Author: Blerina Tahiri

На вчерашната седница Владата, на предлог на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, ја усвои новата Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија, со Акциски план 2023-2026 година.

Read More

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2024 година, откако вчера заврши општиот претрес. По завршување на амандманската расправа, Предлог-буџетот треба да се најде на усвојување на пленарна седница. Согласно утврдените рокови, Буџетот за наредната година треба да биде усвоен во Собранието најдоцна до 31 декември. Предлог-буџетот за следната година тежи 5,5 милијарди евра. Владата го карактеризира како развоен и одржлив Буџет кој ги има сите карактеристики за истовремено да го поддржи развојот, но и да ја обезбеди фискалната одржливост. Со него, според Владата, се гарантира редовна исплата на платите, пензиите…

Read More

Хамас во рамки на долгорочните планови да го измамат Израел за неговите функционери да мислат дека терористичката организација не сака конфликт, обезбедува разузнавачки информации за уште една таква организација, палестинскиот Исламски џихад, пишува Вашингтон пост. Во извештајот, кој се повикува на неименуван израелски безбедносен функционер, се вели дека Хамас ги дава информациите за помала екстремистичка организација во Појасот Газа „за да го зајакне впечатокот дека е заинтересиран за соработка“. Таа, наводно, соработувала за време на конфликтот меѓу палестинскиот исламски џихад и израелската армија во мај. Хамас, кој владее со Појасот Газа, не се мешаше во конфликтот, а резултатот беше зголемена…

Read More

Пукањето во училиште во рускиот град Брајанск во близина на границата со Украина денеска заврши со две жртви, јавија руските медиуми, повикувајќи се на регионалната администрација на Министерството за внатрешни работи.

Read More

Имајќи ја предвид нашата посветеност и напорите да станеме полноправна членка на ЕУ, очекувам на Европскиот совет идната недела да добиеме препорака да продолжиме со втората Меѓувладина конференција, порача денеска вицепремиерот за европски прашање Бојан Маричиќ пред почетокот на билатералниот состанок со ЕК по „Поглавјето 31 – Заедничка надворешна и безбедносна политика“ од Кластерот 6, со чие затворање земјава го завршува скрининг процес со Унијата.   – Со ова, секој следен чекор во процесот на пристапување на нашата земја во Европската Унија, како и динамиката на преговори, ќе зависи само од нас, од донесување на уставните измени. Се наоѓаме на…

Read More

Запленети биле 50.600 евра коишто патник на влез во државата на царинската испостава Аеродром Скопје, не ги пријавил кај царинските службеници. – Патникот кој патувал од Истанбул, на влез се определил да помине на зелен канал каде што поминуваат лица кои немаат ништо за пријавување. Царинските службеници го селектирале за преглед, при што во личниот багаж му биле пронајдени девизни средства во износ од 60.600 евра, појаснуваат од Кабинетот на директорот на Царинската управа. Согласно Законот за девизно работење, на патникот му биле вратени 10 илјади евра, а останатите со судска пресуда се одземени од лицето.

Read More

Четворица од обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се членови на иста партија. Сите се сликаат и колнат под знамето на Вергина. И една од жртвите, Жежовски, е член на истата партија, која во еден миг се претвора во дружина која треба да заработува преку уцени на богати скопски семејства, претворајќи се во одвратни џелати. Сега сме во фаза на „хемиско чистење“, кога политичарите, а и новинарите ќе се обидуваат да го симнат од себе минатото поврзано со некогаш моќниот Љупчо Палевски. Пишува: ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Дали се сеќавате на оној говор со кој експремиерот Заев се прости од…

Read More

Постапката за екстрадација на Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски започна вчера, откако Министерството за правда побара од надлежните турски власти тој да биде задржан во притвор сѐ до завршување на постапката. Тој во вторникот беше уапсен во Турција, а останатите четворица осомничени, кои претходно беа приведени, веќе се во 30 дневен притвор. Во 48-часовен притвор е и возачот кој се сомничи дека му помогнал на Палевски да пребегне во Турција, а вчера на распит во полициска станица беше и адвокатот Васко Стојков, со кого Палевски замина во Белград. Малолетната Вања и велешанецот…

Read More

Во организација на бриселската тинк-тенк организација „Пријатели на Европа“ денеска во Брисел ќе се одржи собир насловен „Самит ЕУ-Западен Балкан“, во чии рамки на панелот „Проширувањето на ЕУ: Новата геополитичка неопходност” ќе се обрати и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Read More

По пукањето во кампусот на Универзитетот во Невада, во Лас Вегас, три лица се убиени, а едно е рането, додека напаѓачот е убиен од полицијата, јави Си-Ен-Ен. – Повреденото лице, кое било во критична состојба, е згрижено во болницата Санрајс и сега е во стабилна состојба, изјави шерифот на полицијата во Лас Вегас, Кевин Мекмахил. Во истата болница биле згрижени уште три лица за кои не е наведено како се повредени. Шерифот додал дека полицијата го знае името на напаѓачот, кое нема да го објави додека не биде известено неговото семејство, но полициски извор за Си-Ен-Ен изјавил дека станува збор…

Read More