Author: Blerina Tahiri

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) најостро реагира на Предлог на Закон за игрите на среќа и за забавните игри, кој Владата го усвои вчера, и бара истиот веднаш да се стопира и да не се проследува до Собранието. Донесувањето на ваков закон по скратена постапка, без вклучување на засегнатите страни и без јавна расправа, претставува повторување на катастрофалниот пристап кој го имаше и претходната влада, соопштуваат од АСОМ. Оттаму велат дека „за жал, владејачката коалиција предизборно калкулира и за евтини политички поени во своите математики ја вклучи и индустријата за игри на среќа, која е најрегулираната гранка во…

Read More

Државниот Јавен обвинител Љупчо Коцевски утрово одржал координативен состанок со тимот јавни обвинители кои постапуваат во истрагата за трагичниот пожар во Кочани, на кој поради обемот на дејствијата кои веќе се преземаат, тимот е проширен на 11 јавни обвинители. Тие ќе постапуваат во овој предмет согласно усвоениот план на активности и динамика. -Првичните планови на истрагата упатуваат на обемни активности кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци но и други истражни дејствија и соодветни вештачења од повеќе области. Јавниот обвинител Коцевски побара од назначените обвинители ефикасна и темелна истрага која во детали ќе го испита секој аспект и правец…

Read More

Номинациите ќе бидат објавени на 23 јануари, соопшти Академијата за филмски уметности и науки, што ги доделува Оскарите. Поради пожарите што се уште се активни низ Лос Анџелес, филмската академија исто така го продолжи периодот на гласање за номинации до петок.

Read More

Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања Ѓорчевска денеска изјави дека не ги познава обвинетите за убиството на нејзината ќерка. На расправата за двојното убиство на малолетната Вања и велешанецот Панче Жежовски во Кривичен таа сведочеше за денот кога нејзината ќерка исчезнала и потрагата по неа. На почетокот од сведочењето Ѓорчевска сподели дека станот од зградата во која е извршено грабнувањето на Вања бил нејзин, наследен од татко ѝ, но се договориле да го препише на нејзиниот поранешен сопруг. – Конкретно не можам да одговорам од која причина, станот беше даден во негова сопственост, генералната идеја беше едниот стан да се…

Read More

Силни реакции предизвика предупредувањето на премиерот Христијан Мицкоски за можна дестабилизација на државата од страна на ДУИ. Порача дека има информации добиени од повеќе канали дека ова раководство на партијата од Мала Речица во обид да го заштити капиталот што го создаваше изминатите 20 години ќе преземе чекори во насока на дестабилизирање. Според тие информации, премиерот рече дека очекуваат тоа да се случи оваа есен. Дел од јавноста смета дека Македонија има институции подготвени да сузбијат непосакувани дејствија и дека премиерот со ова само испраќа политичка порака. Аналитичарката и поранешната пратеничка, Никица Корубин смета дека во голема мерка зависи од тоа што…

Read More

Според податоците на ДИК за излезноста до 13 часот од 1720 избирачки места 229.803 гласачи го оствариле своето право на глас или 26.35%. Како што изјави претседателот на ДИК, Александар Даштевски, најголема излезност од добиените податоци за излезност има во Новаци или 42,87%, а најмала во Врапчиште со 10,18%. Во ДИК пристигнале 140 приговори за заштита на избирачкото право, од кои 16 приговори се усвоени, 8 приговори се отфрлени како неуредни, а 9 се одбиени.

Read More

Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска од 15 часот треба да одржи итна седница на која на дневен ред се констатирање на престанок на мандатот на претседателот Сашко Георгиев, по сопствено барање, и постапување по одлука на Управен суд за разрешувањето на поранешната претседателка, Весна Дамева.

Read More

Дивите депонии ги чистевме десетина години наназад, секоја година издвојувавме од 20 до 30 милиони денари за чистење на дивите депонии, кои во наредните неколку месеци повторно стануваа диви депонии, посочи министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на денешната прес-конференција.

Read More

Руската пропаганда продолжува со несмален интензитет со неуспешните и тривијални обиди за дискредитирање на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во најновото „креативно остварување“ на руските пропагандисти, на социјалните мрежи кружи дипфејк видео од лажен ТикТок профил на кое украинскиот претседател Володимир Зеленски е прикажан како во непознат локал изведува ориентален танц облечен во костим на танчар, со коментар на руски јазик: Вова (скратено од Володимир) талентиран човек. Оригиналното видеото кое станало вирално на  23 октомври 2023 година, и се однесува на настан кој се случил на приватна, најверојатно роденденска забава, кој датира од 2020 година, што може да се прочита на…

Read More

Пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ  Крајот на секоја година е како домашен тефтер во кој се испишуваат последните страници. Сакале – не сакале, така функционира мерењето на времето. Се сведуваат сметките за минатата година и се прават планови за идната. Таква е човековата природа, ако нема надеж се влегува во депресивна состојба од која тешко се излегува. Личат ли заедниците на основната човекова природа? Опстојуваат ли и тие врз основа на некаква надеж за подобро утре? Како да се помогне цела една држава да не влезе во депресија?

Read More

Во Албанија, од следната година со дронови ќе може да се управува само со сертификат, идентификациски број и распоред на летање.  Албанскиот парламент вчера во тензични услови, со 75 гласа  изгласа одземање на имунитетот на поранешниот премиер Сали Бериша. СПАК побара негово апсење, следат нови процедури.

Read More

Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ Поради одредени неточности на овие редови ме поттикна синоќешното телевизиското интервју на претседателот на државата за Канал 5 телевизија. Практично, дебатниот едночасовен амбиент со непримерно наметлива полемика на водителот спрема соговорникот и претпоставките, повеќе импресиите, искажани од соговорниците, според кои македонската дипломатија низ годините, во спорот со Грција, испуштила многу шанси да извлече поповолен резултат од овој со Преспанскиот. Сепак, мислам дека за оваа сè уште премногу чувствително прашање е нужен поскромен, пореален, а со тоа и пообјективен пристап. Оттука, ова е само скромен (можеби и субјективен) обид за малку поголем исчекор кон реалното на темава. Имено,…

Read More