Author: Biljana

Повеќе од 170 луѓе се уапсени ширум Русија откако протестираа поради руската инвазија врз Украина. „Повеќе од 178 лица се уапсени во 15 руски градови“, се наведува во соопштението на невладината организација специјализирана за следење апсења во земјата ОВД-Инфо. На социјалните мрежи денеска беа најавени антивоени протести во триесетина руски градови, од Владивосток до Сочи. Организаторите истакнаа дека сакаат да изразат незадоволство поради „колапсот на руската економија“ и да протестираат „против рускиот претседател Владимир Путин“ и се залагаат за ослободување од затвор на неговиот противкандидат Алексеј Навални. Во соопштението на организаторите на протестите се посочува дека „Русија заслужува мир, демократија…

Read More

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени биле 2.493 тестови, а регистрирани се 300 нови случаи на ковид-19. Од вкупниот број на позитивни имало 59 реинфекции. Еден пациент од Битола на 71-годишна возраст ја изгубил битката во вирусот. Според надлежните починатиот имал коморбидитети. Регистрирани сe 197 оздравени пациенти. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.474, бројот на оздравени пациенти е 295.434, на починати е 9.227, а бројот на активни случаи изнесува 1.813.

Read More

Граѓаните на Србија утре на изборите ќе одлучат дали Александар Вучиќ вторпат ќе го добие претседателски мандат. 6.501.689 запишани избирачи на 8.255 избирачки места утре ќе може да го дадат својот глас на редовните претседателски и вонредните парламентарни и локални избори за Белград и 12 општини. За претседателскиот мандат има осум кандидати – актуелниот претседател Александар Вучиќ, Здравко Понош, Милош Јовановиќ, Бошко Обрадовиќ, Миша Вациќ и три дами – Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, Билјана Стојковиќ и Бранка Стаменковиќ. Според анкетите најголеми шанси за победа има актуелниот претседател и лидер на СНС Александар Вучиќ, за разлика од кандидатот на опозициската коалиција Обединета…

Read More

Петков истакна дека сите треба да размислат зошто руската држава инвестирала во својата шпионска мрежа да работи против добрососедските односи на Скопје и Софија. „Tреба да размислиме кој е нашиот интерес – Македонија да влезе во Европската унија или да остане исклучена“, вели бугарскиот премиер Кирил Петков во денешното интервју за „24 часа“. „Според мене, тоа се важни прашања и треба да се решат да размислиме, особено кога има јасна тенденција дека некој работи против тоа – дали навистина е во интерес на Бугарија, Република Северна Македонија да се оддалечи од членството, што е интерес на Русија, на пример, која…

Read More

Војната во Украина на Балканот се следи како фудбалски натпревар. На едната трибина се оние кои го поддржуваат Путин на другата оние кои се на страната на Украинците. Социјалните мрежи се полни со многу емоции, говор на омраза и малку разум за овој “натпревар” чиј исход неизбежно во блиска иднина овие страсни навивачи ќе ги внесе на самиот терен како играчи неспремни за игра бидејќи на стадионот дошле само за забава што историјата нема да им ја прифати како изговор и од нив ќе побара да го завршат мечот како главни играчи. Затечени во арената ќе се најдеме пред избор…

Read More

Проектил погоди еден од инфраструктурните објекти во текот на ноќта во Полтава. „Руските сили брзо се повлекуваат од регионите на Киев и Чернихив во северна Украина со цел да се зајакнат на истокот и југот на земјата и цврсто да ги диктираат своите услови“, изјави денеска Михаил Подолјак, советник на украинскиот претседател. Тој вели оти со оглед на сите движење на окупаторските сили, јасно е дека Русија има друга тактика како приоритет. Според него, руските сили настојуваат „да се повлечат на исток и југ, да ја задржат контролата над огромните окупирани територии (не само во регионите Доњецк и Луганск) и…

Read More

Од Зоолошка градина Скопје денеска соопштија дека имаат принова, се родило лемурче, а вчера лама. „Прстеноопашестите лемури од Мадагаскар се загрозен вид и ретко се множат во зоолошките градини, но во Скопје имаме благослов секоја година да ни се раѓаат по неколку лемурчиња. Да ни е живо и здраво бебето“, напишаа од Зоолошка градина Скопје на нивниот фејсбук-профил. Вчера соопштија дека добиле подмадок и кај ламите.

Read More

Во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец беше одбележан Денот на најголемата борбена единица во Армијата – Првата пешадиска бригада. „Во оваа најголема армиска единица рамо до рамо различни, а единствени Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи ги покажувате својата стручност и своите највисоки способности и докажувате дека мултиетничноста е предност на нашата држава“, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска обраќајки им се на припадниците на бригадата. Командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини во своето обраќање истакна дека од самиот почеток, развојот на бригадата ја одразува трансформацијата на нашата одбранбено-безбедносна заедница. „Во континуитет работевме на подобрување на…

Read More

Преку Програмата за интервентен фонд за земјоделството, вредна 250 милиони денари, Владата ќе обезбеди поддршка на сточарството и за растително производство, односно за житните култури. 120 милиони денари се наменети за субвенционирање на набавката на вештачки ѓубрива за производителите на пченица и јачмен. Дополнително, поради високата цена на нафтата, годинава, направено е усогласување и на износот за реализација на мерката „зелена нафта“ кој е зголемен за 13 отсто. „Но, она што е исто така важно е што овој Интервентен фонд се проширува со нови мерки за поддршка на земјоделците. Обезбедуваме дополнителни субвенции за набавка на вештачко ѓубриво и за сончоглед…

Read More

По долго боледување, почина универзитетскиот професор Ѓорѓи Марјановиќ.  Неговиот долгогодишен колега од Правниот факултет, Гордан Калајџиев се прости од Марјановиќ преку објава на Фејсбук. Веста за смртта на Твитер ја сподели и адвокатот Александар Тортевски. Марјановиќ дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1962. Магистрирал на постдипломските студии по казнено-правни науки на Правниот факултет во Загреб во 1968 со тезата: “Правните последици на осудата”. Докторирал на Правниот факултет во Скопје во 1973 со тезата “Правната положба на осуденикот по издржаната казна”. Сиот работен век, освен приправничкиот стаж (1962-1964) во Основниот суд-Скопје II, го поминал на Правниот факултет во Скопје: асистент…

Read More

Тој загинал во Чернихив при гранатирање од страна на руските сили.  Сопругот на вицепремиерката на Украина за европски и евроатлантски интеграции Олха Стефанишина загинал во руското гранатирање, објави на социјалните мрежи украинската пратеничка Лесија Василенко. Богдан Стефанишин бил убиен пред два дена за време на руско гранатирање додека се обидувал да ги евакуира цивилите од Чернихив. “Вчера плачев повеќе отколку во сите други 36 дена од војната. Сопругот на мојата колешка Олха Стефанишина беше убиен. Тој загина како херој, обидувајќи се да евакуира цивили од Чернихив. Незамислива трагедија”, напиша Василенко на Твитер.

Read More

МВР приведе скопјанец за недозволена трговија со марихуана. Како што информираа од полицијата, настанот се случил вчера пред полноќ на улица „Словенечка“ во Скопје. Полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, по претходно добиени сознанија и преземени мерки, го лишиле од слобода Р.П.(37) од Скопје. При преглед во неговото возило „фиат браво“ со скопски регистарски ознаки, под хаубата било пронајдено и одземено едно пакување со околу 350 грама марихуна. Против Р.П. ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик. https://youtu.be/YvrOvlVfsA8?t=9

Read More