Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
По повеќе од месец од стартот на комерцијалните летови на релацијата Софија-Скопје вчера се отвори прашањето за нејзиното натамошно опстојување откако дел од медиумите објавија дека „Гуливер“, авиокомпанијата која го опслужува летот, нема да продава билети по 21-ви месецов, но авиопревозникот, како и бугарскиот министер за транспорт Николај Сабев тврдат дека авиолинијата ќе опстои. -Летовите помеѓу Скопје и Софија ќе останат и по 15 мај. Остануваат и летовите меѓу Софија и Тирана, во моментов операторот на летот е пред промена, рече вчера Сабев во изјава за МИА. Од „Гуливер“, пак, соопштија дека во моментов не планираат да ги прекинат летовите…
Најмалку 27 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Украина, во северозападниот округ Ровенска. Во несреќата, која се случила вчера вечерта, учествувале комбе, автобус и цистерна. По судирот избил и пожар. -Само 12 од 38 патници од автобусот преживеале, изјавил Герашченко. Според првичните информации за несреќата виновен е возачот на комбето кој починал. „Страна дејли“ пишува дека оваа сообраќајна несреќа е најголемата која се случила на украинските патишта во изминатата деценија. https://www.youtube.com/watch?v=0Ohkfu–1i8&feature=emb_title
На Украина ќе ѝ бидат потребни околу 600 милијарди долари за обнова на економијата и инфраструктурата по завршувањето на руската операција, изјави претседателот Влaдимир Зеленски на средба на високо ниво организирана од „Волстрит џурнал“. – Сигурен сум дека по победата ќе направиме сè доволно брзо – рече Зеленски. Тој вети и дека ќе создаде атрактивна инвестициска клима за странските компании. – Ќе добиете пристап до нашата земја, до нашиот пазар од над 40 милиони – рече украинскиот претседател. Украинскиот премиер Денис Шмигал беше првиот што спомна 600 милијарди долари. Тој рече дека сумата ќе биде потребна за обнова на економијата…
Пред Парламентот на Бугарија ќе се одржат два протеста поради гласањето за воена помош за Украина Пред Народното собрание на Бугарија ќе бидат организирани два протеста – едниот за, а другиот против давање воена помош за Украина, јави дописникот на МИА од Софија. Во неколку големи градови во Бугарија вчера имаше протести против давање воена помош за Украина. Претседателот на Бугарија Румен Радев од Пловдив вчера ги критикуваше плановите на владата во Софија за воено-техничка помош на Украина. Поборниците на идејата Бугарија да им се придружи на земјите кои ја поддржуваат Украина со воена помош се собираат пред официјалниот влез…
Во земјава денеска се одбележуваат 119 години од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев. Собраниска делегација предводена од потпретседателот на Парламентот Горан Мисовски и пратениците Марија Георгиевска и Бети Стаменкоска-Трајкоска денеска ќе положат цвеќе во црквата „Свети Спас“, на гробот на Гоце Делчев. Цвеќе ќе положат делегации од други државни институции, здруженија и граѓани. Воедно, во Собранието ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2022 година за особено значајни остварувања од интерес за Република Северна Македонија од областа на науката. Револуционерот Делчев на денешен ден во 1903 бил убиен од турската војска во селото Баница, на…
Професионалната платформа за мрежно поврзување постигна спогодба со американското Министерство за труд во врска со наводите дека плаќала недоволно 686 вработени жени во Калифорнија од 2015 до 2017 година, соопштија официјални лица. LinkedIn, професионалната мрежна платформа, постигна договор со американското Министерство за труд да плати 1,8 милиони долари на вработени жени за кои агенцијата рече дека добиле многу помал надомест од нивните машки колеги од 2015 до 2017 година, соопшти Министерството во вторник. За време на рутинска евалуација, агенцијата откри дека дотичните жени биле платени „по статистички значајна пониска стапка“ од нивните машки колеги дури и откако биле земени предвид…
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за надворешна политика и Законодавно-правната комисија. Членовите на Комисијата за надворешна политика ќе дискутираат за Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за заемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (ОЕОС) и за Предлог-законот за ратификација на Спогодбата за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и на добиточна храна и фитосанитарна област во Западен Балкан. Овие точки ќе бидат разгледани и од членовите на Законодавно-правната комисија. На дневен ред на седницата се и Предлог-законот за…
Новиот извештај на Репортери без граници во кој се забележува скок во однос на слободата на медиумите во земјата не треба да значи дека битката за квалитетно новинарство и слобода е завршена. Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Младен Чадиковски истакна дека кога станува збор за безбедноста на новинарите и слободата на говорот во нашата земја релативната слобода во која сега живееме не смее да не залажува. „Без системски решенија што ќе гарантираат квалитетна медиумска содржина и независност на уредувачката и новинарската работа, цело време ќе се вртиме во круг. Време е за суштински промени кои ќе гарантираат слобода…
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 773 тестови, а регистриран е 21 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 9, Битола – 5, Кавадарци и Охрид – по 2, Штип, Кичево и Делчево – по 1. Од вкупниот број на позитивни (21), регистрирани се 5 реинфекции. Регистриран e 71 оздравен пациент од: Битола – 21, Скопје – 16, Кавадарци и Охрид – по 7, Кичево – 5, Прилеп и Берово – по 4, Куманово – 2, Штип, Кочани, Неготино, Ресен и Демир капија – по 1. Во текот на…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,73 % во однос на одлуката од 28.04.2022 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,510 ден/кг и сега ќе изнесува 52,294 ден/кг. Од 4.5.2022 година од 00:01 часот максималните…
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за примена на одмазднички економски мерки поради непријателските дејствија на „одредени странски држави и меѓународни организации“. Уредбата им забранува на федералните власти да водат бизнис со правни и физички лица во однос на кои се применуваат посебни економски мерки. Забрането е и исполнување на обврските кон лицата кои подлежат на санкции за извршените трансакции, дури и ако тие не се исполнети или не се целосно исполнети, пренесува РТ. Дополнително, документот не дозволува финансиски трансакции, од кои корист имаат луѓето под санкции. Во исто време, уредбата забранува извоз на производи и суровини произведени во земјата…
Кинеските власти подготвуваат болнички капацитети во Пекинг во случај на нов бран на епидемија на коронавирусот, иако бројот на новозаразени е сè уште низок. Државните медиуми денеска објавија дека болницата со 1.000 кревети во Сјаотангшан во североисточното предградие на Пекинг, која е изградена во 2003 година за лекување на лица заразени со САРС, била обновена во случај да се појави нов бран на инфекција на Ковид-19. Неофицијалните онлајн објави наведуваат дека илјадници кревети се подготвени во карантинскиот центар во близина на аеродромот, но државните медиуми не ја потврдија веста, веројатно во обид да не предизвикаат страв во јавноста. Во изминатите…