Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промени во Уставот, за кои е потребно двотретинско мнозинство, затоа што нема никаква гаранција дека со тоа ќе се затвораат сите отворени прашања помеѓу Македонија и Бугарија. – И дека до самото членство на Македонија во ЕУ, нема да имаме повеќе вакви хегемонски барања од страна на политичарите кај нашиот источен сосед, изјави Мицкоски. Тој посочи дека министерот за надворешни работи Бујар Османи продолжувал, како што рече, да не ја говори вистината и да го манипулира народот, бидејќи тоа што се слушало од Софија е дека сигурно ќе…
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.К.(28) и М.М.(43), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик. „На 05.05.2022 во 12.20 часот во угостителски објект на улица „Методија Шаторов – Шарло“ во Скопје, пријавените физички го нападнале М.Т.(28) од Скопје и оштетиле дел од инвентарот. По преземени мерки, тие биле пронајдени и лишени од слобода од полициски службеници од Одделението за насилен криминал при СВР Скопје“, велат од полицијата. Од страна на судија на претходна постапка на пријавените лица им е одредена мерка притвор.
Во Париз денеска се одржа церемонијата на инаугурација на францускиот претседател Емануел Макрон, кој беше реизбран за петгодишен мандат, јавуваат француските медиуми. На церемонијата во Елисејската палата, на која присуствуваа околу 450 гости, претседателот на Бордот на директори, Лоран Фабиис, најпрво ги објави официјалните резултати од претседателските избори, одржани на 24 април, на кои Макрон освои мнозинство гласови. Во својот говор, Макрон повика на силна акција за да се направи Франција „понезависна нација“ и да се „изгради француски и европски одговор на предизвиците на нашиот век“.
За да сопре војната меѓу Русија и УКраина, чекорот би требало да биде враќање на ситуацијата од 23 февруари, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Би-би-си. „Ме избра народот на Украина за претседател на Украина, а не за претседател на некој вид на мини-Украина. Ова е многу важна точка“, додаде Зеленски. Повикувањето на ситуацијата од 23 февруари сугерира дека Украина можеби повеќе нема да инсистира на повторно враќање на Крим пред склучувањето мир со Русија. Полуостровот пред осум години беше припоен кон Русија. Зеленски повика на продолжување на дипломатскиот дијалог меѓу Русија и Украина: „И покрај фактот што ги уништија…
Албанскиот премиер Еди Рама, во обраќањето на седница на Собранието на неговата Социјалистичка партија, го нападна Специјалното јавно обвнителство, СПАК, велејќи дека на оваа институција и истекува времето за да ги истражи Сали Бериша, Илир Мета, судии и обвинители. Тој рече дека СПАК го истражувало судијата од Врховниот суд Дворани, но ги ослободил оние што имаат вили и кои го оцрниле образот на Албанија со голема корупција. Го спомена поранешниот албански претседател и експремиер Сали Бериша, нарекувајќи го „голем нон грата“ и актуелниот претседател Илир Мета „кого цела Албанија сака да го види пред СПАК“. – Ја предводев оваа реформа…
Поради уличната трака насловена „Халк Еко Скопје трча 10К“, организирана од страна на Сојуз на спортови на Скопје, утре ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во Општина Центар, од 8.30 до 10.30 часот. – Натпреварувачите ќе се движат по булeварот.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, лево во продолжение до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, десно (во десниот коловоз гледано кон Ѓорче Петров) до Влајков Мост каде што вртат полукружно и назад во истиот коловоз до крстосница со ул.„Љубљанска“ каде што вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта на локација Фонтана на…
Европското движење на Македонија во соработка со Делегацијата на ЕУ и оваа година го одржа Традиционалниот планинарски марш до Водно по повод Европскиот ден на знамето, при што порачаа дека манифестацијата има за цел да го афирмира спортот и планинарските рекреативни активности, кои би требало во нашата држава да бидат значително поразвиени, отколку што се во моментов, поради планинскиот карактер на нашата држава. Евроамбасадорот Дејвид Гир и претседателката на Европското движење Милева Ѓуровска, пред седиштето на ЕУ во Скопје ги разменија македонското и знамето на Европската Унија, со што традиционално и симболично го означија почетокот на „Планинарскиот марш 2022“. Потоа…
Можеби ова е единствената и последна шанса за да се спасат односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, затоа што понатаму Владата ќе има се помалку и се поразредена политичка енергија, но и целото општество да се посвети на едно прашање кое што троши и политичка енергија, но се разбира ги троши и граѓаните во овие континуирани циклуси на надежи и на фрустрации, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција. Министерот смета дека се должни да не ги изложат граѓаните на такви, како што кажа, бесконечни фрустрации и разочарувања и дека ќе треба еден ден да се стави…
Стабилност и сигурност во испораката на електрична и топлинската енергија беше обезбедена и во услови на голема енергетска криза која што започна во втората половина од 2021 година, а беа прифатени и предлозите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за намалување на ДДВ и проширување на опфатот на ранливите категории кои добиваат финансиска помош за плаќање на сметките за електрична и топлинска енергија. Ова се наведува во Годишниот извештај за работа на РКЕ што беше усвоен од Собранието. Марко Бислимоски, претседател на РКЕ изјави дека високите берзански цени на енергенсите минатата година неколку кратно се зголемија поради…
Вкупните загуби на Русија во војната против Украина надминаа 25.000 војници, соопшти денеска Генералштабот на украинските вооружени сили. Според украинскиот Генералштаб, уништени се 1.122 тенкови, 2.713 оклопни борбени возила, 509 артилериски системи и 84 системи за противвоздушна одбрана. Исто така, се тврди дека се уништени 199 авиони, 155 хеликоптери, 155 бродови и чамци, 341 беспилотни летала и 90 крстосувачки ракети
Демократскиот сојуз ја повикува Владата да побара поддршка од земјите членки на НАТО кои се истовремено членки на ЕУ, да обезбедат деблокада на почетокот на преговорите на Македонија со Европската Унија. „Влијателните членки на ЕУ, како Германија и Франција, можат да издејствуваат Бугарија да го тргне ветото за почеток на преговорите без било какви условувања и уцени, бидејќи барањата на официјална Софија се спротивни на европските критериуми и анахрони на 21 век“, велат од партијата на Павле Трајанов. Партијата изразува резерви кон искажаните ставови на државно-политичкиот врв дека има единствен став кај партиите од власта и опозицијата, Бугарите да бидат…
Новите закани коишто ги донесе корона-кризата докажаа дека банкарскиот сектор во регионот и кај нас е отпорен на шокови и има капацитет да им одговори на предизвиците коишто можат да произлезат од руско-украинскиот конфликт. За заштита на економиите и финансиските системи, важно е монетарната политика постепено да се враќа во нормална состојба. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на Десеттиот годишен состанок на гувернери и банкари од регионот, којшто се одржува во Ровињ, Хрватска. Зборувајќи за банкарскиот сектор кај нас, гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека банките го одржаа кредитниот циклус во сложените услови на пандемијата, додека…