Author: Blerina Tahiri

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел изјави дека е „згрозен“ од бројот на жртвите во израелскиот воздушен напад во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, додавајќи дека „законите на војната и хуманоста мора секогаш да се применуваат“.

Read More

По посетата на Северна Македонија, Косово, Црна Гора и Србија, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пристигна во Сараево на крајот од нејзината турнеја низ Западен Балкан. Таа се сретна со претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто. Фон дер Лајен, на крајот од својата турнеја низ земјите од Западен Балкан, престојуваше во Босна и Херцеговина, каде одвоено се сретна со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ и Жељка Цвијановиќ, а потоа и со претседавачот на Советот на министри на таа земја, Борјана Кришто. – Иднината на БиХ е во ЕУ,…

Read More

Европската комисија објави дека ја одобрила третата подобрена вакцина против Ковид, произведена од Новавакс. Вакцината дека се препорачува лицата над 12 години – само една доза, без разлика дали претходно биле имунизирани.

Read More

Откако избил во јавноста скандалот за случувањата на Онкологија, не добила ниту една порака од онколошки пациенти дека „некој нешто им побарал, дали мито или да си купи лек“, изјави Македонка Икономова-Давчева, претседателка  на Здружението „Љубов сме“ на сведочењето пред собраниската Анкетна комисија за работењето на Клиниката за радотерапија и онкологија.

Read More

Израел има должност и законска обврска да ги заштити цивилите на Западниот Брег од насилството на еврејските доселеници и да побара одговорност од сторителите на нападите, порача портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

Read More

Десетици странци и лица со двојно државјанство денеска го напуштија Појасот Газа преку контролниот пункт Рафа на границата со Египет, кој по првпат ги отвори вратите за луѓето кои сакаат да ја напуштат енклавата, на 26-тиот ден од војната меѓу Израел и Хамас.

Read More

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна претставничките на Здружението „Иницијатива за жени на Шуто Оризари“. На средбата се разговараше за воспоставување на поголема соработка на релевантните институции вклучително и Министерството за труд и социјална политика со цел унапредување на правата на жените Ромки.

Read More

Израел му дозволи на координаторот на ОН за хуманитарна помош Мартин Грифитс да влезе во земјата повеќе од три недели по почетокот на војната во Појасот Газа, потврди денеска портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи, цитиран од ДПА.

Read More

„Прашањата на довербата во институциите и довербата во медиумите се многу тесно поврзани. Во подигнување на севкупните стандарди во општеството, не само во поглед на борбата со дезинформациите, ние мора да бидеме заедно. Некои битки се заеднички за целото општество и затоа мора да имаме широк општествен консензус за теми кои не засегаат сите и кои го допираат секој граѓанин“- изјави заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на панел дискусијата организирана од Институтот за медиуми и аналитика, во чии рамки беше промовирана публикацијата: „Во(н) фокусот на медиумите: Демократски институции, владеење на правото и…

Read More

 Во документот составен од израелското Министерство за разузнавање, како решение за Појасот Газа по соборувањето на Хамас, се препорачува преместување на цивилното население на египетскиот Синајски Полуостров, се наведува во копија од документот.

Read More