Author: Gabi Tocko

Европските производители на лекови предупредија дека предложената целосна забрана за употреба на PFAS или „вечните хемикалии“, ќе го оневозможи производството на лекови во Европа. Во февруари ЕУ почна да размислува за забрана на овие широко користени, но потенцијално штетни хемикалии. Шестмесечните консултации завршија во понеделникот, при што Европската агенција за хемикалии (ECHA) регистрираше 5.600 коментари, пишува Ројтерс.

Read More

Првата Британска бизнис асоцијација (ББА) во државава, организација чија цел е унапредување на трговските врски со Обединетото Кралство, застапување на интересите на британските компании во земјава и останати компании кои имаат британски бизнис интереси, денеска беше промовирана во Амбасадата на Велика Британија во Скопје. Основачи на Асоцијацијата се компаниите Џонсон Мети и Сопро и рудникот САСА. -Северна Македонија е најголемиот трговски партнер на Обединетото Кралство во Западен Балкан. Го цениме ова партнерство и ќе продолжиме да ја надградуваме оваа успешна приказна и да ги зајакнуваме нашите трговски врски. Како силен партнер и близок пријател заинтересирани сме и подготвени да бидеме…

Read More

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски го потпиша Указот со кој на водечкиот македонски новинар Џабир Дерала му се доделува државната награда Орден за заслуги, објави украинската амбасадорка во Скопје, Лариса Дир на платформата Х.

Read More

„СДСМ и ДУИ се коалициски партнери, но нема никаква оска со Груевски. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ сака да покрие, прикрие или забошоти внатрешен судир меѓу Груевски и Мицкоски нема да им помогне фрлајќи етикета на владината коалиција дека припаѓаме во некаква оска. Оската била Мицкоски-Груевски и таа оска пука бидејќи не може да си ги заштитат сопствените интереси“, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „360 степени“.

Read More

На 21 и 22 септември 2023 година, повеќе медиуми во земјава со речиси идентични текстови објавија дезинформација дека во Њујорк, за време на одржувањето на Генералното собрание на ООН, Зеленски и Украина биле пречекани со дигитален билборд на кој наместо „Слава на Украина“ пишувало „Слава на Урина“, објави ИМА.

Read More

Со последните измени на кривичниот законик, Никола Груевски нема да се врати во Македонија, тврди претседателот на државата, Стево Пендаровски во интервју за Гласот на Америка на македонски, прашан по измените на Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за делото злупотреба на функција.

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање на годишната сесија на Генералното собрание на ОН истакна дека „20. век не научи да не користиме оружје за масовно уништување, а исто така да промовираме нуклеарно разоружување“. Но, како што додаде, Русија се уште има нуклеарни ресурси и „нема право“ да го чува нуклеарното оружје.

Read More

Европската Унија мора радикално да го промени својот систем на одлучување и финансирање, така што 27-члениот блок ќе биде подготвен да се прошири со нови земји до 2030 година, се наведува во експертската анализа нарачана од владите на Франција и на Германија, пренесува Ројтерс.

Read More

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека започна операција во регионот Нагорно-Карабах, кој е под контрола на Ерменија. Ова е регион кој долги години е предмет на спор и конфликт, пренесува АП.

Read More

Првиот вицепремиер Артан Груби, во изјава за порталот Zoom.mk вели дека точно е тоа дека актуелната опозицијата барала од Пендаровски амнестија за поранешнот премиер Никола Груевски.

Read More