Author: Blerina Tahiri
Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за преиспитување на уставноста на членот 66 став 3 од Законот за буџети, со кој се овозможи покачување за 30 отсто на платите на вработените во Министерството во финансии и органи на државна управа кои вршат работи поврзани со Буџетот. Како што информираат од Уставен суд, донесена е времена мерка до конечна одлука, што значи додека не се произнесе Судот конечно нема да земаат плата со 30 отсто. Подносителот на иницијативите Mирослав Драганов ги оспорува Автентичното толкување на членот 66 став 3 од Законот за буџети и член 66 став 3 од Законот…
Според Министерството за здравство на територијата контролирано од Хамас, во болницата Камал Адван во северниот дел на Газа лежат 108 мртви тела, а некои не се побарани… Израелските трупи напредуваат кон објектот, со силни истрели и експлозии околу неговата близина во последните 24 часа. Новинарот кој се нашол во болницата, Махмуд Ал-Сабах, во вторникот испрати видео на Си-Ен-Ен од околу 30 тела покриени со бели чаршафи во дворот. Уште неколку тела биле натрупани на количка бидејќи, како што рече, возилата на брзата помош не биле во можност да работат во областа. Не е јасно колку долго телата биле таму, но…
Обдукцијата врз телото на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски во Институтот за судска медицина и криминалистика е завршена, но извештаите сѐ уште не се готови, потврдија од Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство Скопје за МИА. Извештајот од обдукцијата треба да ги утврди причините за смртта на малолетничката Вања и велешанецот Панче кои беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември, по нивното пријавување за исчезнување на 27, односно 24 ноември годинава. Во 48-часовен притвор за овие случаи во моментов се Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои се дел од…
Ако рускиот лидер Владимир Путин не биде запрен во Украина, тој ќе се врати „за повеќе“, изјави министерот за надворешни работи на Обединетото Кралство Дејвид Камерон, пренесе Укринформ.
Во Собранието почна средбата на лидерите на најголемите парламентарни партии во земјата – владејачките СДСМ и коалицијата, ДУИ и Алијанса на Албанците и опозициските ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, партиите од Европскиот сојуз за промени… на која треба да се разговара за претседателските и парламентарните избори 2024 година, но и за евроинтеграциите и техничката влада. На средбата присуствува и претседателот на Собранието Талат Џафери.
Во албанското собрание опозицијата и денеска продолжи со тензии, опозициските пратеници се судрија со гардата на влезот на Собранието, а тензиите се зголемија со почетокот на пленарната седница во 10 часот.
Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во реонот на Истанбул. Земјотресот се случил во 10:42 часот по локално време и е силно почувствуван во многу области на градот, главно долж брегот на Мраморното Море, како и во градовите Бурса, Коџаели и Јалова. Опсерваторијата Кандили во Истанбул соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во заливот Гемлик во Мраморното Море, на длабочина од девет километри. Гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул изјави дека нема извештаи за жртви или штети во градот. Турските телевизиски канали јавија дека земјотресот предизвикал страв кај населението во голем број области на Истанбул,…
Според податоците на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во октомври 2023 година, во споредба со октомври 2022 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот во номиналната и реалната стапка е забележано само кај групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, и тоа за 7.0 % номинално и 4.3 % реално.
Страшните грабнувања и грозоморните убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кои во моментот се расветлуваат пред јавноста, предизвикаа цунами од шок, тага и бес кај целата нација која се соочува со ретко виден степен на суровост и нечовечност. Траумата од овие случаи, секако најтешко паѓа на семејствата на жртвите, но очигледно е дека страдаме сите.
„Кај нас се манипулира со зборот патриот. Не верувам дека патриоти се луѓе кои промовираат омраза кон се што е поразлично. За мене патриоти се луѓе кои се трудат да допринесат нешто во заедницата и да креираат општество во кое сите подобро живееме“ рече пратеничката од СДСМ, Санела Шкријељ во утринската програма на „Слободен печат“ во соработка со „Градска.мк“.
ЦИВИЛ во соработка со Општина Кочани денеска одржа мултимедијален настан „Заедно за подобра иднина“ во Кочани. Настанот е дел од проектот „Заедно за подобра иднина“, чија цел е промоција на мултикултурализмот и европските вредности во земјата, со посебен фокус на младите. Mултимедијалниот настан за мултикултурализам се одржа и во пресрет на 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попречености, за чии права и достоинствен живот ЦИВИЛ постојано се бори и ја подига свеста на општествено и институционално ниво. Ученици од четири основни училишта во општината учествуваа на конкурсот со избор од креативни творби, кои ќе бидат дел од изложбата. Со…
Израел ги продолжи борбите во Газа неколку минути по завршувањето на привремениот договор за прекин на огнот и го обвини Хамас дека го прекршил примирјето. Хамас го обвинува Израел, велејќи дека ги одбил понудите за ослободување на повеќе заложници.
