Author: Blerina Tahiri
Додека тензиите меѓу Србите и Албанците се во пораст, Бугарија ја користи постојната ситуација за да „најде“ што повеќе Бугари на Косово и да им даде државјанство, се вели во анализата на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана, Словенија
За жал, наместо да напредуваме, ние одиме назад. Од тоа што знаеме, министерството за животна средина, во буџетот за 2023 година го има најмалиот буџет, со 0, 7 отсто, каде што замислете, издвоениот годишен буџет за републичките инспектори за животна средина е смешни 4000 евра, вели Нгадњим Мехмети од Еко герила на петтиот панел на Зелен Цивил на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?
Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Oсум месеци пред изборите за Европскиот парламент, во пркос на општиот впечаток дека десницата и екстремната десница напредуваат во Европа, нема да дојде до значајни промени.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан го спореди членството на Унгарија во Европската унија со повеќе од четири децениската советска окупација на неговата земја за време на говорот во понеделникот на комеморација на годишнината од унгарската антисоветска револуција во 1956 година.
Најмалку 13 полицајци се убиени во вооружен напад што денеска се случи во јужно Мексико, јавија локалните медиуми.
Годишна Конференција за сајбер/ИКТ безбедност насловена „Луѓе, доверба, отпорност: градење сајбер безбедност за сите“ ќе се одржи денеска во Скопје, во рамки на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ.
Шеснаесетгодишен ученик утрово влегол во училиштето Сапопемба во градот Сао Паоло и почнал да пука при што убил една ученичка со истрел во главата и рани уште три лица.
Настаните од 24 септември на северот на Косово, навлегоа во речиси сите дискусии на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации, на кој беа упатени повици одговорните да се изведат пред лицето на правдата. Претставникот на САД во ОН, Роберт Вуд изјави дека „мора да има целосна одговорност“ според законот за лицата вклучени во нападот на Косово на 24 септември, односно, лицата кои заминале во трета земја треба да бидат екстрадирани и кривично гонети, пишуваат косовските медиуми.
Како резултат на руската агресија врз Украина, според извештаите што ги пренесе Укринформ, во изминативе 24 часа, во регионот Херсон две лица загинаа, а 14 беа повредени, меѓу кои и едно дете. Русите извршија 152 напади насочени кон 22 населени во регионот Запорижја. Уништени се станбени згради и цивилна инфраструктура.
Шефот на рускиот центар Гамалеја, кој ја разви вакцината „Спутник V“ за Ковид-19, Александар Гинтсбург, рече дека со појавата на нови соеви, вакцината „едноставно воопшто не штити од инфекција со коронавирус“.
Поранешниот американски претседател Барак Обама предупреди дека некои од акциите на Израел во војната против Хамас, како што е прекинот на снабдувањето со храна и вода за Појасот Газа, може да ги „закорават Палестинците со генерации“ и да ја ослабат меѓународната поддршка за Израел.
Водечките руски државни медиуми, Z-Телеграм каналите, но и еден бугарски информативен портал, Глас њуз. бг, шират дезинформации за наводна престрелка меѓу украинската војска и суданските вооружени сили во Судан. Како резултат на тоа, наводно загинале осум украински и 10 судански војници. Се наведува дека конфликтот настанал поради „поддршката на Украинците за нападите на Израел врз Појасот Газа“. Пропагандистите се повикуваат на „суданскиот медиум“ Ал-Машхад Ал-Јемени, пренесува Укринформ. Ова е лажна вест. На официјалната веб-страница на Ал-Машхад Ал Јемени не постои таков извештај објавен ниту на 15 октомври, кога руските медиуми почнаа да ја шират оваа „вест“, ниту на 14 октомври или порано. Сите активни хиперврски поставени на…
