Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени биле 2.493 тестови, а регистрирани се 300 нови случаи на ковид-19.

Од вкупниот број на позитивни имало 59 реинфекции.

Еден пациент од Битола на 71-годишна возраст ја изгубил битката во вирусот. Според надлежните починатиот имал коморбидитети.

Регистрирани сe 197 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.474, бројот на оздравени пациенти е 295.434, на починати е 9.227, а бројот на активни случаи изнесува 1.813.