Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина: Во руско гранатирање на Херсон загинаа две лица, 152 руски напади на 22 населени места во Запорижја

0
By Blerina Tahiri on October 24, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 24, 2023 10:57

Како резултат на руската агресија врз Украина, според извештаите што ги пренесе Укринформ, во изминативе 24 часа, во регионот Херсон две лица загинаа, а 14 беа повредени, меѓу кои и едно дете. Русите извршија 152 напади насочени кон 22 населени во регионот Запорижја. Уништени се станбени згради и цивилна инфраструктура.

Во текот на изминатиот ден, Русите извршија 152 напади насочени кон 22 населени места низ регионот на Запорижја, објави на Фејсбук шефот на регионалната воена управа на Запорижја, Јуриј Малашко.

„Руски со повеќецевни ракетни фрлачи отворија оган во Роботине и Мала Токмачка, и ги гранатираа Орихив, Роробин, Мала Токмачка и Пјатихатки. Дванаесет напади беа насочени кон Хулиаиполе, Новодаривка, Малинивка, Чаривне, Камбачерианке, Мала Томачка, Степове“, се вели во извештајот.

Исто така, пријавени се 134 артилериски напади во населбите Новоандриевка, Билохирија, Полтавка, Левадна, Шчербаки, Темиривка, Камијанске, Степове, Пјатихатки, Лобкове и Приморске.

Уништени се станбени згради и цивилна инфраструктура. Нема информации за жртви, се наведува во извештајот.

 

Во текот на изминатиот ден, руската армија изврши повеќе од 100 напади во областа Херсон, при што загинаа две лица, објави на Фејсбук, Олександр Прокудин, началникот на Регионалната воена управа на Херсон.

„Во текот на изминатиот ден, непријателот изврши 101 напад, и испука 597 гранати од минофрлачи, ракетни фрлачи, тенкови, авиони и беспилотни летала. Непријателот истрела 30 гранати во Херсон“, истакна тој.

Според Прокудин, руската војска погодила станбени области на населените места во регионот; објект за критична инфраструктура и постројка во Берислав; и парк во Херсон.

Како резултат на руската агресија, две лица загинаа, а 14 други беа повредени, меѓу кои и едно дете.

Како што е соопштено, 23 населби во ослободената област Херсон се идентификувани за задолжителна евакуација на семејствата со деца.

Подготви: Ј. Ѓ. / Цивил Медиа

Војна во Украина Руска агресија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.