Author: Blerina Tahiri
По веста за смртта на адвокатот Ендрју Стронг, бранител на поранешниот претседател на Собранието, Кадри Весели, судот на чело со Чарлс Смит одлучи да ги откаже сите седници закажани за годинава за најголемиот случај на Специјалниот суд. Република Косово и Европската унија го потпишаа договорот за учество на Косово во програмата на ЕУ „Граѓаните, еднаквоста, правата и вредностите“. Вкупниот буџет на оваа програма за периодот 2021-2027 година изнесува 1,56 милијарди евра. Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес. КОСОВО РТВ 21: Поради смртта на адвокатот на…
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека е обврска на сите политички партии да учествуваат во влада која треба на техничко ниво да ги спроведе изборите, посочувајќи дека сите партии согласно законот треба да ги делегираат своите претставници во техничката влада која што ќе работи 100 дена. -Техничката влада е законска обврска, исто како што е за мене законска обврска на 100 дена пред влада да поднесам оставка со што целата влада е практично во оставка. Обврска е на сите политички партии да учествуваат во влада која што треба на техничко ниво да ги спроведе изборите. Со тоа ќе имаме демократски процес…
РИБАРО Цело време сум: сакам-нејќам. Се фемкам, со сакам предвремени, не сакам предвремени; прифаќам Пржинска влада, не прифаќам; сакам ЕУ, бегам од ЕУ… Комуњариве сè ми осуетија. Мислам дека и народот ме сети што мустра сум. Останува уште да ми го плеснат тоа на избори и да ме спасат, констатирал Мицкоски пред своите блиски соработници, дознава АХА од извори на белата палата. – Е сеа, ќе ми треба да си го зададам последниот удар. Откако на лидерската средба договоривме датуми за избори, прифатив техничка влада, сега уште да се испишманам и да не учествуваме во техничката влада. Што мислите вие,…
Девизните резерви на крајот на ноември годинава изнесувале 3.963,7 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 43 милиони евра, соопшти Народна банка.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со регионалната директорка на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа, Клер Харасти ја отворија конференцијата „ Управување со недостатокот на работна сила во Западен Балкан“ во организација на Меѓународната организација на трудот и ОБСЕ. „Недостигот на работна сила е предизвик на модерното време и се должи на повеќе фактори, како што се демографските транзиции, воведувањето нови технологии, како и работните услови. Сведоци сме дека во сѐ повеќе земји, особено во Европа, работодавачите пријавуваат проблеми со наоѓање и задржување на работната сила“ рече Тренчевска. Таа истакна дека нашата држава…
Американската полиција уапси повеќе од 50 луѓе во Вашингтон кои се собраа да го повикаат раководството на САД да се залага за траен мир на Блискиот Исток. Активистите на американската кампања за палестинските права, потоа на еврејскиот глас за мир, како и други собрани на овој протест, носеа маици со слоганот „Инвестирајте во животот“ и побараа Конгресот да го отфрли предлогот на американскиот претседател Џо Бајден за нова финансиска помош за Израел. Тие побараа од американската влада да ги пренасочи средствата кон домашните приоритети наместо да го вооружува Израел. -Полицијата насилно ги прекина демонстрациите одржани во канцеларијата на американскиот Сенат…
ЗОРАН ИВАНОВ За ден, два Брисел ќе реши дали Албанија без нас ќе ги почне конкретните преговори со ЕУ и дали со констатацијата на шпанското претседателство Македонија ќе биде оставена зад аут линијата на ЕУ по што, ако се случи второво, што пак е мошне извесно, припадниците на нотарската пратеничка ВМРО-ДПМНЕ група во македонското собрание, а очигледно согласно токму нотарската лојалност повторно со надеж секој од нив да биде на добитната партиска изборна листа за претстојните мајски парламентарни, му се подместија на своето партиско раководство и, со тој чин, наместо да вбризгаат нужна европска реформска енергија, перспективно земјава ја оставаат…
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, се обрати на Пленарната сесија на Конференцијата на земјите потписнички (CoSP), главното тело за креирање политики на Конвенцијата на Обединетите Нации за заштита од корупција (UNCAC), која се одржува во Атланта, САД. „Корупцијата не е проблем само на одредени земји, туку глобален проблем кој ја загрозува стабилноста, безбедноста и економскиот развој, ја поткопува довербата во институциите, го намалува квалитетот на јавните услуги, ги крши човековите права и го поттикнува организираниот криминал, тероризмот и незаконските финансиски текови“, истакна вицепремиерката Грковска во своето обраќање. Таа посочи дека во справувањето…
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ги повика сите заинтересирани македонски толкувачи да се пријават и со тоа да придонесат кон професионално толкување и промоција на македонскиот јазик низ институциите на Европскта Унија.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел оцени дека ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофална, апокалиптична“ и дека уништувањето е сразмерно „уште поголемо“ од она во Германија за време на Втората светска војна. „Уништувањето на зградите во Газа е пропорционално повеќе или помалку поголемо од уништувањето што го претрпеа германските градови за време на Втората светска војна“, рече Борел. Борел по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ рече дека последицата од воениот одговор на Израел на нападите на Хамас на 7 октомври е „неверојатен број цивилни жртви“. Министерството за здравство во Појасот Газа синоќа…
Доналд Трамп ја задржува својата доминантна позиција во трката за републиканска претседателска номинација за изборите во 2024 година, привлекувајќи поддршка од повеќе од половина од гласачите на партијата, според анкетата на Ројтерс/Ипсос спроведена вчера, пренесе БТА.
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски оствари билатерална средба со Јоанис Ксифарас, кој ја предводеше грчката делегација во име на Министерството за инфраструктура и транспорт на Република Грција. Тие на средбата ја потврдија добрата соработка помеѓу Северна Македонија и Грција и разговараа во однос на заедничките заложби за европска интеграција на регионот. Министерот Бочварски ја потенцираше важноста на зголемување на соработката во делот на железничкиот сообраќај и поврзувањето на Битола со Месонисон, во Грција. Исто така двајцата разговараа за отворање на зелени коридори на граничнитепремини, како и можноста за интероперабилност на патарините. „Разговаравме и разменивме искуства за процесите на…
