Author: Blerina Tahiri
Во експлозија во складиште за гориво во Нагорно-Карабах загинаа 20 луѓе, а стотици беа повредени, соопштија локалните етнички ерменски власти, јавува Би-Би-Си, додека Ал Џезира објави дека бројот на загинати цивили е најмалку 68. Речиси 300 луѓе се примени во болниците, а десетици од нив се во критична состојба.
Законот за употребата на македонскиот јазик е заглавен во Собранието поради пратениците од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и затоа, апелирам до Комисијата за култура да седне на маса и да се заврши оваа процедура, бидејќи тековниот Закон е од 1998 година и потребни се овие измени, рече вечерва министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Естонската премиерка Каја Калас денеска ги покани земјите од НАТО да го следат примерот на балтичките земји и значително да ги зголемат трошоците за одбраната, јави ДПА.
Во Скопје денеска ќе биде одржана 26. Конференција на началниците на Генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5).
„Се надевам дека во најкус рок ќе биде спремна одлуката за предавање на ингеренциите за Универзална сала од Град Скопје на Министерството за култура. Кога ќе имаме потпишана одлука ќе пристапиме кон сите можни чекори за преземање на документацијата, да го видиме проектот и се надевам дека Универзалната сала ќе го врати сјајот што го имаше“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во Дневникот на МТВ.
Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Едно од општите места на оваа „балканска култура“ (а со тоа и македонска) е таа која ни вели дека не умее да ги почитува своите најдобри претставници за време на нивниот активен живот. Во овдешниот „културњачки процвет“ вообичаена работа е изникнатите цветови над сиромашната земја просечноста да ги сече, крши и откорнува на сите можни начини; кога од таквото силно шутирaње ќе дојде признание од друга, далеку поголема и посилна земја од твојата, тогаш нашите луѓе почнуваат грижливо да ги заливаат.
Европската комисија лансираше База на податоци за транспарентност, како една од мерките за обезбедување поголема транспарентност од страна на провајдерите на услуги, согласно Законот за дигитални услуги на ЕУ.
„Гарантираната цена“ која веќе се применува кај повеќе од 50 производи од пекарската, млечната и месната индустрија, од денеска ќе важи и за безалкохолните пијалаци, газираната и негазираната вода и пивото. Покрај ова, согласно вчерашната одлука на Владата, треба да се намали и профитната маржа за овошјето и зеленчукот, во малопродажба и големопродажба.
Пишува: ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Пред речиси две недели, новинарот на Недељник, Жељко Пантелиќ, нѐ потсети на една реченица која наводно ја изговорил Јосип Броз Тито. Таа гласи – „тешко им е на оние кои Америка ги брани, а Русија ги храни“. Ако тоа си го преведеме во некаква реалност, излегува дека добро поминувале оние земји што Русија ги бранела, а Америка ги хранела.
Партиите членки на германската владина коалиција изразија поддршка на препораките изнесени во извештајот на група експерти ангажирани од страна на владите Германија и Франција посветен не реформите и проширувањето на ЕУ, објавен пред десетина дена, но се стравува дека целиот процес би можел да биде блокиран поради противењето на одредени земји членки, пред се Полска, но и поради можната промена на власта во Берлин по изборите во 2025 година.
Косовската полиција во Јужна Митровица презентираше оружје, возила и работи одземени во Бањска во Звечани, еден ден по нападот врз неа од вооружени лица, во кој загина полицаец. Владиката Теодосије од Рашко- призренската Епархија на вчерашната посета на манастирот меѓу другото изјави дека во дворот е пронајдено огнено оружје, воена опрема итн., а „Српска Листа“прогласи тридневна жалост за смртта на тројцата српски напаѓачи кои беа убиени во Бањска по нападот врз косовската полиција.
Инцидентот во Бањска го погаѓа целиот регион, но безбедносните служби будно ја следат ситуацијата, собираат информации и вршат редовни анализи, изјави министерот за внатрешни работи на Северна Македонија Оливер Спасовски за белградска „Политика“. Верува дека Европската Унија и САД ќе застанат на патот на црните сценарија, јави дописникот на МИА од Белград.
