Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан: Северна Македонија е на одличен пат кон ЕУ, партиските интереси да се стават на страна, политичките сили да работат заедно на конечната цел

0
By Blerina Tahiri on September 15, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 15, 2023 12:15

Северна Македонија денес е на одличен пат кон ЕУ. Но, би сакал да пренесам порака до сите политички сили во земјата – соработувајте. Ова е тимска задача, треба да играте како национален фудбалски тим, а не како шампионат на поединци. Треба заедно да работите, инаку нема да бидете успешни, порача денеска еврокомесарот за буџет Јоханес Хан.

Во воведното обраќање на Скопскиот економски и финансиски форум (СЕФФ), Хан изрази уверување дека Северна Македонија ќе стане можеби 28-та членка на ЕУ. Тој повтори дека евроинтеграцијата и натаму останува процес базиран на заслуги.

Хан рече и дека не треба да се носат избрзани законски решенија, како и дека владеењето на правото мора да се почитува.

-Можам само да потврдам дека овој процес останува процес базиран на заслуги. Не е дека чекаме најслабите или најуназадените кандидати да го фатат чекорот со останатите. Не. Ако сте ги оствариле нештата кои треба да ги остварите, заслугата ќе ви биде дадена. Јас ќе останам ваш постојан бранител и промотор, ќе правам се што е потребно во иднина. Важно е главните политички сили да работат заедно на конечната цел на Северна Македонија. Ова е нешто што морате да го ставите настрана – партиските, политичките интереси. Ова можете да го разговарате за многу различни прашања, но ова е национално прашање, ова е главното прашање во кое мора да ги вложите сите ваши заложби, сите сили во Собранието за да ги постигнете вашите цели. Ако тоа го постигнете, можете навреме да го постигнете тоа што е потребно, потенцира Хан.

Од членството во ЕУ, дополни, придобивки ќе имаат сите, и економски и општествени.

-Треба да сфатиме сите дека мора да им служиме на граѓаните, тие имаат право на тоа. Мислам дека на крај ќе бидеме успешни, можеби побрзо отколку што очекуваат многу луѓе. Ајде да го зграпчиме моментот и да работиме заедно. Јас сум уверен дека на крај, Северна Македонија ќе стане можеби 28-та членка на ЕУ. Знам дека добри ви оди, дека добро се одвива скринигнот, но би сакал да пренесам порака до сите политички сили во земјата – соработувајте, ова е тимска задача, треба да играте како национален фудбалски тим, а не како шампионат на поединци. Заедно да работите е потребно, инаку нема да бидете успешни, подвлече еврокомесарот.

Според него, обединувањето на Европа ќе се комплетира само кога сите земји од европскиот континент ќе станат членки на ЕУ.

-Вие сте дел од континентот, сте и теба да станете полноправен член на европското семејство. Токму тоа се обидуваме да го постигнеме што е можно побрзо. Нешто мора да се стори за ова да се постигне. Сакам да ве уверам дека во ЕУ сега имаме нова динамика која беше поттиканта од агресивната руска војна во Украина. Мора да се обидиниме како семејство, а вие сте дел од тоа семејство. Мора јасно да посочиме дека без силна Европа ситуацијата во светот ќе биде сосема поинаква, а вие сте и во иднина ќе бидете уште поголемо средство кое ќе помогне и сте важен дел од европското семејство. Затоа, ќе сториме се што можеме да го забрзаме процесот, но двајца се потребни за да се одигра одредена игра, за да стигнеме таму каде што сакаме, рече Хан.

И ЕУ треба, додаде, да си ја заврши домашната задача во своите земји кои уште не се таму каде што сакаат да бидат.

-Но, важно е да се разбере дека ЕУ е придржување до заедничките вредности, интереси, перспективи и разбирање за тоа како ги гледаме поединците. Затоа, владеењето на правото не е наша опсесија, туку предуслов. Аспектите поврзани со владеењето на правото треба да се спроведат. Потребно е да се подобри ситуацијата во однос на правосудниот систем, во однос на различните закони и кодекси. Важно е се тоа да се изврши врз основа на широки дискусии каде сите ќе имаат прилика да учествуваат. Нема причина да се брза со донесување одлуки или да се забрузваат процедурите, важно е да се вклучат сите делови од општеството. Демократијата не е лесна, некогаш претставува товар, секако е фино побрзо да се донесуваат одлуки, но најважно е сите да бидат согласни со тоа. Ако слушнам дека повеќе од 75 отсто од луѓето тука се за Европа, тоа е значајно за сите вас за да имате политичка одговорност, за да се искористи оваа силна поддршка како вистинска сила за спроведување одредени мерки согласно нашите европски намери, истакна Хан.

Тој рече и дека нема да зборува за бројки зашто сосема го поддржува она што претходно го кажаа премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими околу економските бенефити од членството на земјата во ЕУ. Хан во овој контекст уште еднаш потсети дека ЕУ не е банкомат, туку нешто повеќе од тоа, алудирајќи на заедничките вредности.

-Околу 70 – 75 отсто од инвестициите се од Европа, извоз, увоз. Затоа е важно да се комплетираат сите заложби. И во минатото дадовме многу предлози како Стратегијата за Западен Балкан во 2018 година, идеи за натамошен развој. За време на мојот мандат како комесар за проширување се чувствував осамено, без поголема поддршка за проширувањето. Затоа морам да кажам „благодарам Владимир Путин“, оваа ситуација е промента зашто се промени геополитичката ситуација. Сега јасно се наоѓаме во натпрееварот меѓу два типа на општествени концепти, едниот е капитализам и диктаторство, а другиот социјална економија и демократија. Европа не е само за економија и бројки, туку и за вредности. Европа почна како економска заедница, но со право се претвори во ЕУ – тоа е политички проект базиран на заеднички вредности, цели и разбирање за тоа како треба да се гледа човекот како поединец – да има можност да гласа, да избере. Мислам дека е важно ова да се сфати, ЕУ не е банкомат, туку нешто повеќе од тоа, тоа се заедничките вредности, порача Хан.

Пред него се обратија премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими.

обраќање СЕФФ Хан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.