Author: Blerina Tahiri
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска на маргините на третиот меѓународен форум на креативни индустрии оствари средба со Филип Керн директор и основач на КЕА за Европски прашања-Брисел, и Мартин Каф, советникот за креативни индустрии и туризам на премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ.
Северна Македонија има важна улога како стабилизирачки фактор во регионот. Ние сме функционална мултиетничка демократија и водиме преку личен пример, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи пред почетокот на состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО во Брисел.
Реконструкција на главниот канал за наводнување и локална улица, замена на внатрешната столарија во детската градинка се дел од проектите предвидени за реализација идната година во Општина Вевчани.
„Владата предводена од страна на СДСМ заедно со Министерство за здравсто – обезбедија 13,9 милиони евра за набавка на лекот „трикафта’’ за пациентите со цистична фиброза – со што министерството за здравство изминатиот период изработи усогласени протоколи со светските протолки – како да се лекуваат пациените со цистична фиброза. Да се стигне до ова требаше да се направат измени во законот на начинот на набавка за лекот – се е подготовено и периодот кој следи ќе донесе позитивна промена’’ – истакна заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева во „Студио 10’’ на ТВ 24.
Вицепремиерката Славица Грковска, учествува на првата Глобална конференција на сајбер капацитети (GC3B) 2023 на тема „Сајбер отпорност за развој“, која од денеска до 30-ти ноември се одржува во Акра (Гана). Минатиот ноември Северна Македонија стана 103-тата членка на Глобалниот форум за сајбер експертиза и со тоа се вброи во земјите кои активно се залагаат за подобрување на сајбер капацитетите и нивната безбедност.Во пресрет на официјалното отворање на овој настан, вицепремиерката Грковска имаше воведно обраќање на работниот појадок во Акра, посветен на улогата на жените во градењето сајбер капацитети.
Пет вооружени палестински групи му се придружија на Хамас во смртоносниот напад врз Израел на 7 октомври, и тоа откако спроведуваа повеќе заеднички воени вежби од 2020 година наваму, покажува анализата на Би-Би-Си.
Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, како коментар на предизборната најава на ВМРО ДПМНЕ за пониски даноци за странски компании што ќе ги префрлат своите профитни центри во државата, вели ме чуди како сериозна политичка партија нема познавање на обврската која државата ја презела пред две години кон ОЕЦД, со која се приклучуваме кон голема група земји, современи пазарни економии кои имаат договор глобалниот данок на добивка да изнесува 15%.
Бугарија дозволи прелет на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на пат кон Северна Македонија, каде што ќе учествува на самитот на ОБСЕ, соопштија синоќа бугарското МНР и руската амбасада во Софија.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се обрати на вториот состанок на советодавната група на РОМАКТЕД програмата. На отворањето на настанот покрај министерката Тренчевска се обратија и претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција ДиЏовани и Марина Васиќ, Програмската менаџерка на Совет на Европа. На состанокот се потпиша меморандум за соработка за вклучување на децата Роми во предучилишното образование. Оваа година поддршка на Министерството за труд и социјална политика во инклузијата на деца Роми во предучилишното образование и воспитание е УНИЦЕФ. Настанот е во организација на РОМАКЕД и Институтот за истражување и анализа на политики.
Затворањето на родовиот јаз е клучно за одржливиот раст и развој на економијата, со неговото затворање ќе се искористи целосниот потенцијал за поттикнување на поразновидна и квалификувана работна сила, рече вицепремиерот, Фатмир Битиќи.Вицепремиерот Битиќи имаше свое обраќање на Третиот годишен Самит на Национална платформа за женско претприемништво на тема “Жени во претприемништво – Клуч за зајакнување на економијата“, во организација на Здружението на бизнис жени во партнерство со Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување и Сојузот на стопански комори на Македонија.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше дел од панел дискусијата „Улогата на националните, регионалните и локалните институции во јакнењето на женското претприемништво“ заедно со Извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, Раководителката на програмската канцеларија на UN Women во Република Северна Македонија, Весна Ивановиќ – Кастаред и Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов. Панелот беше организиран во рамки на третиот годишен самит на Националната платформа за женско претприемништво – Жени во претприемништвото – Клуч за зајакнување на економијата.
Одбројуваме уште шест дена до најзначајниот меѓународен собир одржан во Република Северна Македонија во нејзината историја. Со секој изминат ден се приближуваме до моментот кој ќе ја обликува иднината на меѓународната соработка, напиша шефот на дипломатијата Бујар Османи на Фејсбук страницата, во пресрет на министерскиот совет на ОБСЕ што ќе се одржи во Скопје идната недела.
