Author: Blerina Tahiri
Израел денеска соопшти дека нема да пушти хуманитарна помош за време на опсадата на Појасот Газа додека Хамас не ги ослободи сите израелски заложници, откако Црвениот крст побара да дозволи транспорт на гориво во Појасот Газа за да спречи преполните болници „да се претворат во мртовечници“.
Болниците во Газа за неколку часа би можело да останат без струја, предупреди Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).
“Со новиот Закон за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи ќе се регулираат 26 нефер трговски практики. Неговата примена очекуваме веднаш да влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи, а со тоа и на квалитетот на производите. Законот ќе ги уредува условите и начинот како ќе се врши трговија со земјоделски и прехранбени производи“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши, пред претставници на Стопанската комора на Северна Македонија каде што го презентираше новото законско решение кое е веќе објавено на Електронски национален регистар на прописи (ЕНЕР) и во наредните…
Пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ Агенциите за мерење на јавното мислење „Маркет вижн“ и „Стратум“ минатава седмица објавија анкети според кои двајцата партиски лидери и опоненти Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски имаат највисок рејтинг кај граѓанството. Се разбира едниот води според „Маркет вижн“, а другиот исто така, но според агенцијата „Стратум“.
Неколку часа пред Собранието да одржи специјална седница за Косово, постигнат е договор меѓу СП и ПД за заедничка нацрт-резолуција. Албанија ќе биде членка на Советот за човекови права за периодот од 1 јануари 2024 година до 31 декември 2026 година. Косовскиот премиер Албин Курти рано во четвртокот изјави дека постои зголемен ризик од повторени насилни напади од „криминалните структури на Србија на Косово“, пишуваат албанските медиуми.
Воената обука на милитантите на Хамас кои го нападнаа Израел може да ја обезбедат инструктори од Техеран и Москва. Руската трага во овој напад е јасно видлива.
Маркетите ги почитуваат мерките што се однесуваат на „гарантираната цена“, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Европска Унија денеска ја запре помошта за Палестинците, објави еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји на социјалната мрежа Икс (Х).
Нобеловата награда за хемија денеска им беше доделена на Мунги Бавенди, Луис Брус и Алексеј Екимов за нивната работа на мали квантни точки, наночестички толку ситни што нивната големина ги одредува нивните својства.
Пратениците од Европскиот парламент доцна синоќа порачаа дека е потребна непристрасна истрага за вооружениот конфликт на северот на Косово и дека одговорните треба да бидат изведени пред лицето на правдата, ја критикуваа реториката на Белград и побараа санкции за Србија, како и за косовскиот премиер Албин Курти поради застојот на дијалогот, а повикаа и на зајакнување на единиците КФОР во северно Косово, јави допсиникот на МИА од Белград.
Пијани регрути. Наркомани. Непокорни војници. Осуденици.
Вкусни македонски вина на преку 40 винарии, деликатеси и богата музичка програма ќе понуди годинашниот „Виноскоп“ што ќе се одржува по тринаесетти пат од 11 до 14 октомври пред спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.
