Author: Blerina Tahiri
Една од целите на Формулата за мир на Володимир Зеленски е деминирање на загадените од страна на руските агресори територии на Украина – која е една од најминираните земји во светот – 174.000 km2 се загадени од руски мини. Формулата за мир мора да биде имплементирана, објави на Твитер украинската амбасадорка во Северна Македонија, Лариса Дир.
Викендов во Скопје се одржа “Ai Tech Summit” – прв настан од ваков вид, каде свое излагање имаа повеќе од 20 говорници од целиот свет, реномирани експерти во оваа индустрија, кои ги споделија своите искуства и достигнувања во полето на вештачката интелегенција (ВИ). На самитот имаше говорници од водечките светски комании како Microsoft, Google, Spotify, BBC, Boston Consulting Group, Wipro, Universal Robots и др.
Најголемата приватна фотоволтаична централа на Балканот „ФЕЦ Новаци“ со капацитет од 55 мегавати и проектирано годишно производство од 85.000 мегават часови електрична енергија, инвестиција на компанијата Меј Енерџи од 40 милиони евра што се простира на површина од 57 хектари во општина Новаци на само 50 метри од одлагалиштето на јаловина од рудникот Суводол, денеска официјално беше пуштена во работа. Централата ќе ги задоволува годишните потреби на 30.000 семејства за електрична енергија.
Неизвесноста го засилува масовното иселување на младите не само од нашата земја, туку и од целиот регион на Западен Балкан. Со тоа губиме непроценлив човечки и социјален капитал од кој зависи долгорочниот економски раст и развој на нашите држави и на целиот регион. Неопходни се реформи во виталните сегменти клучни за економскиот развој, како што се инвестициите, продуктивноста на трудот, димензионирање на образованието според барањата на пазарот на трудот и креирање на квалитетни работни места, порача денеска претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на 9. Меѓународна истражувачка конференција што ја организираат Народната банка и Комитетот за преобразување на Бретон Вудс.
Меѓу напаѓачите на Косово бил и телохранителот на Александар Вулин, директор на Агенцијата за безбедност на Србија (БИА)! пишува адвокатот Чедомир Стојковиќ од Групата Октомври – Слободарски сојуз за слободна Србија. Според него, Александар Вулин и Александар Вучиќ дефинитивно се организатори на нападот на Косово! Милан Радоичиќ е дел од Безбедносно-информативната агенција на Србија (БИА).
Косовската полиција соопшти дека денеска спроведува проверка во пет различни локации на северот, со присуство на обвинителот на косовското обвинителство на местото на настанот. Дијалогот за формирање „Заедници“ во Косово е најпаметно да го води САД, според косовкста претседателка Вјоса Османи и американскиот политички аналитичар и професор Едвард Џозеф.
Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе се обрати на свеченото отворање на фотоволтаична централа „ФЕЦ Новаци”, нова домашна инвестиција, во Општина Новаци.
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за прашања на изборите и именувањата и Законодавно правната комисија.
Од почќетокот на годината над 2.500 мигранти загинаа или исчезнаа обидувајќи се да го преминат Медитеранот на пат кон Европа, изјави претставник на Високиот комесаријат на ОН за бегалци.
Украина е избрана во Одборот на гувернери на МААЕ за 2023-2025 година, соопшти на Твитер украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко, упати пораки кои се директно мешање во внатрешните работи на Косово.
Со коктел-забава како изненадување и мали подароци за патниците во заминување на првиот лет, ТАВ синоќа на Меѓународниот aеродром Скопје го означи стартот на новата редовна авио линија Скопје–Љубљана, на Wizz Air.
