Author: Biljana

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 4.284 тестови, а регистрирани се 99 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 54, Битола – 23, Штип – 6, Тетово, Велес, Охрид и Кичево – по 3, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија и Радовиш – по 1. Од вкупниот број на позитивни (99), регистрирани се 13 реинфекции. Регистрирани сe 148 оздравени пациенти од: Скопје – 80, Битола – 26, Велес и Гостивар – по 7, Кавадарци – 5, Штип – 4, Охрид и Гевгелија – по 3, Куманово, Кочани, Струга и Неготино – по 2, Струмица, Ресен, Делчево, Виница и Пробиштип…

Read More

Полицијата добила дојава за бомба во Арена Центар во Загреб, потврдиле за Н1 од загрепската полиција. Евакуирани се сите од  објектот, пишуваат хрватските медиуми. Добиени се информации за можна експлозивна направа и заради заштита на животoт, областа се евакуира за увид и проверка, потврдија за Н1 од полициската управа на Загреб. Припадниците на специјалната единица во полициската управа во Загреб веднаш излегле на местото на настанот, а зградата на трговскиот центар, вклучувајќи ја и подземната гаража, се испразнети, додава полицијата. Вечерњи лист, повикувајќи се на неофицијални извори пренесува дека полицијата добила дојава за две експлозивни направи, а специјалната единица на…

Read More

Каде и да оди Македонија, ако се обезличи нигде нема ни да стигне. И како што тргнало Македонија и нигде да не стигне, Македонците веќе еден по еден секој ден се повеќе стигаат онаму каде што се стреми Македонија, вели владиката отец Пимен во ексклузивно интервју за Нова во пресрет на најголемиот христијански празник и христовото воскресение. Со отец Пимен разговараме и за тешкиот пат послан со трње по кој чекори Македонија, попречуван со груби провокации и бедеми од соседството, за македонскиот попис, за виртуелниот маркетинг на духовноста, за лудилото на војната…. НОВА: Господине отец Пимен Вие имате благородна мисија…

Read More

Руската армија денеска соопшти дека е подготвена да го почитува примирјето во секое време во целиот или дел од индустрискиот комплекс „Азовстал“, последното упориште на украинските бранители на Мариупол, со цел да се овозможи евакуација на цивили и предавање на војниците. „Хуманитарното примирје ќе започне кога украинските вооружени сили ќе покажат бели знамиња на целиот или на дел од ‘Азовстал’“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана. Во него се тврди дека евакуираните цивили ќе можат да изберат дали сакаат да одат во област под украинска или руска контрола, а украинските војници ќе бидат добро третирани, а ранетите…

Read More

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода вчера во 15.20 часот во Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(22) од Скопје, за кого била распишана потерница, со која се барал поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“, соопшти Министерството за внтрешни работи. Тој лани во мај од чамец на езерото Козјак одзел мотор, разна риболовна опрема и други предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист. Д.Д. бил приведен во полициска станица, со него бил извршен службен разговор и во координација со јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по…

Read More

Речиси 1,7 милиони Словенци со право на глас в недела ќе излезат на гласање за да одлучат помеѓу политиката што ја спроведува актуелниот премиер Јанез Јанша во последните две години и алтернативата што ја ветува менаџерот Роберт Голоб, претставувајќи се како негов антипод. Словенците в недела ќе изберат 90 пратеници во деветтиот состав на Државниот збор (парламентот) откако Словенија стана независна. Според анкетите, Движењето за слобода кое пред изборите го формираше Роберт Голоб, истакнат менаџер кој долги години раководеше со големата државна енергетска компанија ГЕН и Словенечката демократска партија (СДС) на актуелниот премиер се во тесна трка. Неизвесно е и која е трета насилна партија…

Read More

Украинските власти тврдат дека идентификувале масовни гробници надвор од градот Мариупол, што според нив е дополнителен доказ за руските воени злосторства врз украинските цивили. Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко денеска повторно побара „целосна евакуација“ од овој јужен украински град, за кој рускиот претседател Владимир Путин рече дека сега е под контрола на руските сили. – Ни треба само едно – целосна евакуација на населението. Во Мариупол остануваат околу 100.000 луѓе – изјави Бојченко на националната телевизија. Во контекст на овие тврдења се и фотографии собрани и анализирани од американската компанија за сателитски снимки Maxar Technologies, според кои има над 200…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека напредокот на Русија во источна Украина е само привремен. Како што јави Би-би-си, Зеленски во дневното обраќање рече дека во јужниот и источниот дел на Украина „окупаторите сè уште прават сè што можат за да имаат причина да зборуваат за победи“. – Тие акумулираат сили, испраќаат нови тактички групи во нашата земја. Тие дури се обидуваат да иницираат таканаречена мобилизација во окупираните региони на Украина, рече Зеленски. Тој, сепак, рече дека ниту една од овие мерки нема да и помогне на Русија во војната против Украина.

Read More

Русија има за цел целосна контрола врз јужна Украина и регионот Донбас со цел да воспостави копнена врска со Крим, изјави денеска висок функционер на руската армија генерал Рустам Минекаев. – Од почетокот на втората фаза на специјалната операција, една од целите на руската армија беше воспоставување целосна контрола над Донбас и јужна Украина, изјави генералот, пренесува Бета. Како што наведе, тоа ќе обезбеди копнен коридор до Крим и ќе и нанесе штета на виталната инфраструктура на украинската економија. Според генералот, втората фаза од, како што ја нарекува – „специјалната операција“, започнала пред два дена.

Read More

Министерството за локална самоуправа информира дека Уставниот суд потврдил дека свечените изјави на конститутивната седница, членовите на советите на општините ги даваат и ги потпишуваат со уставното име на државата. -Со отфрлањето на иницијативата, Уставниот суд го потврди мислењето на Министерството за локална самоуправа доставено до општините дека свечените изјави на конститутивната седница, членовите на советите на општините ги даваат и ги потпишуваат со уставното име на државата. Со ова и формално се потврдува дека одбивањето на некои членови на општинските совети свечената изјава да ја дадат и да ја потпишат со уставното име на државата е спротивно на Уставот на Република…

Read More

Украински авион се урна за време на „технички лет“ во јужна Украина и има жртви, соопштија локалните власти. Авионот АН-26, воен транспортен авион управуван од украинските вооружени сили, се урна утрово во областа Вилнија во регионот Запорожје, соопшти регионалната воена управа на Запорожје. Околностите за несреќата се проверуваат и повеќе информации ќе има подоцна, додаваат властите.

Read More

Претседателот на САД, Џозеф Бајден изјави дека рускиот претседател Владимир Путин греши ако мисли дека Западот ќе изгуби интерес и ќе престане да ја поддржува Украина. „Додека Русија продолжува со својата бруталност кон Украина, Путин се надева дека ќе го изгубиме интересот. Тој се обложува дека единството на Западот ќе пропадне. Ќе му докажеме дека не е во право, уште еднаш“, напиша Бајден на Твитер. Тој изјави дека континуираната и координирана поддршка на меѓународната заедница, предводена од Соединетите држави, значително придонела Украина да ја спречи Русија да ја окупира.

Read More