Вкупните загуби на Русија во војната против Украина надминаа 25.000 војници, соопшти денеска Генералштабот на украинските вооружени сили.

Според украинскиот Генералштаб, уништени се 1.122 тенкови, 2.713 оклопни борбени возила, 509 артилериски системи и 84 системи за противвоздушна одбрана.

Исто така, се тврди дека се уништени 199 авиони, 155 хеликоптери, 155 бродови и чамци, 341 беспилотни летала и 90 крстосувачки ракети