Author: Blerina Tahiri
Башким Селмани, професор на правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово, по римско право, политички науки и меѓународен тероризам, во интервју за ЦИВИЛ Медиа отвора нови прашања, гледишта и сознанија за последиците од дезинформациите и лажната пропаганда, посебно во изборен контекст. Селмани даде и свои препораки за институционалното справување со дезинформациите, како алатка со која ќе се мерат причините и последиците на пропагандните и дезинформациските наративи, како и општествената свесност.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на промоцијата на проекциите за населението до 2070 година порача да не ги следиме демографските случувања згрчени, исплашени и во шок, туку во нив да гледаме можност за креирање на поголема инклузивност и негување на човечкиот капитал. Укажа на потребата од носење системски промени и одлуки, а како најзагрижувачки податок од Пописот во 2020 година го истакна делот за младите и јасниот тренд за нивно заминување во изминатите 20 години. Во 2002 година вкупниот број на млади на возраст од 15 до 29 години изнесувал 480.828 или 24 проценти од вкупното население. Според податоците…
Во рамките на Конференцијата на земјите потписнички на Конвенцијата на Обединетите Нации против корупцијата, COSP 10, што се одржува во Атланта, САД, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, имаше работен состанок со извршната директорка на Канцеларијата на ОН за дрога и Криминал (UNODC), Гада Вали.
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска информираше дека следната недела лекот Трикафта ќе биде доделен на пациентите. „Морам да кажам дека поголем дел од јавноста, па и медиумите беа скептични дека ќе се случи набавката на Трикафта, еве најавувам следната недела пристигнува Трикафта. Лекот ќе биде доделен на пациентите, на тие 12 пациенти веќе што ги имавме кога дојдов како министер за здравство, за нив ќе има уште за два месеци и ќе го продолжиме, тоа подразбира до април месец ќе ја има сигурно терапијата, а за другите пациенти ќе ги вклучиме во согласност со сите критериуми што се…
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во Тирана оствари билатерална средба со министерката за култура на Албанија, Елва Маргарити, по повод првата успешна реституција и враќањето на незаконски изнесеното културно наследство од Северна Македонија кое беше пронајдено во Република Албанија. На средбата се осврнаа на целата процедура и за успешноста на овој историски чин, кој, како што кажаа министерките на состанокот, е резултат на блиската и интензивна соработка меѓу двете држави. – Успешната соработка е потврда за пријателството и довербата што ги негуваме како министерства за култура на Северна Македонија и на Албанија – рече Костадиновска-Стојчевска, потенцирајќи ги добрата волја и посветеноста од…
Заменик народниот правобранител на Северна Македонија, Јован Андновски, иницирал формирање тело, во кое ќе членуваат македонскиот и омбудсманите на уште две други држави, кои би биле прифатливи и за Украина и за Русија, а кое би работело на идентификација и враќање на децата.
„Кога дојде ковидот и сфативме дека не се знае исходот, поднесовме иницијатива за формирање национална установа, за по две години ние како оркестар да добиеме решение за национална установа. Сега сме во заврша фаза, имаме уште чекор-два за комплетно да биде завршена приказната за национална установа и од јануари почнуваме со програма“ рече диреткрот на националната установа Џез оркестар, Гоце Стевковски во утринската програма на „Слободен печат“.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска изјави дека очекува наскоро да има средба со претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на тема „техничка Влада“.
Поликлиниката „Железара“ доби нова медицинска опрема. Со средства од Буџетот на Министерството за здравство набавени се дигитален мамограф со стереотакса и ултразвучен ехо апарат со две сонди.
На Самитот на ЕУ во Брисел вчера попладнето беше донесена историска одлука Украина и Молдавија да ги почнат пристапните преговори за членство во ЕУ.
Министерката за култура Бисера Костадоновска-Стојчевска, која денеска е во посета на Тирана, заедно до амбасадорот Данчо Марковски го посети македонскиот Културно-информативен центар. -Денешната агенда и значаен ден за македонското културно наследство и неговата заштита, ги започнав со посета на нашата културна куќа која е симболот на пријателството и соработката која ја имаме со Албанија, објави министерката на Фејсбук. Додава дека македонскиот Културно-информативен центар во Тирана е сидрото на македонската култура во Албанија и промотор на културниот дијалог помеѓу македонскиот и албанскиот народ.
Димитар Ковачевски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод доделувањето на договорите на земјоделците кои се поддржани со новата мерка „Бизнис план во земјоделството“.
