Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пред Анкетната комисија за работењето на Онкологија сведочеа луѓе со искуства во лекувањето

0
By Blerina Tahiri on November 1, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 1, 2023 14:48

Откако избил во јавноста скандалот за случувањата на Онкологија, не добила ниту една порака од онколошки пациенти дека „некој нешто им побарал, дали мито или да си купи лек“, изјави Македонка Икономова-Давчева, претседателка  на Здружението „Љубов сме“ на сведочењето пред собраниската Анкетна комисија за работењето на Клиниката за радотерапија и онкологија.

Три години откако станала пациент на оваа клиника, во 2020 година го формирала  Здружението кое функционира како ФБ-група со околу 4000 следачи, каде што онколошки пациенти разменуваат пораки и искуства. Го регистрирала здружението, рече, за да бараат од државата подобар и достоинствен третман за лекување на онколошките пациенти, на жените да им се обезбедат редовни ехо и мамографски прегледи на дојка.

Во сведочењето пред пратениците Икономова-Давчева  рече дека не забележала нешто сомнително и верува, рече, дека ја примала хемотерапијата затоа што ги имала нус-појавите. Биолошка терапија не примала. На Онкологија оваа терапија, рече, била воведена во 2018 година и за онколошките пациенти значела „искра надеж дека ќе има поголем ефект во нивното лекување“. Ги појасни предностите на биолошката терапија – за разлика од хемотерапијата ги напаѓа само болните клетки, не и здравите.

Три години немало никаков проблем со снабденоста на лекови, а недостигот почнал да се појавува, рече, кога министерот за здравство Венко Филипче дал оставка. Потоа проблемите продолжиле и терапијата „час ја имаше, час ја немаше“.

За биолошката терапија  посочи дека е иновативна и се применува во европски земји и затоа порача дека „нашата земја треба и мора да ни ја овозможи кога се стреми да оди кон ЕУ“.

– Нас, онколошките пациенти, не нѐ интересира колку чини терапијата, тоа се многу пари, но ние заслужуваме да живееме, рече Икономова-Давчева.

Сведочеше и Даријан Петров, кој неколку дена по информациите за злоупотреби на Онкологија ја формирал граѓанската иницијатива „Одговорност“ и учествува на протестите пред Обвинителството. Пред собраниската Анкетна комисија зборуваше за  лекувањето на неговата мајка, која во 2020 година ја загубила битката со карцином.

Рече дека по дијагностицирањето на болеста во 2015 година, им било сугерирано за терапија да ја избегнат Клиниката за онкологија и да изберат  приватна клиника бидејќи на државната клиника цитостатиците не биле квалитетни. На прашање кој ги советувал така, одговори дека советот бил од „медицински кругови“ и од лекари што ги познавала мајка му, и самата докторка во јавно здравство, но дека тоа не биле лекари од Онкологија.

Орални цитостатици на секои една до две недели потоа набавувале приватно од Врање, зашто ги немало во државава, и по четири години, рече, нивното семејство финансиски колабирало.

Во 2019  се одлучиле терапија да примат на Онкологија затоа што од онкологот Џозеф Глигоров од Париз разбрале дека терапијата ја има на нашата клиника и дека им следува од ФЗОМ. Но набргу се соочиле со недостиг на терапијата и тоа го нарушило дотогаш прецизното и навремено дозирање, период на неизвесност што Петров го нарече трауматичен.

Лекувањето го продолжиле на приватна клиника каде што се соочиле со нехуманост кога од медицинска сестра им било кажано дека на неговата мајка, која веќе била во терминална фаза, ѝ бил даден физиолошки раствор против болки наместо аналгетик „за да видат дали навистина има болки или не“.

-За мене беше шок такво нешто да му се каже на семејство, рече Петров, додавајќи дека тоа било период на КОВИД-пандемија кога хоспитализирањето во приватните болници било „непоимливо скапо“.

Од лекување во државното здравство ги одвратило, рече, неетичноста, но дека „она што е во приватните клиники е само фасада“. – Имаме целосен колапс на целиот систем, заклучи Петров.

Седницата на собраниската Анкетна комисија прекина и, како што рече претседателката Рашела Мизрахи, продлжението ќе биде дополнително соопштено.

За сведоци денеска биле повикани и народниот правобранител Насер Зибери, кој одговорил дека не е во можност да присуствува, д-р Калина Гривчева-Старделова, која била надвор од државата, а претставници од Здружението „Борка“, рече Мизрахи, не одговориле на поканата да сведочат за работењето на Онкологија пред пратениците во оваа собраниска комисија.

анкетна комисија Онкологија Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.