Author: Biljana
Пратеникот и лидер на Демократски сојуз, Павле Трајанов во вчерашното гостување во Тема на денот на Сител рече дека коалицијата не била консултирана за ниту едно прашање поврзано со Бугарија откако Димитар Ковачевски е премиер. –Не сме имале таква можност. Со Заев отворено сме разговарале неколку пати, но тоа помина. Сега сме влада со нова програма и нови определби, но за бугарското прашање со Заев сме имале различни ставови. Ставот на ДС е јасен, ние сме Македонци со свој јазик. Бараме реципроцитет во врска со прашањето за малцинствата во двете земји. Немаме проблем Бугарите да влезат во македонскиот Устав, но истото…
Модниот креатор Дарко Костиќ е уапсен бидејќи држел млад човек заробен во својата куќа и му се заканил дека ќе го убие. На 20.04.2022 година во 02.43 часот пријавено е дека во станот на модниот креатор Д.К на улица „Добрачина“ се наоѓа 19-годишниот Ш.Х., кој на јавувачот Н.Н., му испратил порака дека е заклучен во шпајз и дека Д.К. му се заканил дека ќе го убие. На раскрсницата од улиците Лаза Пачуа и Васина, патролата го затекнала Ш.Х.(2002) кој и пришол на патролата и изјавил дека бил во станот на Д.К., каде по кратка забава Д.К станал агресивен и потоа…
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд поинтензивни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени. И во следните денови ќе се задржи променливото облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови на места ќе…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Европската унија планира шести пакет санкции против Русија. – Работиме на тоа да го направиме ова навистина болно за руската воена машина и за руската држава како целина, рече Зеленски, додавајќи дека имал „многу темелни разговори“ со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, за одбранбените и финансиските прашања, како и за санкциите. – Конкретно, санкциите ќе обезбедат ограничувања за рускиот енергетски сектор, банкарскиот сектор, извозот, увозот и транспортот, рече тој, повторувајќи го својот апел за целосно ембарго на испораките на руска нафта.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.908 тестови, а регистрирани се 127 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 57, Битола – 24, Охрид – 7 , Прилеп и Велес – по 5, Струга , Берово и Валандово – по 4, Кавадарци и Кичево – по 3, Куманово и Струмица – по 2, Штип, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Делчево, Демир Капија и Мкаедонска Каменица – по 1. Од вкупниот број на позитивни (127), регистрирани се 20 реинфекции. Регистрирани сe 123 оздравени пациенти од: Скопје – 68, Битола – 19,…
Невладината организација Фридом Хаус објави извештај за состојбата со демократијата во 29 земји во транзиција насловен „Земји во транзиција според кој Македонија не напредува односно сè уште е во категорија „хибридни режими“. Портпаролот на Владата Душко Арсовски вели дека овој извештај се однесува на подолг период дури од 2017, пред формирање на Владата од СДСМ. „Од кога е на власт СДСМ, има многу подобри оценки во справувањето со корупцијата, Владата успеа да ја зајакне почитта кај населението и ги штити правата на секој граѓанин“, потенцира Арсовски. Како што јави Гласот на Америка, на скалата од еден до седум, каде еден е…
– Засилен мониторинг на продажните места за месо и јајца врши Агенцијата за храна и ветеринарство пред велигденските празници, изјави денеска директорот Николче Бабовски. Одговарајќи на новинарски прашања во рамки на форумот на директори на ветеринарните служби од регионот на Западен Балкан што денеска и утре се одржува во Охрид во организација на АХВ посочи дека од досегашните контроли на инспекторите, немало отстапување од правилникот за храна. – Увозот на храна во државава е контролиран од страна на нашите инспекциски служби и економските оператори, кои се занимаваат со трговија со прехранбени производи на пазарот неможат да постават небезбеден производ. Целосно…
„Владата препорача разрешување на директорот на Пошта Јани Макрадули поради подобрување на состојбите во компанијата и јакнење на капацитетите на менаџментот, а директорот на ФЗО Стево Крстевски поднел оставка поради приватни причини“, рече портпаролот на Владата, Душко Арсовски со Муамет Хоџа на денешната прес-конференција. Со непроменета оценка 3,82, исто како и минатата година, Македонија останува во категоријата „хибриден режим“, според извештајот „Држави во транзиција – од слабеење на демократијата до авторитарна агресија“ на Фридом хаус. Според портпаролот на Владата Душко Арсовски, овој извештај се однесува на подолг период дури од 2017 пред формирање на Владата од СДСМ. „Од кога е…
Опфатот со вакцинација против ковид-19 е 46 отсто. Со поранешните бројки опфатот беше над 43 отсто, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали. „Тоа не значи многу, многу е битно да знаеме дека имаме сосема доволен број вакцини и ги имаме на располагање за секој граѓанин кој е заинтересиран за вакцинација“, изјави тој. За жал, посочи министерот, интересот за вакцинација е опаднат, меѓутоа паралелно со тоа е опаднат и бројот на новоинфицирани, што е позитивна вест. – Тоа не значи дека и во иднина ќе биде така. Ние треба да бидеме подготвени како институции за соочување со каков било предизвик…
Цената на зејтинот ќе биде меѓу 2,20 – 2,40 евра или максимум 2,50 евра и ова цена ќе се задржи, особено по празниците. Ќе има и доволно количини масло за јадење во маркетите. Граѓаните не треба да стравуваат, ниту да купуваат повеќе за да трупаат залихи, рече денеска генералниот директор на фабриката „Благој Ѓорев“ во Велес, Горан Лазов. -Не очекувам поскапувања. По празникот цената ќе се стабилизира и маркетите ќе бидат полни со масло за јадење. Нема потреба граѓаните да прават залиха, ќе има доволно зејтин на пазарот, истакна Лазов по средбата со министрите за економија и за земјоделство, Крешник…
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири очекува дека на состанок на членството и раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска ќе биде прифатен вчерашниот заклучок на Владата – со ребалансот на Буџетот да се обезбедат пари за зголемување на платите на вработените во образованието и градинките за 10 проценти и дека штрајкот ќе биде прекинат, а социјалниот дијалог ќе продолжи за другите барања на Синдикатот. Шаќири смета дека ако причината за одбивањето на 10-те отсто покачување е во тоа што биле усно ветување, сега понудата е во пишана форма во првиот заклучок од вчерашната седница…
Министрите за економија и за земјоделство, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски денеска соопштија дека снабдувањето со сончоглед е стабилно и дека државата во континуитет увезува сурово масло, потребно за домашните каацитети, но има и зејтин за потрошувачка. Како што истакнаа Бектеши и Николовски по посетата на фабриката „Кристал“ во Велес, владините мерки даваат резултати. -Почна увозот на рафинирано масло од соседите, но се увезува и од други држави со оглед дека ја укинавме царинската стапка од 29 отсто, истакна Бектеши. Се работи, секако, нагласи, и на дополнителни мерки за поголемо производство на сончоглед. – Ја следиме ситуацијата на дневна основа…