на земјите членки минатата недела испратиле писмо до ЕК, во кое и забележуваат на Фон дер Лајен дека на вонредниот Самит на Унијата на 17 октомври и при нејзината посета на Израел на 13 октомври, „не потенцирала“ дека Израел мора да го почитува меѓународното хуманитарно право во својот одговор на нападот на Хамас, како и што направиле други лидери на блокот. По ова уследи…

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Еден од столбовите на кампањата на Мицковски што трае од првиот ден кога стапи на функцијата шеф на вмро (23 декември 2017 година) – се урна како кула од карти. Илјадници негови јавни настапи почнуваа и завршуваа со барањето за предвремени избори. Многу често и немаше друга порака, освен предвремени избори, така што многу малку му остануваше да каже кога избори навистина се одржуваа, бидејќи политичкото деноноќие му беше исполнето токму со тоа барање. Некогаш луто, некогаш хистерично, а често и плачливо, овој вообичаено неконзистентен лик, имаше една константа. Речиси шест години, секој ден, најмалку по еднаш, бараше…

Read More

Република Северна Македонија и МВР е домаќин на Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи, во рамки на Претседателството на Кралството Шпанија со Советот на Европската Унија, што ќе се одржува денеска и утре во Скопје. Како што соопшти МВР, на дводневниот форум кој ќе се одржува во Собранието, ќе учествуваат министри за правда и внатрешни работи на државите од Западен Балкан и на државите на Европската Унија кои го претставуваат актуелниот претседавач Кралството Шпанија и наредните две држави претседавачи Белгија и Унгарија, европските комесари кои се надлежни за внатрешни работи и правда, директорите на европските…

Read More

Министерството за култура на Северна Македонија вложува сериозни напори за поголема промоција и афирмација на македонското творештво и оттука размената со големите библиотечни институции е од непроценливо значење за нашата држава. Верувам дека наскоро ќе имаме проекти кои ќе значат размена и збогатување на библиотеките од двете држави, како и потпишување меморандум во кој би можеле да бидат преточени и конкретни иницијативи изјави министерката за култура. Ова го истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска за време на посетата на Школата за словенски и источноевропски студии (UCL SSEES) при Универзитетскиот колеџ во Лондон каде што, меѓу другите јазици, се изучува…

Read More

Агенцијата за основни права на европските граѓани (ФПА) објави истражување за порастот на расизмот во земјите членки на Европската Унија, а најлоши резултати се забележани во Германија, Австрија и Финска. Извештајот посочува на зголемување на расната дискриминација за 20 отсто во споредба со претходното истражување. Дискриминираните пријавиле расизам во речиси секоја сфера од животот – од образование до пазарот на труд. Истражувањето на Агенцијата наведува дека расизмот е „проширен“ и „немилосрден“ и дека мнозинството од испитаниците со африканско потекло постојано пријавувале некаков облик на расна дискриминација – од вербално злоставување на деца до неможност да најдат стан поради бојата на…

Read More

Судството не смее да биде под притисок на политиката и не треба да се дозволи мешање на другите власти во донесувањето на судските одлуки кои мора да се засновани на законите, беше истакнато на денешната средба меѓу претседателката на Врховниот суд Беса Адеми и амбасадорката на САД Ангела Агелер, на која присуствуваа и другите судии од највисокиот судски орган. -Потребно е да се почитува уставното начело на поделба на власта, а судиите да бидат ослободени од какви било влијанија. Суштинска улога за независноста на судството има и транспарентноста како еден од најважните фактори за јавната перцепција и доверба. Од големо…

Read More

Израел ќе ги запре визите за претставници на ОН по коментарите на генералниот секретар Антонио Гутереш за кризата на Блискиот Исток, изјави во средата израелскиот амбасадор во ОН, пишува CNN. Меѓу неговите забелешки во вторникот до Советот за безбедност, Гутереш рече дека нападите на Хамас на 7 октомври врз Израел „не се случија во вакуум“. „Како резултат на ова, ќе одбиеме визи за претставниците на ОН“, изјави амбасадорот Гилад Ердан за радиото на израелската армија во средата. Израел веќе го отфрли барањето за виза од страна на заменик-генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања и координатор за итна помош, Мартин Грифитс,…

Read More

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти се поканети во Брисел на серија индивидуални средби со одредени лидери на Унијата за време на Самитот на ЕУ, што ќе се одржи утре и задутре во Брисел, изјави на денешниот редовен брифинг портпаролот на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано. – Идејата на овие средби е да се одржат на маргините на Самитот, како поддршка на напорите за обнова на дијалогот. Главната порака на ЕУ е: Очекуваме двете страни, Косово и Србија целосно и безусловно да се посветат на исполнување на нивните обврски произлезени од дијалогот, истакна…

Read More

Градоначалничката на Град Скопје ја доби целосната доверба на Европската народна партија (EPP European People’s Party) сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ и едногласно беше избрана на висока функција во структурите на партијата во рамки на Конгресот. Арсовска на предлог на претседателството на Европската народна партијата во Конгресот едногласно беше избрана за потпретседател на Европската народна партија за локални власти, додека за претседател на Европската народна партија за локални власти беше избран Андерс Кнапе. Ова е навидум една позитивна вест која поради пукањто во „Ист Гејт Мол“ и дневно политичките настани помина речиси незабележително“, ама се поставува прашањето зошто сестринската партија ја…

Read More

Во просториите на Министерството за внатрешни работи, денеска свечено беше пуштен во употреба новиот објект на Одделот за форензички испитувања при МВР, капитален проект финансиран преку ИПА пристапната помош на Европската Унија. Преку овој проект, обезбедена специјализирана форензичка опрема, како и изградбата на зградата во кој сместен овој Оддел, во вредност од од 3,6 милиони евра. Премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на свеченоста рече дека првпат во историјата на службата за форензички испитувања во земјава на вакво високо ниво се унапредуваат условите за работа на припадниците на МВР. -Од друга страна овие модерни и добро опремени форензички лаборатории, ќе бидат…

Read More

Вечерва во 19 часот во галеријата ОСТЕН по повод раѓањето на Пикасо, се отвора самостојната изложба на слики на Камелија Отеро од Франција, насловена „Јас и Пикасо“. „Остен организира и ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје 2024, што е манифестација отворена за сè што е ново и е многу посеопфатно од традиционалното, давајќи предност на дела кои ги разбиваат старите и излитени ликовни матрици, дела кои имаат специфичен авторски белег или навестуваат обид за исчекор надвор од востановените академски правила, во слободниот простор на создавањето. Биеналето ги предизвиува уметниците да ги поместат конвенционалните граници, како од аспект на користењето на техниките, алатките и…

Read More

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека палестинската милитантна група Хамас не е терористичка, туку ослободителна организација која се бори да ја заштити својата земја. Во обраќањето до членовите на неговата партија во парламентот, Ердоган рече дека Израел ги искористи добрите намери на Турција и дека нема да оди во Израел како што претходно беше планирано, пренесуваат британските медиуми. Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидам претходно денеска најави дека израелската копнена операција во Газа ќе го претвори тамошниот конфликт во масакр. На заедничка прес-конференција со неговиот катарски колега во Доха, Фидан кажа дека оние кои ги поддржуваат акциите на…

Read More