Author: Борјан Јовановски

Иво Вајгл зборува за денот и ноќта во Скопје кога ЕУ и САД се обидуваа да ги натераат политичките лидери на компромис за изборите во што не успеаа и заминаа разочарани од недостигот на подготвеност за соработка.
Вајгл предупредува дека ова е сериозна и можеби последна шанса за Македонија за доближување до ЕУ.

Read More

Иво Вајгл зборува за денот и ноќта во Скопје кога ЕУ и САД се обидуваа да ги натераат политичките лидери на компромис за изборите во што не успеаа и заминаа разочарани од недостигот на подготвеност за соработка.
Вајгл предупредува дека ова е сериозна и можеби последна шанса за Македонија за доближување до ЕУ.

Read More

Некои може да тврдат дека можно е да се најде пократок пат за да се прочисти Избирачкиот список на време, но скратените патишта не се одговор кога станува збор за основното демократско право – правото на глас

Read More

Поранешниот јавен обвинител Јован Трпеновски и професорот Гордан Калајџиев за НОВА ги анализираат актуелните кривични пријави поднесени против лица вработени во кацеларијата на Специјалниот јавен обвинител. “Тешко е да се претпостави дека постои основа за овие кривични пријави”, велат Трпеновски и Калајџиев во дебатата со Борјан Јовановски.

Read More

Претседателот на Синдикатот на македонската дипломатија, Сашко Тодоровски за НОВА ги образложува причините за протестот на македонските дипломати. Синдикатот бара да се престане со непрофесионалните активности во функција на интересите на владејачката партија

Read More

Наташа Срдоч од Јадранскиот институт во Вашингтон кој го промовираше извештајот за црните пари извлечени од Балканот во интервју за НОВА зборува за тоа како е утврдено дека 5,3 милијарди долари ја напуштиле Македонија нелегално како и за тоа како тие пари да се вратат дома

Read More

Пратеничката Пенова, сопругата на пратеникот Спасеновски и водителот Неделковски се само дел од имињата блиски на власта кои добивале државно земјиште за користење и земјоделски субвеции. Миленко Неделковски на површина од 25 фудбалски игралишта чува 130 кози, вели во интервју за НОВА , заменикот минстер за земјоделство – Љупчо Николовски

Read More

Постои загриженост тука во Атина дека некои фактори во пресрет на самитот на НАТО закажан за јули, во Берлин ќе извршат притисок за изнаоѓање на брзо интегрирање на вашата земја во НАТО. Доколку не биде постигнат прогрес до тогаш, тоа нема да биде во интерес на официјална Атина, вели во интервју за НОВА, новинарката Агелики Спану

Read More

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов во студио на НОВА зборува за прашањата околу еврообврзницата и задолжувањето како и неговите ингеренции во Министерството

Read More

Во ТВ дебата во студиотот на ЕП, Борјан Јовановски и Ирена Драгичевиќ од Н1 ТВ разговараа со европските пратеници за наодите на последниот извептајот за напредокот на земјите од Балканот. Гости се европратениците Иво Вајгел, Алојз Петерле и Тонино Пицула како и аналитичарката Корина Стратулат.

Read More

Така овој бриселски кварт во кој живеаат 97.000 луѓе од најразлични етнички и верски потекла како да станува симбол на тероризмот кој иронично се споредува со парискиот Монмартр кој во почетокот на 20 век беше симбол на современата уметност

Read More

Обвинителството уште во 2007 година ги доби првите документи за сомнителните трансакции во Телеком. Од тогаш молк и во Владата и во Обвинителството. Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл и Симон Груевски поранешен член на бордот на Телеком, одговараат на овие прашања

Read More