Author: Blerina Tahiri
Денеска, на Меѓународниот ден на демократијата, се фокусираме на ЕУ интеграцијата, на итноста земјите од Западен Балкан да се стават на брзиот пат кон ЕУ. Во изминатите две децении се соочивме со многу искушенија кои ја нарушија довербата на дел од јавноста дека европската агенда еден ден ќе стане реалност. Но, најтемниот час е пред зори, а сепак ЕУ и понатаму останува наша стратешка цел, рече министерот за финансии Фатмир Бесими во воведното обраќање на Скопскиот економски и финансиски форум.
Како никогаш досега Европа е свртена кон и посветена на државите од Западен Балкан. За релативно кратко време земјите од регионот имаат можност да ги интензивираат институционалните и структурните реформи, како и да ја зајакнат конкурентноста на глобалниот пазар, да ги искористат придобивките на дигитализацијата, технолошкиот и зелениот развој, како идни земји членки на Европската Унија. Членството во ЕУ зависи и од ентузијазмот во Унијата за проширување и продлабочување на европските интеграции, но и од напорите на државите-кандидати да ги исполнат потребните високи критериуми и стандарди, преку почитување на фундаменталните европски вредности. Овој процес е од заемна корист и за…
Организација за образование, наука и култура на Обединетите Нации – УНЕСКО одлучи да не ја вклучи Венеција и нејзината лагуна на листата загрозени места на светското наследство – спротивно на очекуваното.
Сите корисници на ученичка стипендија кои правото го оствариле во некоја од изминатите учебни години, а кои ги исполнуваат договорните услови за негово продолжување, заклучно со 30 септември потребно е преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk да достават потврда за редовен ученик во учебната 2023-2024 година и свидетелство од претходната учебна година.
Стотици луѓе, вклучително и работниците во ноќната смена и нивни поддржувачи, се собраа во фабриката на Форд во Вејн, Мичиген, додека членовите на синдикатот на Обединетите авто работници (UAW) ја напуштија работата за да почнат историски штрајк.
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе расправа за Предлог – одлука за основање на анкетна комисија за случајот Онкологија по информациите за злоупотреби со биолошката терапија за онколошките пациенти на ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија за што веќе има отворено истрага. Формирањето на анкетната комисија е со потписи на 20 пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ која минатата недела достави барање со Предлог – одлука за основање на комисијата до претседателот на Собранието Талат Џафери.
Истражувањето на НАСА за стотици забележани НЛО откри дека нема докази дека вонземјаните стојат зад необјаснетите феномени, но вселенската агенција исто така не можеше да ја исклучи таа можност.
Третиот Скопски економски и финансиски форум (СЕФФ) почнува денеска, а темата е „Европа – ДА, Европа – СЕГА“. Форумот ќе го отворат премиерот Димитар Ковачевски, министерот за финансии Фатмир Бесими и еврокомесарот за буџет Јоханес Хан.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе се сретне со технолошкиот милијардер Илон Маск за време на посетата на САД следната недела, пренесе ДПА.
Технолошката компанија со седиште во САД Гугл се договори за 93 милиони долари со американската сојузна држава Калифорнија, решавајќи ги наводите дека компанијата користела податоци за локацијата без согласност, прекршувајќи ги законите за заштита на потрошувачите во Калифорнија.
– Католичката црква во Швајцарија денеска ги претстави резултатите и фактите од пилот студијата за историјата на сексуалната злоупотреба во Католичката црква во Швајцарија од средината на 20 век.
Група од над 3.500 израелски академици, писатели, уметници, поранешни дипломати и други јавни личности ги повикаа американскиот претседател Џо Бајден и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш да избегнат средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на претстојната седница на Генералното собрание во Њујорк, поради, како што велат, контроверзната политика на неговата влада.
