Author: Biljana

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамките на Минхенската безбедносна конференција, утрово имаше излагање на панелот: „Празнина во срцето на Европа? Назад на Балканот“. Дискусиите, како што соопшти МНР, биле насочени кон реафирмација на пристапот на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан како стратешки и кредибилен партнер за Европа, при што Османи се осврнал на заложбите на Северна Македонија за интеграција во Европската Унија. „Секој неуспех во одржувањето на европската траекторија на Западен Балкан, може да има драматични последици за земјите од регионот и за ЕУ, вклучително и во однос на безбедноста и миграцијата. Нашите земји треба да…

Read More

Ковид пандемијата ги смени навиките за купување кај граѓаните. Сè почесто се купува онлајн преку социјалните мрежи кои се преплавени со евтини понуди за облека, апарати за домаќинство и мебел, но чести се и поплаките дека купениот производ не одговара со оној што се нуди, а нема можност ниту да се замени. Во групите на социјалните мрежи секојдневно може да се најдат поплаки од граѓани дека им бил доставен оштетен или сосема поинаков производ од понудениот, а потоа кога бараат замена или враќање на парите, се блокирани од страна на онлајн продавачот. Во текот на минатата година, Организацијата на потрошувачи…

Read More

Полицијата во Отава соопшти дека вчера уапсила 47 лица и одвлекла околу 30 возила за да ги спречи камионџиите кои протестираа против мерките воведени за борба против коронавирусот. Полицијата претходно со употреба на сила ги потисна демонстрантите кои ги блокираа улиците во канадскиот главен град, ја презеде контролата над камионите и го расчисти центарот на протестот пред Парламентот. Десетици камиони заминаа под зголемен притисок, зголемувајќи ги надежите на властите дека ќе го прекинат тринеделниот протест против мерките за борба против коронавирусот во земјата и Владата на премиерот Џастин Трудо. Властите ја презедоа контролата врз улицата пред зградата на Парламентот, која…

Read More

Доверливи документи од Белата куќа, спакувани во 15 кутии, се пронајдени во викендичката на поранешниот претседател Доналд Трамп во Мар-а-Лаго во американската држава Флорида, соопшти Националниот архив на САД. Како што јави Гласот на Америка, наведено е дека целиот случај е проследен до Министерството за правда на САД. Писмото од Националниот архив е испратено до Комитетот за надзор на Конгресот, кој истражува дали Трамп ги чувал претседателските документи во согласност со законот. Наводите ги потврдија шпекулациите дека Трамп не ги третирал доверливите документи според правилата додека бил претседател и откако ја напуштил Белата куќа. Откритието би можело да иницира федерална…

Read More

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг синоќа во Минхен изјави дека сè укажува дека „Русија планира целосен напад“ на Украина, пренесе Бета. „Сите се согласуваме дека ризикот од напад е многу голем“, изјави Столтенберг за германската телевизија АРД во Минхен, каде што учествува на Минхенската безбедносна конференција. Неименуван претставник на Алијансата претходно изјавил дека НАТО го префрлил својот персонал во Украина од Киев во Лавов, во западниот дел на земјата, и во Брисел, за да ја осигура нивната безбедност. „Безбедноста на нашиот персонал е најважна, така што персоналот е преместен во Лавов и Брисел. Канцелариите на НАТО во Украина остануваат…

Read More

Средба Петровска – Остин во НАТО седиштето во Брисел.  Министерката за одбрана Славјанка Петровска се сретна со државниот секретар за одбрана на САД, Лојд Остин, во рамки на министерскиот состанок што се одржа во седиштето на НАТО во Брисел. „На состанокот на НАТО министрите за одбрана во Брисел имав можност да поразговарам со американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин. САД се стратешки партнер и сојузник на Северна Македонија со кои имаме исклучително богата и успешна соработка во одбраната“, напиша Петровска на социјалните мрежи. Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во четвртокот учествуваше на министерскиот состанок за одбрана на НАТО во Брисел,…

Read More

Од понеделник продолжува скринингот во основните училишта. Само еден од вчера тестираните 200 ученици бил позитивен на Ковид-19, откри министерот за здравство Беким Сали. Тој вели дека се задоволни од одзивот на родителите, кои за само еден ден доставиле над 4000 одобренија за тестирање. „Позитивно сме изненадени и од реакцијата на родителите кои само во текот на вчерашниот ден дадоа над 4.000 одобренија за да се направат скрининг анализи кај нивните деца од школска возраст. Тоа го направивме зашто во Комисијата за заразни болести забележавме благо покачување на ново инфицирани лица на возраст од 6 до 14 години и затоа…

Read More

Северна Македонија има едногласна и моќна поддршка меѓу сојузниците. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, покрај учеството во активностите на официјалната програма на Минхенската безбедносна конференција, на маргините на настанот на кој учествуваат повеќе од 30 шефови на држави и влади, како и голем број министри и претставници на меѓународни организации и мултилатерални асоцијации, се сретна и размени мислења со повеќе високи претставници на земјите учеснички на конференцијата. Премиерот Ковачевски, заедно со претседателот на Владата на Република Бугарија остварил средба со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Ентони Блинкен за време на обраќањето на Потпретседателката на САД, Камала Харис.…

Read More

Во последните 24 часа, регистрирани се 838 нови случаи на Ковид-19, информира Министерството за здравство. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последното деноноќие регистрирани се 20 починати лица: 10 починати лица од Скопје (69г, 73г, 76г, 77г, 77г, 80г, 81г, 83г, 84г и 85г), 3 починати лица од Тетово (64г, 72г и 74г) и по едно од Кочани (70г), Кратово (84г), Крива Паланка (71г), Куманово (68г), Неготино (83г), Прилеп (83г) и Струмица (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати…

Read More

Зеленски го повика Путин на средба.  Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска предложи средба со неговиот руски колега Владимир Путин, во време на растечки страв од руска инвазија врз Украина. „Не знам што сака рускиот претседател, затоа предлагам да се сретнеме“, рече Зеленски на Минхенската безбедносна конференција. Тој додаде дека Украина е „штит на Европа“ против руската армија и го повика Западот да ја зголеми помошта. „Ја цениме секоја помош, но сите мора да сфатат дека тоа не се добротворни придонеси што Украина треба да ги бара. Тоа е ваш придонес за безбедноста на Европа и светот. Каде што Украина е…

Read More

МНР ги повика сите македонски државјани итно да ја напуштат Украина. Поради сериозно влошената безбедносна ситуација во и околу Украина, МНР упати апел до државјните на Северна Македонија кои сѐ уште се наоѓаат во Украина, итно да ја напуштат земјата поради можност од воена ескалација. „Соодветно, ги повикуваме сите државјани на Северна Македонија кои во претстојниот период планирале посета на Украина, да избегнуваат патувања во земјата. Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ги следи одблиску состојбите, и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници со кои на дневна основа разменуваме информации и анализи за актуелните состојби“,…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во придружба на заменик на претседателот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се сретна со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. За време на разговорот премиерот Ковачевски се заблагодарил за личната поддршка и посветеност на господинот Борел за остварување на нашата европска иднина со цврстиот став дека Северна Македонија треба да ги започне преговорите за пристап во ЕУ без натамошно одлагање. Ковачевски го запознал Борел за отворениот процес за градење доверба со премиерот…

Read More