Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Борјан Јовановски
Во интервју за НОВА Златко Ориѓански зборува за неговата одлука да му подари песна на претседателскиот кандидат Пендаровски, за кризата на идентитетот и влијанието на политиката врз културата и уметноста
Аналитичарот Арсим Зеколи во интервју за НОВА го коментира судирот на Тачи со струшкиот огранок на ДПА и влијанието на кампањата на ДУИ за претседателските избори
Игнорирањето на таканаречените „небезбедни“ медиуми и нивните читатели и гледачи е само израз на несигурност и уште полошо, кршење на фундаменталните принципи на демократијата вградени во нашиот Устав од кој произлегува и мандатот на кој претендира самиот Иванов
Македонија мора што поскоро да го реши проблемот со името и да ја напушти „антиквизацијата“, вели за НОВА, Љубчо Георгиевски. За избор на претседател тој би се определил за Кекеновски но не и за Иванов, кој како што вели, потекнува од најгркоманското село во Македонија
Државниот завод за ревизија со години укажува на бројни неправилности во менаџирањето на парите на граѓаните од страна на државните институции. Зошто нема одговорност по наодите на ревизорите? НОВА интервју со помошникот директор на државната ревизија Максим Ацевски
Ермира Мехмети, пратеничка на ДУИ во интервју за НОВА ја коментира одлуката за кандидатурата на Иванов како и можноста за предвремени парламентарни избори
Кој и зошто се плаши да зборува за корупцијата? Извршниот директор на невладината МЦМС, Александар Кржаловски и новинарот Сашо Ордановски одговараат на овие прашања
Интервју со Фросина Ременски, потпретседател на СДСМ: За скандалот на Факултетот за безбедност со опремување на лабаратории, за борбата против корупција и заштита на дојавувачите на корупција и криминал, популарно наречени свиркачи
Интервју со Дејвид Ливингстон од Европскиот совет за надворешни работи. Тој зборува за причините на кризата и можниот излез. „Реално оваа криза врие од есента 2010 година. Јанукович можеби беше избран на фер избори, но кога доби поголема моќ со Уставот во октомври 2010, ја употреби моќта да се збогати тој и неговите пријатели, и проблемот беше на повидок уште од тогаш“
Што е јавна, а што класифицирана информација? Како функционира Закoнот за право за пристап до информации од јавен каректер? Гости на Борјан Јовановски се Сабина Факиќ и Данче Даниловска
Протестите во Босна и Херцеговина стануваат се помасовни и се шират во сите градови. Сиромаштијата ја обедини БиХ, вели во Скајп-интервју за НОВА босанскиот режисер Дино Мустафиќ. Мустафиќ во интервјуто ги објаснува причините за овие масовни протести во Босна
Како се одлеваат македонски пари на овие дестинации и кои се инвеститорите од овие егзотични места во Македонија? Петар Гошев поранешен гувернер на НБМ и новинарката Ида Протугер ги коментираат информациите на НОВА за тоа кои Македонци отвораат фирми и сметки во даночните раеви