Author: Blerina Tahiri
Секоја година, во овој период, очите на светот се вперени кон најголемиот собир, на кој политичките лидери на нациите ги изложуваат своите визии за иднината. Оваа година фокусот врз сите нас е можеби поголем од кога било претходно, а причината е во поразителниот факт дека најмал заеднички именител на емоционалната состојба на човештвото денес е ‒ стравот. Стравот од војни, од глад и сиромаштија, од пандемии, од еколошки катаклизми, страв за иднината на нашите најблиски. Ноторен факт е дека меѓународниот поредок е темелно разнишан на повеќе точки во светот.
Министерството за здравство информира дека има набавено за 50 отсто поголема количина вакцини против сезонски грип. Вакцинацијата, како што најавуваат, ќе почне кон средината на октомври.
Минатото е работа на историчарите кои ги респектираат фактите, истакнала министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која денеска се обратила на меѓународниот научен симпозиум по повод 75 години од основањето на Институтот за национална историја во Македонската академија на науките и уметностите.
Министерот за правда Кренар Лога присуствувал на последниот состанок на работната група која го подготвува новиот закон за конфискација на имот во граѓанска постапка. Предлагач на законот е Министерството за правда, а со работната група претседава вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска.
Американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер изјави дека САД очекуваат и Косово и Србија да ги спроведат сите обврски преземени со Охридскиот договор, и дека САД нема да дозволат нова „Република Српска“ во Косово, пренесуваат косовските медиуми. Албанскиот премиер Еди Рама и украинскиот претседател Володимир Зеленски потпишаа заедничка изјава за безусловна поддршка на Украина, пишуваат албанските медиуми.
Втора година по ред, во услови на брутална и геноцидна руска воена агресија против независна, демократска и мирољубива Украина, се одбележува Меѓународниот ден на мирот. Темата на Обединетите Нации оваа година е „Акции за мир: Нашите амбиции за #ГлобалнитеЦели“, всушност, не ја отсликува мрачната реалност што на светот му ја наметна Кремљ.
Македонскиот главен град Скопје денеска беше прогласен за Европска престолнина на културата за 2028 година на церемонија во Домот на европската историја во Брисел.
Во своето обраќање пред делегатите на Генералното собрание на ОН, украинскиот претседател Володимир Зеленски како перманентна закана за светскиот мир ја посочи Русија која секоја деценија започнува нова војна.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска преку Фејсбук објава му се обрати на поранешниот претседател на партијата и екс премиер Никола Груевски, порачувајќи му дека нема намера со јавни преписки да биде дел од сценарио за создавање раздор во корист на оваа власт.
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска го прими, министерот за надворешна трговија, атрактивност и француска дијаспора на Франција, Оливие Бешт, кој е во посета на Северна Македонија.
Во јули 2023 година јавниот долг на Србија изнесуваше 33,2 милијарди евра, а надворешниот долг кој се состои од долгот во девизи и на државниот и на приватниот сектор е 43,6 милијарди евра, објави порталот Данас.
Денеска Албанија претседава со отворената дебата на високо ниво на Советот за безбедност во Обединетите нации, а албанскиот премиер Рама ќе ја води дебатата, пишуваат албанските медиуми. Косовската претседателка, Вјоса Османи, која престојува во Њујорк каде се одржува 78-та сесија на Собранието на Обединетите нации, учествуваше на ручек организиран од високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедност г. Жозеп Борел, на која средба побара забрзување на евроинтегративниот процес за земјите од Западен Балкан. Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла, ја коментираше изјавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ пред неколку дена дека наскоро ќе го посети…